RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
РОМАНТИЧНИ КАВАЛЕРИ
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
ПОЗИТИВНА ПРОЦЕНКА ЗА СРЕЌА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ПОЗИТИВНО ПРОТИВ БОЛКА
Четврток, 03 Март 2011
Слика
БЛИСКИ, А СТРАНЦИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ДЛАБИНСКА ПСИХОЛОГИЈА
Вторник, 29 Јануари 2013
Слика
ДА СЕ ВЕРУВА ИЛИ НЕ?
Четврток, 30 Декември 2010

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВО PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 15117 пати
Вторник, 16 Август 2011 16:25

Опсесивно-компулсивните нарушувања се генетски, но главната причина поради која се појавуваат се трауматските доживувања.

човек со опсесивно-компулсивно растројство
Во споредба со повеќето ментални нарушувања, опсесивно-компулсивните нарушувања не секогаш се појавуваат како резултат на гените или пак поради нарушената рамнотежа на серотонинот – најчесто се појавуваат поради трауми.

Дефиниција

Опсесивно-компулсивното нарушување (Obsessive Compulsive Disorder (OCD)), според MayoClinic.com, е нарушување при кое личноста има нерационални стравови наречени опсесии кои ја предизвикуваат личноста да повторува одредени однесувања кои се наречени комплусивни однесувања. Вавквите акции го попречуваат животот на личноста и нивната способност да функционираат нормално и да живеат квалитетно.

миење раце

Видови на опсесии и компулсивни однесувања

Едно лице кое страда од опсесивно-компулсивно нарушување е опседнато од следниве неколку работи:

- бактерии и зарази
- повреда врз другите луѓе
- ред и перфекција
- сексуални мисли
- хиперактивност

моливи на маса

Најчести компулсивни однесувања се следниве:

- постојано миење на рацете
- броење (на пример плочки на подот кои мораат да имаат цел број)
- прегледување (на пример, постојано прегледување дали вратите во куќата се затворени)
- постојано повторување на одредени активности (миење на раце и сл.)
- средување или организирање на работите на одреден начин (по азбучен ред)

опсесивно чистење

Причини за појава на опсесивно-компулсивно нарушување

Иако се смета дека гените се виновни за појавата на опсесивно-компулсивното нарушување, најверојатната причина е всушност доживување на некоја траума. Луѓето кои силно реагираат на стрес имаат зголемен ризик за здобивање со ваква болест, според MayoClinic.com. На пример, едно лице кое за малку ќе се разболело од смртна болест, сигурно претрпило голема траума од самата помисла дека може да се разболи, па со текот на времето почнува постојано да ги мие рацете за да спречи појавување на било каква друга инфекција. Најчесто ги мијат рацете пред да јадат или да фатат некој предмет, избегнуваат било каков допир со други луѓе и ги мијат рацете ако се фатат за рачката на вратата затоа што сметаат дека има премногу бактерии и шири зарази.

лекување со апчиња

Лекување и прогноза

Опсесивно-компулсивното нарушување се лекува со психотерапија и примање на лекарства (антидепресиви), но може да трае со години затоа што опсесиите тешко се оттргнуваат од мозокот и потребно е подолго време за да се формираат нови мисли и опсесии. Иако и самата терапија со разговор е доволна, некои доктори преферираат електро-конвулзивна терапија врз оние кои не покажуваат подобрувања за време на сеансите. При оваа хирушка интервенција, мозокот прима електро шокови со помош на електроди кои се прикачени на двете страни на главата и се’ со цел да се зголемат нападите во мозокот кои ослободуваат невротрансмитери.
Луѓето со опсесивно-компулсивно нарушување го разбираат сопственото нерационално однесување, но се чувствуваат сигурни кога го прават тоа. Без разлика на тоа, тие продолжуваат да живеат во страв.

броење скалила

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #3 шокиран!небитен 17-02-2015 01:43
значи #шокиран, ти си ги миеш рацете заради лична хигиена, океј е сето тоа. Но OCD МОРААТ да се измијат 5 пати со ред раце, 10 пати дневно, 20,30,50 не знам колку. ФИКСНО 5 пати дневно, бидејќи чувствуаат дека доколку не се измијат точно 5 пати, дека ќе им се случи нешто лошо на најсаканите ( смрт на сестрата или слично), а тоа е она од што најмногу се плашат. Тоа со електрошоковите го имаше на шоу од Др. Фил ( американецот ), но не знам каде би можело да се направи таква интервенција. Доколку погорниот коментар знае, би сакал да те замолам да ми кажеш...
Цитирај
 
 
+4 #2 RE: ОПСЕСИВНО-КОМПУЛСИВНО РАСТРОЈСТВООКП 13-05-2013 20:22
Шокиран,знаеш ли воопшто какво е чувстувото и што значи да имаш ОКП дали имаш претстава како е да се мачиш по цел божји ден да отргнеш некоја глупа мисла од главата и колку и да се трудиш и да сакаш едноставно неможеш,а што е најтрагично е шо една таква мисла те прави толку мизерен,толку одвратен во твојата глава што дури почнуваш и да мразиш себеси,а зошто?!Затоа што ти паднало на памет некоја мисла која не е на место и ти чувстуваш толкава грижа на совеста како да си го сторил тоа,а не само да си го помислил и второ друго е да се миеш раце за хигиена,а друго е да идеш на чешмата и да неможеш да се оттргнеш од неа без да се измиеш точно 5 или нз колку пати ти паднало на умот дека треба да се мијат рацете за да не и се случи нешто лошо на некоја твоја драга особа или на тебе самиот,а ако не го направиш тоа се чувстуваш како најодвратниот човек на светот.Јас лично имам ОКП и имам земано терапија за тоа така да информирај се прво како што треба па после зборувај.
Цитирај
 
 
-2 #1 Шокираноблом 23-01-2012 01:01
Ел. Шокови ради опсесија?!(WTF)Со тоа што ја сметам статијава за тотално не корисна во смисла неконкретна (за не упатени) површна и небитна во споредба со други (според тежина) болести како политика и трупање на мат. добра а притоа газење по лешеви би можеле да приберете попатолошки примери на ОКР без банални споредби миење раце по 100 пати и малку подолу читам Електро-шокови ви ист контекст -ПА јас лично ги мијам рацете по 200X дневно во зависност од условите и местоположбата како на пр. градски или меѓуградски превоз со тоа се вметнувам и јас во ОКР-групата се со цел да не морам да примам медикаметозна терапија (синопен)со што сум во дисфункционално -вегетативно стање ради нехигиена односно бактерии на кој сум алергичен во последниве 2год. но тоа не значи дека го оправдувам ова растроство него барам подлабоки и суштински престави за како што реков ова растројство...
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.