АНКЕТИ
мозокот менува сексот стравот меморија мажите стресот однесување чекори интелигенција соништа депресијата музика врска прави среќа совети психологија луѓето вашата зошто мозок живот мисли терапија работа меморијата среќата успех емоции влијае предизвикува жените карактер против нивните љубов влијаат стрес депресија
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЕВРОПЈАНИТЕ СЕ СПОБОЛЕА ОД КРИЗАТА |
|
|
|
| Петок, 23 Декември 2011 20:24 |
|
Европјаните се зафатени како од чума со ментални болести.
Речиси 40% од популацијата или околу 165 милиони жители на Европската Унија имаат некакво ментално или невролошко нарушување при што предничат депресијата, анксиозноста, инсомнијата и деменцијата. Само околу третина добиваат терапија што навистина им е адекватна за болеста од која страдаат. Менталните заболувања Европската Унија ја чинат стотици милиони евра и се огромен товар во оваа финансиска криза, особено заради фактот што заболените неможат да ги извршуваат своите работни задачи како што треба а и нивните лични релации страдаат.
Една нова студија за оваа состојба тврди дека менталните заболувања веќе станале најголем предизвик за Европската Унија во 21 век. Во исто време, некои големи фармацевтски компании се воздржуваат од инвестиции во истражувања за тоа како работи мозокот и влијае на однесувањето, што ја префрла одговорноста на владите и здравствените добротворни организации да го превземат тој дел од финансирањето во невронауките.
„Овој огромен јаз во третирањето на менталните болести мора да се затвори" - изјави Ханс Улрих Витхен, директор на Институтот за клиничка психологија и психотерапија во Универзитетот Дрезден, Германија и водечки истражувач во споменатата студија. „Оние малкумина кои добиваат терапија, го добиваат тоа обично со задоцнување од неколку години и тоа не со онаа најмодерната и најсоодветна за нив." Витхен водеше тригодишна студија која опфати 30 земји од Европа при што 27 членки на унијата плус Швајцарија, Норвешка и Исланд. Севкупно со популација од 514 милиони жители.
Заради разликата во методологијата директна споредба за преваленцијата на менталните болести не беше можна. Витхеновиот тим разгледувал околу 100 болести кои ги опфаќаат сите големи мозочните нарушувања од анксиозност и депресија до зависност и шизофренија, како и големи невролошки нарушувања вклучувајќи епилепсија, паркинсонова болест и мултиплекс склероза. Резултатите, објавени од страна на Европската академија на Невропсихофармакологија (ENCP) покажуваат "премногу тежок товар" кој го предизвикуваат нарушувањата во менталното здравје и мозочните болести.
Менталните болести се меѓу водечките причини за смрт, инвалидност и економскиот товар во светот и СЗО предвидува дека до 2020 година, депресијата ќе биде втора водечка болест која ќе придонесува кон овој товар. Според Витхен, оваа мрачна иднина дошла малку порано, па болестите на мозокот се главен придонесувач кон товарот во ЕУ веќе сега. Четирите најсериозни болести според оваа студија се: депресијата, деменцијата, алкохолизмот и мозочните удари.
Последната голема студија која беше направена во врска со оваа проблематика беше во 2005 година но на помала популација од 301 милион луѓе и 27 земји. Резултатите тогаш покажаа дека 27% од возрасната популација во ЕУ страда од некакво ментално нарушување. Иако двете студии неможе да се споредуваат адекватно, заради неколку причини, сепак еден параметар може да се проценува. Во студијата од 2005 година финансискиот трошок кој бил утврден како товар заради овие нарушувања бил околу 386 милиони евра. Витхен вели дека сега оваа бројка станала многу поголема.
„Со оглед дека менталните болести обично се јавуваат релативно рано во животот тие имаат малиген ефект врз понатамошниот развој на индивидуата. Само ако се почне рано и со вистинска терапија може да се избегнат негативните ефекти и по индивидуата во нејзиниот подоцнежен живот и по финансиите" – вели Витхен, а со него се сложуваат и експертите од неврофармаколошкиот институт од Лондон. Слични Статии: |














