АНКЕТИ
прави сексот меморија психологија живот мисли мажите зошто менува влијае луѓето предизвикува стресот успех интелигенција влијаат мозок депресија против стравот љубов меморијата музика жените среќата нивните среќа совети вашата емоции карактер однесување мозокот терапија депресијата чекори соништа работа стрес врска
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЖЕЖОК ТРЕНИНГ |
|
|
|
| Четврток, 10 Февруари 2011 23:42 |
|
Затоплувањето е најдобрата работа за спортистите кои се натпреваруваат на ладно време, според нова студија на истражувачите од Универзитетот во Орегон.
Оваа студија, објавена во The Journal of Applied Physiology, ги испитуваше влијанието на прилагодување на топлина врз подобрувањето на атлетските перформанси во топли и студени средини. Истражувачите спроведоа тестови со вежби врз 12 високо тренирани велосипедисти - 10 машки и 2 женски - пред и по 10 дневна програма за аклиматизација на топло. Учесниците поминаа низ психолошки и тестови на перформанса при топли и студени услови. Одделна контролна група од 8 високо тренирани велосипедисти беше третирана со исти тестови и режим на вежби, но во студени услови. Од добиените податоци се заклучи дека изложеноста на топлинска аклиматизација овозможи значајни ергогенични придобивки при ладни услови, покрај очекуваните бенефиции во перформансите при топла средина. Оваа студија е прва која го проценува влијанието на топлинската аклиматизација врз аеробните перформанси во ладни услови.
“Нашите наоди може да имаат значително влијание во натпреварувачкиот свет на спортот,” вели Сантиаго Лоренцо, истражувач кој го изработи овој труд како дел од неговата дизертација на Универзитетот во Орегон. Сега ја комплетира својата пост-докторска обука на Институтот за вежбање и еколошка медицина (на Медицинскиот центар во Универзитетот од Тексас) во болницата во Далас. Истражувањето откри зголемување на перформансите во просек од 7 проценти после изложувањето на топлинска аклиматизација. “Со велосипедски поими, 7 проценти е навистина големо зголемување и може да значи дека велосипедистите може да го користат овој приод за да ги подобрат своите перформанси во студени временски услови,” вели Лоренцо. Сепак, изложеноста на топлина треба да биде дел од нормалниот режим на тренинг на атлетите. Аклиматизацијата на топлина ја подобрува способноста на телото да ја контролира телесната температура, го интензивира потењето и крвотокот, го зголемува и волуменот на крвта што му овозможува на срцето да испумпува повеќе крв во мускулите, органите и кожата.
Друг приод кој ја користи средината за подобрување на перформансите е “живеј високо/тренирај ниско” режимот, што значи престојување на големи височини, а тренирање на ниски. Многу атлети низ светот го користат овој приод. Според Лоренцо, “аклиматизацијата на топлина е попрактична, полесна за употреба и може да придонесе до поробусни психолошки адаптации.” Студијата беше спроведена во лабараторијата за физиологија на животната средина - Евонук во одредот за хуманистичка физиологија на Универзитетот во Орегон. Климатската комора беше наместена на 38 степени Целзиусови (100 Фаренхајтови) за тестирање во топлина и 13 степени Целзиусови (55 Фаренхајтови) за ладни услови со постојана влажност (30 проценти релативна влажност) за тестовните вежби на велосипедистите.
Според Кристофер Минсон, ко-директор на Евонук лабараторијата, раководител на одделот за хуманистичка физиологија на Универзитетот и ко-автор на студијата, истражувачите исто така дојдоа до заклучок дека топлината може да продуцира промени во мускулите кои се вежбаат, вклучувајќи и ензимски промени кои може да ја подобрат вкупната работа на мускулот, но смета дека идните истражувња треба да го испитаат тоа подлабоко. “Следниот чекор е откривање дали топлинската аклиматизација ги подобрува перформансите во компетитивни или реални околности,” вели Минсон. Исто така, тој ги истакнува можните импликации за луѓето со кардиолошки или други ограничувања, како парализа кои не ги дозволуваат целосно кардиоваскуларните придобивки од вежбата. Ако биде додадена топлина, “замисливо е дека ќе добијат поголеми кардиоваскуларни бенефиции од осаменот вежбање во ладна средина. Ова се интересни прашања кои заслужуваат понатамошно истражување.”
Слични Статии: |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? |
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови? |
Како еден спортист може да победи во директно соочување со противникот во самиот финиш? |
Кофеинот во комбинација со јаглехидрати може да се користи за да им помогне на спортистите да имаат подобра и ... |
Дали можеме да го проценуваме идниот успех според претходните постигнувања, особено во спортот? |
Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тук ... |
Има моменти кога најужасното однесување, во комбинација со најнеморалните луѓе станува иронија... |
Некои повреди се лесни за објаснување бидејќи може да се јават како резултат на форсирањето во текот на сезон ... |
Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална ... |
Според Американското здружение на психолози, спортската психологија опфаќа широк спектар на теми вклучувај ... |
Според истражувањето на Нортумбрија Универзитетот, измамата на мозокот може да доведе до 5 процентно подобру ... |
Останати Статии
| |












