RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
МАЖИТЕ И НИВНАТА ОПСЕСИЈА - ГЕЏЕТИ
Понеделник, 14 Ноември 2011
Слика
ХИПНОЗА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ТЕМНА СТРАНА НА САМОКОНТРОЛАТА
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ОБЛЕКАТА ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ
Сабота, 22 Јануари 2011
Слика
НЕГОВИОТ ПОДАРОК И ВИЕ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
КОГА СПИЕТЕ, ВАШИОТ МОЗОК Е БУДЕН
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
РАБОТНИ МЕСТА ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕ
Среда, 12 Октомври 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ PDF Печати Е-пошта
(10 гласови, просечно 4.60 од можни 5)
прочитано 31093 пати
Понеделник, 25 Април 2011 22:28

Дали вие и вашиот партнер уживате во придобивките од интимноста на вашата врска? Или пак, напаѓањето преовладува во вашите расправии?


љубов

Откривањето и разбирањето на начинот на кој невронските шеми потсвесно функционираат ја зголеми свесноста за тоа што ги предизвикува проблемите во врската на двајца партнери, меѓутоа открива и што може да се направи за да се подобри врската.

Искрено, “вистинските” проблеми не се предмет на расправа меѓу партнерите. Иако партнерите знаат што треба да направат за да ја подобрат врската, не преземаат ништо. Токму така. Тие вербално и тактички се противат да го направат тоа што ќе ја подобри врската. Измислуваат изговори и не обрнуваат внимание на проблемите. Зошто?

Еден збор: страв.

Всушност, без разлика дали напаѓате или се браните, вие не сте на “прав” ум. И тоа е заклучокот на проблемот.

Ограничувањето на погледите предизвикува нашата потсвест погрешно да ги перцепира ситуациите кои за нас се непријатни и болни. Ваквите клучни погледи имаат моќ да го оформат нашето однесување (и емоции) само затоа што веруваме во нив.

Нападот не е резултат на некој настан, туку на една перцепција на настаните. Кога станува збор за критика од страна на вашиот партнер, некоја негова навика или само неодговорност може да предизвика огромни проблеми во вашата врска.

потствест

Ограничените погледи предизвикуваат напад

Секако, можете да речете: „Ова не е возможно!“ Вие доволно добро го познавате вашиот партнер и знаете дека тој не е “опасност” за вашиот живот. Ова доаѓа од вашата логика, но, логиката не ги формира однесувањата, туку емоциите го прават тоа.

Како оперативен систем, поствеста не е способна сама по себе да размислува. Ако сметате дека вашиот партнер направил нешто со што ве натерал да мислите дека не ве сака или цени, ова автоматски предизвикува чувства на вознемиреност и страв. И погодете што се случува понатаму?

Токму така, или се борите или бегате – ги предизвикувате мозокот да се бори и да ве спаси.

напад

Пример за моќта на ограниченото размислување

Еве на пример, сакате да поминете забавна ноќ со вашиот партнер. Меѓутоа, вие сметате дека за да уживате во вечерта, треба да се чувствувате добро и во душата (да бидете сакани и ценети). Затоа, го држите партнерот под одредени услови како што се следниве:

- вашиот партнер мора да знае што сакате без да го кажете тоа

- вашиот партнер треба да сака тоа што го сакате вие исто колку вас па дури и повеќе

- вашиот партнер мора да преземе иницијатива за тоа да се случи!

забавна ноќ

Што ги ограничува овие размислувања?

Прво, забележете како овие погледи се меѓусебно поврзани. Без разлика дали се поврзани или не, ограничени се од следниве причини:

- Тие поставуваат услови кои ја ограничуваат вашата шанса за среќа. Со тоа што давате строги параметри, тие ја олеснуваат можноста да добиете што сакате, во случајов, забавна ноќ со партнерот.

- Создаваат страшни слики во вашиот ум. Ако го гледате партнерот како пречка или “закана” за исполнување на вашата цел, почнувате да се фокусирате на обвинување на партнерот.

- Отвораат простор за нови стравови. Кога се појавува стравот од одбивање, напуштање, ве враќа назад низ времето и во себе се чувствувате како исплашено и напуштено дете.

Со ослободувањето на кортизол, хормонот за стрес во крвотокот, ваквите страшни мисли, слики и емоции создаваат физиолошки промени во вашето тело. Веднаш нервозата ја поврзувате со партнерот. Ова значи дека, уште пред да им ја спомнете на вашиот партнер идејата за забавната ноќ, веќе сте го доживеале одбивањето, болката, разочарувањето, и во мозокот и во телото.

И така, тоа што ќе кажете е само веќе едно доживеано чувство дека вашиот партнер ќе ја одбие вашата идеја.

вљубена двојка

Погодете што? Во право бевте!

Вашиот партнер ја даде баш очекуваната реакција. Се разбира, набрзо вашиот разговор преминува во расправија.

А што навистина се случи? Вистинската приказна лежи подлабоко, а не во тоа што го кажавте.

Потсвеста на вашиот партнер ги прима вашите сигнали на одбрана иако вие не сте свесни за тоа. Пред да прозборите, вашиот систем за невербална комуникација, т.е. вашето дишење, ситните мускули на вашето лице, вашите очи, начинот на држење на телото, гласот, сите тие пренесуваат информација дека телото е напнато.

Знаете и што друго се случи? Откако ги прими вашите невербални сигнали, и партнерот се подготви за напад, јасно и гласно. Со други зборови, и пред да сте започнале со разговорот, вашите потсвесни умови се подготвиле за борба!

А ниту вие, ниту вашиот партнер не сакавте да се случи ова!

Има начин да се спречи ова?

Секако, апсолутно.

Смирете ги вашите емоции, и ставете се во положба да ги бирате оптималните емоционални состојби – љубов, среќа, пријателство.

Во меѓувреме, уживајте во времето поминато заедно и видете што ќе се случи!

срце

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.