АНКЕТИ
влијаат менува депресија психологија живот мозокот влијае однесување мозок вашата депресијата сексот стресот врска луѓето меморијата среќата мисли нивните стрес жените против интелигенција успех совети љубов меморија музика среќа мажите зошто стравот прави емоции терапија работа соништа чекори карактер предизвикува
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЉУБОВ, АХ ЉУБОВ |
|
|
|
| Вторник, 14 Февруари 2012 16:36 |
|
Љубовта е движечка сила на секоја индивидуа, идеал кон кој се стреми секоја личност. Љубовта е чувство што во секое доба на човековиот живот е присутно. Секогаш интригантно, секогаш инспиративно, чувство што ниту еден човек, ниту една единка, не ја остава рамнодушна. Постојат многу теории кои ја објаснуваат љубовта, ја ставаат во дадени и утврдени рамки, многу филозофи се обидуваат да ја дефинираат, но можеби најдобриот опис и класификација на компоненти од кои е составена љубовта ја дава психологот Роберт Стернберг во неговата Триаголна теорија на љубовта.
Теоријата ја објаснува љубовта како композит од три различни компоненти:
Различните видови на љубов можат да се објаснат како различни комбинации на овие три елементи. Темата љубов претставувала предизвик и за македонскиот психолог Златко Паздријан, кој под менторство на проф. д-р. Елена Ачковска Лешковска од институтот за Психологија при универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, ја испитувал врската помеѓу некои од централните личносни особини и чувството на љубов.
Особините од интерес во неговото истражување биле особината екстровертност-интровертност и невротизмот кои се едни од централните димензии на човековата личност.
Екстроверти се оние луѓе кои имаат тенденција да бидат отворени, наметливи и заинтересирани, во постојано барање на возбуда. Интровертите пак, за разлика од нив, имаат тенденција да бидат воздржани, помалку отворени и помалку дружељубиви. Екстровертноста е чин, навика да се добие задоволство од она што е надвор од себе, додека пак интровертноста е состојба или тенденција кон целосно или претежно занимавање и заинтересираност за сопствениот ментален живот.
Според Карл Јунг , интровертноста и екстровертноста се однесуваат на правецот на психичката енергија. Ако психичката енергија на едно лице струи кон надвор, тогаш тоа лице е екстроверт, а доколку психичката енергија струи навнатре, тогаш тоа лице е интроверт. Екстровертите чувствуваат зголемување на психичката енергија при интеракција со голема група луѓе, додека пак, чувствуваат намалување на психичката енергијата кога остануваат сами. Спротивно на тоа, интровертите чувствуваат зголемување на психичката енергија кога се сами, а намалување на истата кога се опкружени со голема група луѓе.
Невротизам е една од основните личносни особини која се манифестира како трајна тенденција да се доживеат негативни емотивни состојби. Поединците кои имаат висок степен на невротизам почесто доживуваат страв, лутина, вина и депресија. Невротизмот е поврзан и со ниска емоционална интелигенција, која вклучува емоционална регулатива и контрола, мотивација и интерперсонални вештини.
Во своето истражување Паздријан се обидел да даде одговор на следните прашања:
Со анализа на добиените резултати Паздријан заклучил дека не постои разлика во застапеноста на компонентите на љубов кај екстровертните и интровертните лица. Ова значи дека темпераментот на луѓето не влијае на развојот на љубовта или пак во начинот на кој таа се доживува и искусува. Нема разлика во однос на страста дали некое лице е интроверт или екстроверт.
Од добиените резултати, исто така, се заклучува дека не постои разлика во застапеноста на компонентите страст и интимност во однос на нивото на невротизам. Ова значи дека лицата со повисок невротизам и оние со понизок невротизам можат да бидат подеднакво страсни и интимни. За разлика од овие две компоненти, постои разлика во застапеноста на посветеноста кај лица со повисок степен на невротизам и оние со понизок степен.
Ова може да се толкува на два начина. Едниот е дека оние кои се со повисоко ниво на невротизам, поради некаков страв и анксиозност (поради осаменост, губење на партнерот, сигурност и сл.) се повеќе посветени од оние лица со понизок невротизам. Аналогно на тоа, може да значи и дека оние лица кои имаат помало ниво на невротизам, токму поради поголемата сталоженост и смиреност, можат да ја развијат посветеноста кон врската, за разлика од оние со повисоко ниво на невротизам.
Но, она што во секој случај го покажува Паздријан со ова истражување е дека сите три компоненти на љубов се застапени и кај лицата со различен степен на екстровертност-интровертност и кај лицата со различно ниво на невротизам. Ова е добар показател дека сепак љубовта е универзална за сите луѓе. Слични Статии: |




















