АНКЕТИ
жените мажите нивните депресијата музика чекори психологија интелигенција живот мозокот мисли терапија зошто луѓето работа среќа меморијата влијае сексот однесување успех против врска прави среќата предизвикува депресија стресот совети меморија емоции стравот менува влијаат вашата љубов стрес соништа мозок карактер
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ВЛАДЕЕНИ ОД СТРАВОТ: ОСНОВНАТА ЧОВЕКОВА СОСТОЈБА |
|
|
|
| Понеделник, 13 Февруари 2012 17:08 |
|
При раѓањето и во првите неколку недели или месеци од животот (ако имаме среќа) се наоѓаме во една состојба на единство на свеста.
Во едно ваква состојба не постои осет за одделеност од светот околу нас. Се чувствуваме опуштено и сигурно во прегратките на светот во кој сме се нашле. Се доживуваме себеси и светот како едно – како делови од една иста целина и затоа всушност се чувствуваме сигурно и заштитено.
Како и да е, порано или подоцна, започнуваме да се доживуваме како одделни од оние околу нас. Соочувањето со животот надвор од единството на свеста е застрашувачка работа. Она што природно произлегува од ова соочување е, стравот. Тој е емоција која е редовен придружник на состојбите на одделеност и оттуѓеност. На некој начин тоа е спротивниот пол на чувството на единство на свеста. Стравот е автоматска состојба на битисување која ја придружува појавата на его-себството па така и примарна човечка состојба која ни се наметнува со доаѓањето на самосвеста. Со други зборови, во оној момент кога ќе се појмиме себеси како „самостојно себство" во свет полн со други сами себства, стравот се вселува и одомаќинува во нашите срца и умови. Оваа мака го мачи секое човечко суштество.
Се разбира некои од нас се поплашливи од другите. Некои го препознаваат како постојан придружник, додека други живеат во негација и постојан пркос па затоа и се несвесни за стравот. Останува фактот дека еднаш кога ќе достигнеме одредено ниво на свест за себеси како сами на патувањето наречено живот, симболично сме ја напуштиле „рајската градина", и мора да ја плаќаме цената на сеприсутната и трајна анксиозност.
Навистина, зарем не е тоа приказната за Адам и Ева во градината? Си живееле во една благословена состојба на невиност, хармонија и меѓусебно единство и единство со својата околина се до денот кога каснале од овошјето од дрвото на доброто и злото (поларноста). Во тој момент, тие се здобиле со свест за поларитетот (добро/лошо, исправно/погрешно, итн.) кој им донел самосвест и страв.
Ова спознание е присутно не само при нашата примална сепарација, туку го среќаваме секој пат кога се осмелуваме да се одвоиме од знајното и познатото. Не прати при секој нов потфат, секој ризик што го превземаме во животот. Само помислата на претходната сепарација може да создаде огромна анксиозност, дури и кога се работи за позитивна промена.
Стравот е моќта зад се за кое сметаме дека е зло; тој е основата на сето зло. Злонамерноста произлегува од недостатокот и лишувањето кои се базираат на плашливоста. Дури и Седумте Смртни Гревови, кои ги набројал папата Грегориј Велики кон крајот на шестиот век, го имаат стравот во својот корен. Сите седум пороци, гордост, завист, мрзеливост, алчност, ненаситност, гнев и страст, вклучуваат страв од недостиг, во основа дека нема да имаме доволно љубов, почит, храна или пак материјални добра. Стравот од неуспех е честопати причина за мрзеливост, борба со индоленцијата или слабата самомотивација.
Дури ни страста не е ништо повеќе од нем обид да се удават сопствените анксиозни мисли и чувства преку телесниот осет. Кога љубовта и посакувањето ќе се контаминираат со страв, ние несакајќи го гушиме и искривуваме текот на пруженото изобилие во нашите животи. Она што произлегува како резултат од тоа се зависноста и негативноста. Пресозданието на себеси од стравот причинува она што го манифестираме да биде помалку привлечно. Во еден момент се наоѓаме себеси како сме создале болна и деструктивна реалност. Наместо да ја препознаеме и играме сопствената улога како што треба, играме во пресозданија кои се базираат на страв и потоа се жалиме влегувајќи во улогата на жртва, „Како може ова мене да ми се случува?".
Кога ќе дозволиме стравот да ни ги диктира мислите и однесувањето, практикуваме еден универзален принцип кој се нарекува „мултипликација преку концентрација" во својата најнегативна форма. Сликовит пример за овој принцип би можела да биде ситуација кога ќе најдеме некоја мала фацијална мана и едноставно неможеме да се оттргнеме од неа. Се грижиме толку многу се додека во нашата свест не стане голема и грда и е причина за патење.
Ова е истото со она што може да се случи кога ќе почнеме да се опседнуваме и да се грижиме околу нешто, затоа што опсесијата и руминацијата се негативни форми на концентрација. Концентрацијата води до засилување. Ако се оди во негативната насока, ќе се најдеме себеси со проблем кој сме го преувеличиле двојно ако не и тројно во однос на во однос на она што бил на почетокот. Овој принцип е применлив подеднакво и на она на кое го насочуваме позитивното внимание. Преку концентрација, ние го ставаме на пиедестал она на кое се фиксираме, без оглед дали се работи за некоја хемиска зависност, работа, социјален статус, итн. Кога нешто командува со нашето целосно внимание, станува предмет на обожување, но е „лажен идол".
Стравот стана виша сила или божество за многумина во денешните општества. Ако замислиме објект на обожување како битие на кое му даваме најмногу време, внимание (посветеност) и власт, тогаш стравот е прв на листата. Многу луѓе ги поминуваат животите целосно фокусирајќи се и живеејќи како реакција на она што ги плаши.
Религиозните фундаменталисти кои најголем дел од времето трошат за предупредувања, повеќе живеат во страв од Сатаната, отколку во проповедање и величење на Господ, се пример за негативно, несвесно обожување. Кога обожувањето ќе го погледнеме преку времето и енергијата кои се вложуваат во него, почнуваме да сфаќаме дека ние несакајќи го обоготворуваме она кое најмногу го мразиме кај стравот.
Другата реалност на стравот се состои во тоа што тој го затвора срцето. Љубовта неможе да цвета онаму каде што владее стравот, едноставно заради тоа што љубовта бара отворено срце. Религиозно формулирано, ако Бог е љубов а стравот неможе да кохабитира со љубовта, тогаш онаму каде што се населил стравот, не е Божјо место.
Негирањето на стравот пак исто така не е одговорот. Неможеме да отвориме поприемчиво срце чисто со инсистирање да биде поинаку. Наместо тоа, мора да научиме како да се отвораме кон нашиот страв и да ги „прифаќаме" нашите стравувања со сомилост. Ова е предуслов за трансформација и еден од нашите најголеми предизвици како луѓе.
Мора да станеме подготвени да ги истражуваме „одвнатре" нештата кои вообичаено не престрашуваат, нештата од кои се плашиме неможат да бидат разрешени од далечина. Спротивно на она што може да мислиме, негирањето не ги отстранува нашите проблеми туку напротив, ги зголемува. А пак вообичаено, кога ќе дојде стравот, негирањето го следи. Она што прави негирањето е одлагање на некој проблем а не и негово разрешување или елиминирање. Избегнувањето едноставно го интензивира она од кое се плашиме, предизвикувајќи амплификација. Проблемот станува се поголем и позамрсен наместо да си оди. Нашиот предизвик е храбро да се соочиме со стравот. Само на овој начин можеме да го намалиме стравот, наместо да го обоготвориме.
Не е случајно што терминот е „намалиме" наместо можеби очекуваниот „уништиме" во однос на стравот. Не е многу веројатно дека ќе оствариме состојба на совршено избегнување на стравот и избегнување на сите препреки кој тој ни ги поставува. Неможеме да очекуваме дека целосно ќе се ослободиме од него. Но, како и да е, може да се преселиме на едно место каде што тој неможе да не следи. Тоа место е СЕГА. Овој момент живеен во целост е ослободен од страв. Тој може само да стои на прагот и да не чека да преминеме преку него или во анксиозноста која ја носи иднината или во мачнината на неуспесите од минатото. Таму, тој владее, и ние сме во неговата милост и немилост. Но, се додека сме укотвени во сегашноста, стравот е немоќен. Слични Статии: |























