АНКЕТИ
однесување среќа меморија зошто интелигенција стравот меморијата предизвикува влијаат прави влијае успех соништа нивните вашата музика мажите емоции чекори против терапија среќата љубов работа сексот жените менува мозокот врска психологија депресија мисли мозок карактер стрес луѓето совети депресијата стресот живот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЕФЕКТОТ ЛУЦИФЕР |
|
|
|
| Вторник, 09 Ноември 2010 20:09 |
|
Сметате дека сте добар човек, се ужаснувате од насилството и мислите дека никогаш не би биле способни да направите некое страшно злосторство врз други луѓе? Размислете уште еднаш.
Во август 1971 година социјалниот психолог Филип Зимбардо изведе озлогласен експеримент на Стенфорд Универзитетот, од чии што резултати и ден денес луѓето ги подлазуваат морници заради она што го откриваат за темната страна на човековата природа. Во книгата "Ефектот Луцифер: Како добрите луѓе стануваат лоши" (според која во 2001 година е снимен германскиот филм "Das Experiment"), Зимбардо се присетува на затворскиот експеримент во Стeнфорд до најситни и најживописни детали. Гледаме како фини луѓе од средната класа се претвораат во садисти; експериментот е прерано прекинат заради неговата разурнувачка моќ. Овие настани го обликуваа остатокот на кариерата на Зимбардо, фокусирајќи го на природата на злото, вклучувајќи насилство, измачување и тероризам. Во 2004 година тој беше сослушан како сведок експерт на одбраната на еден маршал по повод настаните во Абу Граиб. Во оваа нова книга Зимбардо детално ги анализира настаните во Абу Граиб, користејќи ги истражувањата од областа на социјалната психологија, војните истражни извештаи, своите сопствени интервјуа и стотици фотографии кои никогаш не беа објавени во пошироката јавност. Како и рускиот поет Александар Солжењицин, бивш затвореник во гулагот на Сталин, тој аргументира дека "Линијата помеѓу доброто и злото се наоѓа во центарот на секое човечко срце." Во продолжение следат неговите размислувања на оваа тема.
СТРАШНИТЕ ЗЛОСТАВУВАЊА ВО АБУ ГРАИБ
Причината што бев шокиран но не и изненаден од фотографиите и приказните за злоставување на затворениците во Абу Граиб беше тоа што, три децении порано, бев сведок на изненадувачки слични сцени во пројект со кој јас управував: Голи, оковани затвореници со вреќи преку главите, чувари кои се качуваат на грбот на затворениците додека прават склекови, чувари кои сексуално ги понижуваат затворениците, и затвореници кои страдаат од екстремен стрес. Некои прикази од мојот експеримент практично можат да се заменат со оние од Ирак.
АНОНИМНОСТ И ДЕИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА
Кога сите членови на групата се во деиндивидуализирана состојба, се менува функционирањето на нивната психа: живеат во проширен – сегашен момент кој ги прави минатото и иднината далечни и небитни. Чувствата преовладуваат над разумот, а делувањето доминира со размислувањето. Вообичаените когнитивни и мотивациони процеси кои го прават однесувањето социјално прифатливо повеќе не владеат со луѓето. Станува толку лесно да се војува како и да се води љубов, без притоа да се размислува за последиците.
Дехуманизацијата на затворениците се случи врз основа на нивните обични броеви, присилната голотија и едноообразниот изглед, како и од неспособноста на стражарите да го разберат нивниот јазик. Еден припадник на ноќната смена, Кен Дејвис, подоцна извести како дехуманизацијата навлезе во нивниот начин на размислување: "Веднаш штом ќе пристигнеа затворениците, истиот момент им беа ставани вреќи за песок на главите. Ги врзуваа со лисици; фрлаа на земја; некои ги соблекуваа. Ни беше речено на сите дека тие не се ништо друго освен кучиња...Почнувате да гледате на овие луѓе како на нешто помалку човечко, и почнувате да им правите работи кои никогаш не би можеле ни да ги замислите."
ЗОШТО СЕ БИТНИ СИТУАЦИИТЕ
Слични Статии: |















