АНКЕТИ
емоции жените психологија нивните мозокот чекори љубов влијаат стресот меморијата влијае работа успех среќа среќата живот стравот депресија вашата интелигенција мажите менува предизвикува терапија карактер совети однесување депресијата мисли против музика врска стрес мозок меморија зошто луѓето прави соништа сексот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА |
|
|
|
| Сабота, 20 Ноември 2010 20:23 |
|
Постојат голем број разни заболувања, девијации и пореметувања во психијатријата. Еве кои се издвоени како најинтересни и најчудни од психијатриската практика:
1. Синдром на "вонземјанска" рака (Др. Стрејнџлав синдром)
Синромот на "вонземјанска рака" е невролошко пореметување во кое едната рака на пациентот како да добива свој живот, независно од неговата волја. Понекогаш личноста која страда од овој синдром може да не биде свесна за тоа што прави "отуѓената" рака, се додека не и се обрне внимание. "Вонземјанската рака" е способна дури да извршува и сложени дејствија како што се откопчување или одстранување на облека.
2. Синдром на странски акцент Овој синдром ги тера луѓето да го говорат својот сопствен јазик со странски акцент; на пример Американец зборува англиски со Француски акцент. Ова пореметување се јавува како последица на тешка мозочна повреда, на пример инфаркт.
3. Капграс синдром Капграс синдромот е ретко пореметување при кое пациентот има илузорна претстава дека некоја негова позната личност, обично близок член на семејството или брачен другар, е заменет со натрапник кој изгледа идентично.
4. Страв од бројот 13 (Трискаидекафобија)
Адолф Хитлер беше трискаидекафобичен. Посебен страв од Петок 13-ти се нарекува параскевадекатриафобија или фригатрискаидекафобија. Тетрафобија е страв од бројот 4 (широко распространет во Кина, Јапонија и Кореја).
5. Преинтензивно вежбање (Бигорексија)
Бигорексија или мускулна дисморфија е пореметување при кое пациентот станува опседнат дека не е доволно мускулест. Понекогаш познат под името бигорексија, или обратна анорексија нервоза, ова е многу специфичен случај на телесно дисморфично пореметување (ТДП) . Мускулната дисморфија може да ги наведе луѓето да: - Постојано се гледаат во огледало. - Се растажат доколку пропуштат еден тренинг во теретана. - Земаат потенцијално опасни дроги (стероиди). - Ги запостават семејството, работата и врските поради вежбање.
6. Опсесивно собирање книги (Библиоманија)
Библиоманијата е опсесивно-компулсивно пореметување на собирање книги до тој степен што пациентот веќе си ги нарушил здравјето и социјалните односи. Купување на неколку примероци од истата книга и собирање книги вон разумните граници и можности се чести симптоми на библиоманија.
7. Синдром на експлозија во главата
Оние кои страдаат од овој синдром велат дека повремено слушаат исклучително силен звук во вид на експлозија или рикање кој како да доаѓа од внатрешноста на нивната глава. Ова обично се случува час-два откако ќе заспијат, но не е последица на сонот.
8. Трихотиломанија
Трихотиломанија е пореметување на контролата на импулсите, и се манифестира со непрекината потреба да се скубат влакна од косата, трепките, брадата, носот, веѓите, пубичните влакна, како и сите други влакнести места на телото. Трихотиломанијата може делумно да се поврзе и со опсесивно-компулсивно пореметување, со кое споделува сличности, но и разлики.
9. Страв од мажи (Андрофобија) Андрофобијата е абнормален и постојан страв од мажите. Оние кои страдаат од ова пореметување се чувствуваат анксиозно дури и кога се свесни дека не им се заканува никаква опасност. Андрофобијата е една од бескрајнo можните фобии, и може да се јави како последица од одреден настан, обично трауматично доживување во детството.
10. Глумење болест за да се привлече внимание (Минхаузен синдром)
Кај Минхаузен синдромот, страдалникот се преправа, претерува, или си предизвикува симптоми на одредена болест со цел да добие внимание, симпатија и утеха од страна на медицинскиот персонал. Улогата на "пациент" е позната и пријатна, и ги задоволува психолошките потреби на луѓето со Минхаузенов синдром.
Слични Статии: |













Коментари
RSS feed за коментарите на оваа статија