АНКЕТИ
карактер влијаат однесување мажите емоции против љубов среќа стрес депресија врска музика психологија влијае среќата вашата прави терапија стресот работа нивните успех жените меморија соништа меморијата депресијата предизвикува живот мозок стравот совети чекори сексот мозокот интелигенција мисли зошто менува луѓето
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ГООООЛ! |
|
|
|
| Вторник, 11 Јануари 2011 22:44 |
|
Ако сакате да победи вашиот омилен фудбалски тим, навивајте од се срце – еуфоријата е заразна.
Човековото однесување е заразно. Кога ќе видите како некој се прозева или се смее, за неколку секунди вие несвесно ќе го направите истото. Се испоставува дека ваквото копирање на однесувањето се случува и на фудбалските терени. “Колку поубедливо се прославува успехот со соиграчите, толку е поголема веројатноста дека тој тим ќе победи,” според Др. Герт-Јан Пепинг, спортски научник и професот на Универзитетот во Гронинген. Од еволутивна гледна точка, ова “заразно” однесување лесно се објаснува. Способноста за копирање на одредени однесувања е важно за преживување во социјалните групи. Според Пепинг: “Добар пример е однесувањето на рибите, како харингите или сардините. Само синхронизирајќи се една со друга, односно со изведувањето истоветно однесување, ги зголемуваат шансите за преживување.” Исто така, копирањето на одредено однесување има и друга функција: учење еден од друг. Овие две функции навестуваат дека ние ги пренесуваме индивидуалните и групните цели преку движењето. Исто така и емотивното однесување, како навивањето, може да се толкува на овој начин.
Емоциите често се разбираат и објаснуваат според контекстот на моменталната случка. Како и да е, емоциите можат да влијаат и врз иднината, откри истражувањето на Пепинг. Неговата истражувачка група испитуваше дали начинот на кој фудбалерите го изразуваат своето задоволство при погоден пенал, влијае врз конечниот исход од пенал рулетот. Според Пепинг: “Она што е добро при пенал рулетот е дека индивидуалната цел за успешно изведен пенал директно и служи на групната цел за победа на натпреварот.”
Позитивен став Пепинг и неговата група на истражувачи (Мол, Џордет и Пепинг, 2010) истражуваа голем број на пенал рулети од важни натпревари, но само додека резултатот во рулетот бил сеуште еднаков. По секој шут на голот, кај играчот се проценувал степенот до кој ја изразил својата среќа и гордост после постигнувањето погодок. Ова открива дека играчите кои јасно се изразуваа, на пример со подигнување на рацете во вис, вообичаено припаѓаа на победничкиот тим. “Ваквото ентузијастичко однесување влијаеше врз целиот тим со позитивен став. Исто важно е и дека кај противничкиот тим предизвикува чувство на несигурност.” Овој подоцнежен ефект во истражувањето се покажа откако се откри дека кога некој се радувал со двете раце во вис, било двапати поверојатно дека наредниот противнички играч ќе го промаши пеналот. Она што е важно е дека постигнатиот гол се прославува со луѓето кои сакате да ги “заразите” со вашата еуфорија. Според Пепинг: “Доколку постигнатиот пенал го прославувате соочувајќи се со поддржувачите, тие ќе здиват од ентузијазам. Сето тоа е добро, но не се тие кои треба да играат во тие моменти. Тоа се вашите соиграчи на теренот. Многу е важна заедничката прослава - таа го прави постигнувањето погодок заразно.”
Меѓусебно мотивирање Истиот принцип лесно може да се проектира и надвор од спортските терени, смета Пепинг. Дури и во компанијата, вработените можaт да се мотивираат едни со други преку собирање и заедничка прослава по повод добро завршена работа. Тоа значи дека целиот тим ќе ги споделува чувствата на гордост и доверба, што влијае позитивно врз работните перформанси. Како и да е, според Пепинг, треба да се внимава да не се претерува со чувството на среќа или гордост, бидејќи истото е негативно ако излезе од контекст. Во некои земји луѓето на успехот реагираат на различен начин, некои посмирено, некои побурно. “Во Холандија луѓето како да заборавиле како бурно да реагираат.” Според Пепинг, доколку сакате да ги зголемите шансите за успех, било на спортското игралиште или секојдневниот живот, важно е да “се откочите”. Сосема е природно да бидете расположени како резултат на победа. Исто така истражувачите открија дека кога индивидуалните и групните цели се поклопуваат, се добива многу функционална реакција. Едноставно кажано, повеќе навивање значи повеќе успех.
Слични Статии: |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? |
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови? |
Како еден спортист може да победи во директно соочување со противникот во самиот финиш? |
Кофеинот во комбинација со јаглехидрати може да се користи за да им помогне на спортистите да имаат подобра и ... |
Дали можеме да го проценуваме идниот успех според претходните постигнувања, особено во спортот? |
Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тук ... |
Има моменти кога најужасното однесување, во комбинација со најнеморалните луѓе станува иронија... |
Некои повреди се лесни за објаснување бидејќи може да се јават како резултат на форсирањето во текот на сезон ... |
Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална ... |
Според Американското здружение на психолози, спортската психологија опфаќа широк спектар на теми вклучувај ... |
Според истражувањето на Нортумбрија Универзитетот, измамата на мозокот може да доведе до 5 процентно подобру ... |
Останати Статии
| |












