АНКЕТИ
емоции психологија меморија зошто терапија среќата против депресијата среќа карактер работа сексот менува соништа чекори живот луѓето стресот депресија мозок успех љубов стравот мажите влијае вашата совети врска меморијата мозокот музика интелигенција жените стрес предизвикува влијаат мисли однесување прави нивните
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПСИХОЛОГИЈА НА ТЕНИСОТ |
|
|
|
| Петок, 25 Март 2011 01:00 |
|
Тениската психологија не е само советување и тактички или психички совети. Таа се базира на општата и спортската психологија, заедно со тениските специфики.
Постојат многу елементи во психологијата на тенисот кои може да се сретнат и во другите спортови. Затоа, ако сакате да бидете врвен тенисер или спортист, еве што треба да научите: 1. Рефокусирајте се Многу тенисери го започнуваат натпреварот со добра концентрација, но истата постепено опаѓа како резултат на надворешните вознемирувачки настани, притисок, емоционални реакции на бројни настани и така натаму. Тенисерот треба да научи како брзо и ефективно да се рефокусира за да биде способен да го одигра мечот најдобро што може. 2. Контролирајте ја возбудата Возбудата на тенисерот може да биде превисока или прениска, а и во двата случаи тој не е способен да одигра најдобро што може. Возбудата влијае врз неговите телесни и умствени способности - тенисерот може да има премногу мускулна тензија и неговите одлуки обично не се тактички интелигентни. Дознавајќи како да ја пронајде “идеалната состојба” е клучот во контролирањето на неговата возбуда и еден од најважните аспекти на психологијата на тенисот.
3. Кои елементи натпреварот може да ги контролирате Тенисерот може да се вознемири (а тоа често се случува) за настан кој тој не може да го контролира или влијае. На пример - бучењето на авионите кои прелетуваат преку теренот, силниот ветер, условите на теренот, среќата на неговиот противник итн. Фокусирајќи се на овие настани тој ја троши енергијата која би можела да се искористи на елементите кои може да ги контролира - неговиот став и напор, како се обидува игра... 4. Позитивно мислење Негативното размислување влијае врз тенисерите многу повеќе отколку што тие се свесни. Влијае врз телесните способности на два начини - кога се свесни за нив (чувствувајќи тензија) и кога се несвесни (експериментот нишалка); згора на тоа евоцира негативни чувства - емоции кои го пореметуваат расудувањето и влијаат врз неговите телесни способности. Со тоа што ќе развие свест за својот начин на размислување, тенисерот ќе може да ги промени своите мисли во позитивни, а со тоа полесно ќе дојде до решение за секој проблем.
5. Моќта на имагинацијата Имагинацијата или визуелизацијата е екстремно корисна во речиси сите аспекти од тенисерската игра. Тенисерот може да ја подобри техниката, стратегијата, физичките способности и психичката состојба за одредени настани. Друга употреба на имагинацијата е кога тенисерот промашува удар и потоа брзо во мозокот гледа како да го удрил топчето правилно. Користењето на имагинацијата е неверојатно ефикасна техника, не само во психологијата на тенисот туку и во секојдневниот живот. 6. Изградете самодоверба Самодовербата е еден од оние елементи каде психологијата на тенисот може да помогне многу брзо и со едноставни алатки. Тенисерот кој нема самодоверба ќе се двоуми за своите одлуки, ќе се плаши да превзема ризици и неговите удари веројатно ќе бидат само блиску до целта. Кога тенисерот ја гради својата самодоверба, способен е да го даде најдоброто од себе и не губи надеж кога се јавува голем предизвик.
7. Без ограничувања Ограничувачките верувања се едни од најлимитирачките и најпроблематичните аспекти од човековата психа. Тие обично се наоѓаат длабоко во потсвеста и понекогаш е тешко да се пронајдат. На пример, ограничувачко верување е кога тенисерот верува дека не е добар во “тајбрејковите” и потоа ќе се саботира себеси во таквите клучни моменти за да докаже дека е во право. Немањето на ограничувачки верувања значи дека тенисерот потполно прифаќа се што му се случува. Надворешните настани се само настани без значење. Тенисерот ги прифаќа и се справува со нив. 8. Принцип на Внатрешна игра Постојат три главни принципи на растоварување на мозокот од непотребни мисли односно, “Внатрешна игра” - замолчување на мозокот, неосудување и верба во вашите телесни способности. Тенисерот мора прво да научи да ги примени нив во тренингот. Кога ќе ги доживее тие ефекти во тренингот знае што да бара во натпреварот. Потоа тој ја игра “внатрешната игра” – со цел да постигне врвна перформанса. Ова се основите на психологијата на тенисот и преку разбирањето на овие принципи и нивната примена во секојдневието, тенисерот развива психичка стабилност. Знае како да ги примени алатките и резултат на тоа, стекнува многу самодоверба. Сега знае дека поседува начини за справување со сопствениот ум, кои поголемиот дел од неговите противници не ги поседуваат. Свесен е дека тој ја поседува предноста во повеќето стресни ситуации во мечот и дека тоа му дава внатрешна сила и верување дека може да истрае низ тешките натпревари.
Слични Статии: |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? |
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови? |
Како еден спортист може да победи во директно соочување со противникот во самиот финиш? |
Кофеинот во комбинација со јаглехидрати може да се користи за да им помогне на спортистите да имаат подобра и ... |
Дали можеме да го проценуваме идниот успех според претходните постигнувања, особено во спортот? |
Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тук ... |
Има моменти кога најужасното однесување, во комбинација со најнеморалните луѓе станува иронија... |
Некои повреди се лесни за објаснување бидејќи може да се јават како резултат на форсирањето во текот на сезон ... |
Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална ... |
Според Американското здружение на психолози, спортската психологија опфаќа широк спектар на теми вклучувај ... |
Според истражувањето на Нортумбрија Универзитетот, измамата на мозокот може да доведе до 5 процентно подобру ... |
Останати Статии
| |












