АНКЕТИ
предизвикува стрес среќа среќата вашата меморија работа совети жените против нивните карактер влијае љубов стравот меморијата мисли менува живот чекори луѓето терапија однесување стресот влијаат мозокот мозок депресијата емоции зошто сексот прави музика соништа психологија успех депресија врска интелигенција мажите
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| РОМАНТИЧНИ КАВАЛЕРИ |
|
|
|
| Вторник, 21 Декември 2010 20:00 |
|
Што е тоа во врска со романсата што ги прави мажите да бидат поуслужни, дури и кавалери?
Додека мечтае за својата сакана мажот замислува дека е витез во сјаен оклоп кој треба да ја спаси принцезата од невоља. Во реалноста тој можеби само ја придржува вратата или ја плаќа сметката во ресторанот, но чувството останува исто. Во нов експеримент објавен во "Psychological Reports" Љубомир Лами и колегите од Универзитетот во Јужна Бретања го испитуваа ефектот на љубовта врз услужното однесување кај мажите и жените на бучна шопинг улица во Франција.
Ќе ми дадете ли некој денар?
Во експериментот на Лами и неговата екипа, истражувачите испратија соучесници, од кои половината беа млади мажи, а другата половина млади жени, да им се доближуваат на случајните минувачи. Тие замолуваа секого да им одговори на неколку прашања за едно или две (измислени) списанија: 1. "Љубов и чувства" – Во оваа ситуација испитаниците беа замолени да се присетат на "љубовна епизода" и емоциите поврзани со неа. 2. "Дваесет и први Век" – Тука испитаниците беа прашани која песна или музичко дело многу им значи. По ова, "анкетарите" им се заблагодарија на луѓето и продолжија надолу по улицата. Не измина долго, а на анкетираните луѓе им се доближуваше некој друг кој ги замолуваше да му дадат некој денар за автобуска карта. Иако на луѓето им се чинеше дека ова беа две неповрзани случки, и ова беше дел од истиот експеримент.
Витез во сјаен оклоп
Истражувачите открија дека кај мажите кои беа замолени да се присетат на "љубовна епизода" поголема беше веројатноста дека ќе дадат пари за автобуска карта на жена која ги замолила. Само 13% од мажите дале пари по прашањето за музика, додека 38% од оние кои беа запрашани за љубовта уделија помош. Изгледа дека размислувањето за љубовта ги прави мажите повеликодушни од жените. Размислувањето на љубовна тематика имаше мало влијание врз однесувањето на жените, и тоа дали ќе помогнат некому. Тие беа повеликодушни од мажите кога размислуваа за музика (23% дале пари) и само малку подарежливи кога размислуваа за љубов (27% уделиле парична помош).
Лами и неговите колеги го објаснуваат ова преку половите стереотипи прифатени од мажите и жените. Количеството на помош кое мажите и жените ќе го пружат зависи од тоа како тие се доживуваат себеси во општеството. Мажите општо земено сакаат да бидат кавалери кон жените – да ја спасат принцезата во невоља – и ова станува особено потенцирано кога ќе бидат поттикнати да размислуваат за нешто романтично. Исто така не штети тоа што тие се наоѓаат на улица, со подобра можност да им покажат на останатите какви кавалери се. Сепак, не беше забележан таков ефект врз жените. Иако жените стереотипски се погрижливи и со самото тоа поподготвени да им помагаат на другите, особено на пријателите и семејството, Лами и колегите велат дека ова не важи за странци на јавно место. Ова може да објасни зошто размислувањето за љубовта не ја измени драстично помошта која беа подготвени да ја дадат на некое страно лице.
Помогни ми!
Оваа студија се сложува со наодите од претходните истражувања со кои се утврди дека жените почесто бараат помош отколку мажите, и дека поголема е веројатност дека мажите ќе и помогнат на жена отколку на друг маж. Ова посочува на идеја дека половата улога на мажите посебно се истакнува кога размислуваат за љубов. Природно жените веќе го сфаќаат овој принцип, свесно или несвесно. Затоа кога бараат од мажот да им направи некоја голема услуга, обично на барањето му претходи: "Колку многу ме сакаш?"
Слични Статии: |













