АНКЕТИ
против соништа интелигенција среќата мажите влијае стрес терапија емоции врска луѓето вашата меморија мисли мозокот однесување успех прави љубов среќа депресија зошто живот работа меморијата карактер депресијата стравот музика чекори влијаат сексот стресот нивните предизвикува психологија совети жените менува мозок
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПСЕВДОЦИЕЗА - ХИСТЕРИЧНА БРЕМЕНОСТ |
|
|
|
| Понеделник, 26 Декември 2011 14:41 |
|
Понекогаш природата креира симптоми блиски или речиси идентични со оние на бременоста кај жените предизвикувајќи состојба на лажна бременост.
Стручниот термин за оваа состојба е псевдоциеза, а кај психолозите и психијатрите е позната и под терминот „хистерична бременост". Присутни се многу од знаците и симптомите на бременост и речиси се укажува на тоа со исклучок на присуството на фетус. Симптомите на ова психичко нарушување се слични на симптомите на вистинската бременост и често пати е тешко да се постави диференцијална дијагноза се до моментот на конечно утврдување на присуство, односно отсуство на фетус.
Оваа состојба и не е толку ретка како што може на прв поглед да се помисли, а не е карактеристична само за жените туку се јавува и кај женките на некои други видови цицачи, особено кај кучињата и глувците.
Засега нема универзална теорија за тоа што ја предизвикува оваа состојба. Една од теориите тврди дека причината за лажната бременост е емоционалниот конфликт кој се одвива кај жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем до таа мера што таа ќе покаже речиси јасна симптоматологија на бременост.
Статистички најчесто ваквата појава е забележана кај жени во нивните триесетти и четириесетти години од животот. Воглавно, се работи за мажени жени со голема желба да забременат. Во ваквите ситуации се претпоставува дека фактор е разочарувањето што не забременуваат кое има силна емоционална поддршка на потсвесно ниво да резултира во реална промена на ендокрината слика придружено со екстерна манифестација на симптоми на бременост.
Според едно друго гледиште жените кои очајно сакаат да останат бремени, може да ги интерпретираат промените на своето тело како знаци за бременост. Ова обично се случува ако жената била веќе еднаш бремена но го изгубила плодот со спонтан абортус. Има и погледи според кои депресивната состојба на жената е главниот причинител. Самата депресија може да направи хемиски промени во нервниот систем кои може да ги поттикнат симптомите на псевдоциезата.
Една работа што е заедничка за сите случаи на лажна бременост е менталната состојба кај жените со вакви симптоми. Таа секогаш е со длабок емоционален конфликт, разочарување или депресивна конотација. Карактеристично е што во сите случаи жените имаат многу силно верување дека навистина се бремени.
Иако екстерните симптоми може да залажат, оваа состојба всушност многу лесно се дијагностицира, со обичен клинички тест за бременост или ултразвук на пример. Но, без оглед како ќе се дијагностицира, јасно е дека клучот лежи во психолошкиот фактори и потребен е соодветен психолошки третман и терапија, иако во многу случаи жените добиваат медикаменти за симптомите. Како и за голем број други состојби, потребна е пред се поддршка и разбирање од најблиските.
Слични Статии: |















