АНКЕТИ
менува меморијата влијаат музика предизвикува депресијата мисли психологија депресија чекори мозок терапија среќата мажите љубов вашата работа врска сексот влијае луѓето карактер среќа интелигенција мозокот меморија успех зошто стравот соништа емоции нивните стресот совети жените прави против живот стрес однесување
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КАКО БАКТЕРИИТЕ ВЛИЈААТ НА НАШИТЕ МИСЛИ |
|
|
|
| Понеделник, 09 Јануари 2012 14:09 |
|
Во деновите по нашето раѓање, различни заедници на бактерии се населуваат во стомакот на човекот и го колонизираат. Оваа цревна микрофлора воспоставува виртуелен орган и влијае врз многу функции во телото.
Помеѓу другото, тие помагаат во внесувањето и метаболизмот на хранливите состојки, ја модулираат воспалителната реакција на инфекција и го штитат телото од други, штетни микроорганизми. Едно ново истражување на Мекалистер Универзитетот во Хамилтон, Онтарио покажува дека бактериите во стомакот може да влијаат и врз однесувањето и когнитивните процеси, како што е меморијата, со влијаење врз генетската активност во периодот на развој на мозокот.
Џејн Фостер и колегите ги споредувале однесувањата на глувци кои биле исчистени од бактерии, не ги содржеле во стомакот, со глувци кои биле нормални, односно ги имале колониите што стандардно се развиваат во стомакот. Набљудувањата ги вршеле на т.н. издигнат плус лавиринт кој служи за одредување на анксиозно однесување. Овој лавиринт е подигнат од подлогата, отворен, и се состои од два отворени и два затворени изданоци.
Во вообичаен случај, глувците ги одбегнуваат отворените изданоци со намера да го минимизираат ризикот да бидат видени од евентуални грабливци, а поминуваат далеку подолго време во деловите кои се затворени. Токму ова и се случувало кога научниците ставиле нормални глувци во плус-лавиринтот. Но, кога ставиле „исчистени" глувци, односно животни без бактерии во стомакот, тие се однесувале поинаку. Многу повеќе време поминувале во отворените делови, љубопитно истражувајќи ги, отколку што останувале во затворените.
Она што следувало било испитување на нивните мозоци, при што истражувачите пронашле дека овие разлики во однесувањата се придружени од промени во експресијата на неколку гени кај глувците без бактерии. Невротропниот фактор добиен од мозокот (BNDF) бил значително покачен, а рецепторот 5HT1A за серотонинскиот субтип бил намален во назабениот гирус на хипокампусот. Генот кој ја регулира подединицата NR2B на NMDA рецепторот исто така бил намален во амигдалата.
Да објасниме сега кое што е, со претходна напомена дека сите овие три гени досега се утврдило дека се вмешани во регулацијата на емоциите и анксиозното однесување. Невротропниот фактор, BNDF, е фактор на растење и е есенцијален за соодветен развој на мозокот. Едно неодамнешно истражување покажа дека бришењето на рецепторот со кој се врзува (TrkB), го менува начинот на кој новородените неврони се интегрираат во хипокампусот и го зголемува анксиозното однесување кај глувците. Серотонинските рецептори кои се распоредени низ целиот мозок, добро е познато дека се вклучени во детерминирање на расположението, а состојките кои го активираат 5HT1A субтипот на серотонински рецептори, исто така предизвикуваат анксиозно однесување.
Утврдувањето дека подединицата NR2B на NMDA рецепторот била намалена во амигдалата е особено интересно. NMDA рецепторите се состојат од повеќе подединици, но оние кои се состојат исклучиво од NR2B подединиците, познато е дека се критични за развојот и функционирањето на амигдалата, која има добро позната улога кај стравот и други емоции, но и кај учењето и меморијата. Лекарствата кои ги блокираат овие рецептори се покажало дека блокираат создавање на страшни спомени и ја намалуваат анскиозноста, особено асоцирана при откажување од алкохол.
Од друга страна, идејата за „муабет" меѓу мозокот и стомакот не е нова. На пример, синдромот на нервозно дебело црево, се поврзува со психијатриски болести,а исто така вклучува промени во составот на бактериската популација во стомакот. Но, она што е значајно во оваа студија е дека за прв пат недвосмислено, отсуството на бактерии во стомакот се поврзува со промени во однесувањето. Бактериите го колонизираат стомакот уште во деновите по раѓањето, во периоди кога развојот на мозокот е многу осетлив и очигледно влијаат врз однесувањето преку модулација на експресијата на некои гени.
Како точно го прават тоа, сеуште не е доволно јасно, но се претпоставува дека го прават преку автономната гранка на периферниот нервен систем, кој ги контролира функциите на варење, дишење и отчукувањата на срцето. Подоброто разбирање на овој „муабет" што го прават мозокот и стомакот ќе доведе до примена на нови пристапи за справување со психијатриски симптоми кои понекогаш ги пратат гастроинтестинални нарушувања како што е синдромот на нервозно дебело црево, а може да се покаже и дека стомачните бактерии влијаат врз функциите и на созреан мозок.
Слични Статии: |
















