АНКЕТИ
менува зошто депресија мисли сексот прави среќа жените против психологија чекори меморијата стравот однесување успех емоции врска стресот соништа влијае интелигенција работа вашата мажите музика мозок мозокот депресијата живот меморија љубов карактер луѓето нивните предизвикува терапија среќата стрес влијаат совети
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| НАДМИНЕТЕ ГО СТРАВОТ ОД ЈАВЕН НАСТАП |
|
|
|
| Четврток, 13 Октомври 2011 20:48 |
|
Стравот од јавен настап претставува една од честите фобии...
Може да се движи од мала нероза до парализирачки страв и паника. Многу луѓе кои имаат страв од јавен настап истиот го избегнуваат. Или, кога е неопходно да настапат, тоа го прават со тресење на рацете и глас кој што трепери. Но, со подготовка и упорност, ќе можете да го надминете Вашиот страв. Следните чекори би можеле да Ви помогнат:
Запознајте ја добро темата за која ќе зборувате Колку подобро го разбирате она што ќе го зборувате толку помалку веројатно ќе биде да направите грешка и да излезете од колосек. Дури и ако се "загубите" при разговорот, доброто познавање на темата ќе Ве врати на правиот пат. Размислете на прашањата кои што би можеле да Ви бидат поставени од страна на публиката и однапред подгответе се за одговорите. Организирајте се Информацијата која што сакате да ја презентирате подгответе ја однапред, вклучувајќи ги и сите аудио-визуелни помагала кои што ќе ги користите. Колку што сте повеќе организирани, толку помалку ќе бидете нервозни. На мала картичка, запишете ги главните теми за да не се изгубите при зборувањето.
Вежбајте и само вежбајте Вежбајте ја презентацијата неколку пати. Презентирајте ја пред неколку луѓе пред кои се чувствувате комфорно. Замолете ги да ви кажат што мислат за презентирањето. Исто така, презентацијата можете да ја снимите со видео камера и потоа да ја погледате снимката и да ги забележите оние моменти каде што би можеле да се подобрите во настапот. Практикувајте длабоко дишење Длабокото дишење може многу да Ве смири. Земете два или повеќе длабоки и спори вдишувања и издишувања пред да отидете на подиумот. Истото ова направете го и за време на говорот.
Фокусирајте се на материјалот кој што го презентирате, а не на публиката Луѓето од публиката во голем процент го насочуваат своето внимание кон информацијата која што ја презентирате, а не кон тоа како се снаоѓате при презентирањето. Тие дури нема ни да ги забележат Вашите грешки или нервозата. Ако публиката забележи дека сте нервозни или дека малку скршнувате од она што го презентирате, сигурно нема да ви суди за истото. Тие навиваат за Вас и сакаат Вашата презентација да биде успешна. Не се плашете од моментот на тишина Ако се изгубите во тоа што го кажувате, започнувате да станувате нервозни или мозокот ви се блокира, може да Ви изгледа како цела вечност дека сте престанале да зборувате. Но, во реалноста, тоа се само неколку секунди. Дури и ако паузата трае подолго од неколку секунди, тоа нема да и смета на публиката. Во тоа време, публиката ќе го обработува тоа што до тој момент сте го кажале. Таа пазуа може да биде добра за земање на неколку длабоки вдишувања и издишувања.
Препознајте го успехот По Вашиот говор или презентација, "чукнете се по грб". Можеби самата презентација не била совршена, но Вие сте повеќе критички настроени кон себе си отколку што е случајот со публиката. Секој прави грешки при говор или презентација. Вратете се кон грешките кои што сте ги направиле и сметајте ги како можност за унапредување на Вашите презентациски вештини. Побарајте поддршка Приклучете се кон некоја група која што пружа поддршка на луѓето кои што имаат потешкотии со јавните настапи. Ако не можете да го надминете стравот кога вежбате сами, Вашиот доктор може да Ви препише лек за смирување кој што ќе го земете пред јавниот настап. На пример, бета блокерите (кои што се користат за третман на високиот крвен притисок и одредени срцеви заболувања) се докажани дека помагаат. Некои бета блокери се поефективни од други. Ако докторот Ви препише некој лек, пробајте го да видите како ќе Ви влијае и дали ќе Ви помогне пред воопшто да се појавите на јавниот настап.
Друг пристап, кој што може да Ви помогне е да побарате совет од психолог кој што ќе Ви помогне да дојдете до разрешување на Вашиот страв при јавните настапи. Нервозата и анксиозноста во некои ситуации се нормална работа. Јавното говорење не е исклучок. Позната како анксиозност при настап, другите примери вклучуваат страв од сцена и блокада на умот. Сепак, луѓето кои што имаат силно изразена анксиозност при настап, би можеле да страдаат од социјална фобија. Социјалната фобија побарува третман со лекарства, психотерапија или пак комбинација од двете.
Слични Статии: |













