АНКЕТИ
вашата психологија мозокот карактер музика стресот соништа среќа интелигенција мозок емоции врска менува љубов нивните сексот живот луѓето предизвикува депресија стрес депресијата прави против среќата зошто совети успех мажите стравот меморија чекори работа влијаат мисли меморијата жените терапија однесување влијае
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЕФЕКТОТ НА БУЧНА ПУБЛИКА ВРЗ СПОРТСКИТЕ ТИМОВИ |
|
|
|
| Петок, 20 Јануари 2012 17:55 |
|
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови?
Спортската психологија во денешно време е област на психологијата која е толку многу сериозно сфатена што секој елитен спортски клуб има не еден туку цел тим на психолози кој е посветен на менталната состојба на своите играчи и тренери.
Притисокот постојано да се има перформанса на високо ниво особено е стресен за помладите играчи кои многумина се сеуште тинејџери или на студентска возраст. Иако физички може да бидат подготвени и да изгледаат подготвтено, сепак психички тие сеуште не се доволно отпорни на стресот кој го носи врвниот спорт па затоа кај нив честопати се појавува анксиозност.
За овој факт се свесни поискусните тренери и добро знаат дека младиот играч „ќе изгори" доколку го стават во ситуација со поголема тензија на натпреварот а е недоволно психички подготвен. Од друга страна пак, има и такви кои залажани од физичките перформанси и вештините на играчот, ја игнорираат потребата од ментални вежби за играчите.
Дека психологијата има клучна улога во спортското постигнување денес никој, особено во елитните тимови, не се ни сомнева. Тоа е оној дел кој одлучува дали ќе има победа или пораз, дали ќе се постигнат врвни резултати или и покрај талентот ќе се гравитира кон просекот.
Потсетете се само на колку натпревари сте присуствувале или сте ги гледале на ТВ, без оглед дали е фудбал, кошарка, ракомет или некој друг спорт во прашање, кога притисокот во клучните ситуации е толку голем за некои играчи што прават потези од кои „боли глава", а вие неможете а да не си речете себеси : „Па добро, што ли мислеше човеков во овој момент?" . Играчите, како оние од аматерските лиги па се до врвните професионалци, честопати носат такви одлуки под притисок кои никогаш не би ги донеле во релаксирани околности.
Е, тука, доаѓа во игра публиката. Без сомнение, еден од главните катализатори за креирање на ментална анксиозност кај играчите е влијанието на буката од навивачите. Има низа причини заради кои бучната публика се покажала како тежок проблем од кој произлегуваат повеќе прашања со кои мора да се справат како играчите, така и тренерите.
Тешкотии за играчите да се организираат или да си ги распознаат вербалните сигнали Извикувањето на сигналот за одредена добро извежбана комбинација особено во клучни ситуации при крај на натпреварот кога публиката е најбучна, тешко може да дојде до посакуваните уши. Со овој проблем се судираат и играчите и тренерите. Бучната публика е најголем дезорганизатор на комуникацијата и сите проблеми кои доаѓаат од поткопувањето на тој систем. Понекогаш буката е толкава што не се слуша ни свирчето на судијата, а камоли гласот на тренерот или соиграчот.
Справувањето со урлањата и навредите на противничките фанови кога играте во гости, а сте во последните минути или дури и секунди од натпреварот, создава атмосфера на конфузија и анксиозност, ниту за играчите ниту за тренерот не е лесна работа, особено ако се неподготвени за такви ситуации од психолозите.
Во тие моменти обично се гаси рационалното, што од замор што од емоционална истоштеност ако се работи за значаен меч, и превземаат инстинктивните реакции на стрес, кои за различни луѓе се различни. Оние кои успеваат да останат со ладна глава во тие моменти, обично и го добиваат натпреварот.
Важноста на слободните фрлања (или пеналите) Реализирањето на слободните фрлања во текот на играта а особено во последниот период е од критична важност за успех на било кој кошаркарски тим кој не победува со голема разлика во секој меч. Истово важи и за седмерците во ракометот, па и пеналите во фудбалот, иако таму и во сличните спортови поретко ги има или воопшто ги нема во еден натпревар.
Слободно фрлање изведено во тивка сала при тренинг кога само вашите соиграчи се наоколу е далеку поразлично од ситуација кога во еден напнат натпревар, треба да го постигнете истото, во последните секунди, и кое можеби ќе го речи мечот. На поискусните тренери познато им е значењето на слободните фрлања, па затоа тие и многу време одвојуваат со своите играчи да го усовршат овој процес. Што вели статистиката? Во натпревари каде за победникот на мечот одлучиле 9 поени или помалку, 35% од поените биле од слободни фрлања, во последните 5 минути тие биле 48% од сите поени на победничкиот тим постигнати во тој дел од играта, а дури 69% од поените постигнати во последната минута.
Со оглед на тоа дека можностите за слободни фрлања во кошарката се зголемуваат како што се ближи натпреварот кон својот крај, императив е овие можности да се претворат во поени. За несреќа, многу често овие обиди не се искористуваат (без оглед дали се работи за домашни или гостински играчи) затоа што немаат доволно искуство и ментален тренинг за справување со бучната атмосфера во салата.
Развојот на тренинг постапките за ментален фокус им го отвори патот на компаниите кои произведуваат уреди за креирање „Прилагодени Звучни Ефекти" кои им помагаат на тимовите при менталниот развој на нивните играчи. Некои од нив произведуваат софтвер кој на тренерите им нуди можност да пуштаат различни звуци кои симулираат публика при различни спортови и ситуации.
Се разбира, само звукот на бучна публика кој го продуцира овој софтвер, неможе да ја репродуцира целата атмосфера што се создава во реален натпревар, но е далеку помоќно средство за ментална подготовка при вакви ситуации отколку да се остави играчот да тренира само во тивка сала.
Покрај ваквите помагала, постојат и многу други техники кои се користат во психологијата и се дел од стандардниот репертоар на инструменти кои може многу детално да ја опишат менталната состојба на секој поединец како и на тимот заедно. Ова е факт кој може да се покаже од непроценливо значење особено за тренерите кога тие треба да носат одлуки, особено при крајот на мечот, кои може да се покажат пресудни за тоа дали ќе се оствари победа или пораз. Слични Статии: |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? |
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови? |
Како еден спортист може да победи во директно соочување со противникот во самиот финиш? |
Кофеинот во комбинација со јаглехидрати може да се користи за да им помогне на спортистите да имаат подобра и ... |
Дали можеме да го проценуваме идниот успех според претходните постигнувања, особено во спортот? |
Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тук ... |
Има моменти кога најужасното однесување, во комбинација со најнеморалните луѓе станува иронија... |
Некои повреди се лесни за објаснување бидејќи може да се јават како резултат на форсирањето во текот на сезон ... |
Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална ... |
Според Американското здружение на психолози, спортската психологија опфаќа широк спектар на теми вклучувај ... |
Според истражувањето на Нортумбрија Универзитетот, измамата на мозокот може да доведе до 5 процентно подобру ... |
Останати Статии
| |























Коментари
не знам
RSS feed за коментарите на оваа статија