АНКЕТИ
карактер стравот влијае емоции чекори зошто мозокот нивните соништа мажите стресот интелигенција совети депресијата среќата среќа меморија менува мозок луѓето врска сексот депресија љубов живот психологија влијаат мисли работа против вашата однесување успех жените меморијата прави музика предизвикува стрес терапија
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ |
|
|
|
| Четврток, 26 Јануари 2012 16:22 |
|
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? Кога се прави проценка за тоа што е потребно за успех во спортот, талентот не е пресуден фактор, во игра се и некои други чинители.
Голем е бројот на спортски клубови и репрезентации во сите спортови кои располагаат со талентирани играчи но не постигнуваат резултати кои се соодветни на нивниот потенцијал. Од друга страна пак, не е мал бројот на оние кои немаат таков талент, а постигнуваат многу поголеми успеси. Што е причината за ова? Менталитетот. Ако правилно ја поставите вашата ментална матрица може да постигнете се што сакате.
За да бидете успешен, потребно е да верувате во себеси, да имате јасно поставени цели и да имате способност да ги визуализирате и почувствувате успехот во својата глава.
Победнички менталитет Успехот во било кој спорт, всушност и во било која сфера од животот, бара да се има позитивен ментален став и способност да се преземе целосна одговорност за својот живот. Ако сте еден од оние луѓе кои ги обвинуваат другите или некои екстерни фактори за својот неуспех, тогаш токму тоа може да биде она што ве спречува да постигнете успех. Избегнувањето на одговорноста за својата судбина и обвинувањата кон другите за вашиот неуспех од типот „тренерот не ме сака", „судиите судеа против нас" и слични, не е начин кој ќе ви донесе успеси во вашиот живот.
Ако играчот има ваков менталитет тој може да се откаже од играњето за својот клуб или репрезентација и да бара друг клуб, сметајќи дека новата средина ќе му биде понаклонета, а понекогаш и да се откаже целосно од спортот, независно од тоа дали поседува талент или не. Во ваков случај проблемот не е во клубот, туку во менталитетот на играчот. Луѓето со ваква ментална матрица неможат да постигнат позначителни резултати во било која област во животот, освен ако не си ја сменат, промена која е можна ако сакаат да биде можна.
Успешните луѓе кои поседуваат победнички менталитет во било која област се активни луѓе и секогаш се во потрага по нови начини за подобрување на себеси. На пречките или одбивањата тие гледаат како на нешто што е привремена препрека која мора да ја надминат, а не како настан кој ќе им ја загорчи или заврши кариерата. Кога се соочени со предизвик, победниците во истиот момент почнуваат со изготвување план како да го надминат. Луѓето со губитнички менталитет пак, најчесто ќе се блокираат и ќе почнат потрага по виновници. Нивните губитнички ставови ќе почнат да ги оправдуваат со најразлични изговори во кои секогаш некој друг или нешто друго е виновно за нивниот неуспех.
Реално гледано, може да остварите било кој свој сон во спортот доколку доволно го посакувате. Се што ви е потребно е мала промена на начинот на кој размислувате и пристапувате кон работите. Ако ги гледате проблемите и пречките само како предизвици кои мора да ги совладате, тоа ќе ви даде поттик да се обидувате се посилно и да работите попожртвувано во отстранувањето на овие безначајни препреки.
Замислете ги вашите цели Едно моќно орудие кое може да ви помогне да ги подобрите вашите перформанси во спортот е визуелизацијата. Пред битен натпревар или за време на тренинзите визуелизирајте го исходот кој сакате да се случи и обидете се да го почувствувате.
Без оглед кој е вашиот спорт, замислете се себеси како ги давате одлучувачките поени на крајот на натпреварот. Замислете се себеси како го играте најдобриот меч кој што досега сте го одиграле или пак присетете се на своето најдобро издание во некој натпревар во минатото и присетете се на чувството кое тогаш ве обзело.
При визуелизација на овие сценарија, треба да се обидете не само да се замислите себеси во ваше најдобро издание на теренот, со сите можни детали, туку и какво е чувството да се постигне тоа ниво на спортска перформанса, а и какво е чувството што се јавува потоа.
Како визуелизацијата може да ви помогне Ментална подготвеност - Да се биде во вистинската состојба на умот за време на натпреварот е од круцијално значење. Способноста да се фокусирате на натпреварот и да исклучите се што се случува во надворешниот свет може да ја креира разликата меѓу просечно постигнување и извонредни резултати.
Подобрени вештини – Поминувајќи време во визуелизација на учење на некоја нова вештина или подобрување на веќе постоечките може да ви ги усоврши вештините во вашиот спорт.
Прегледување на мечот – Прегледот на тоа како сте играле во претходниот натпревар и визуелизација на вашите перформанси какви би сакале да биле, може да ви помогне во следниот меч. Победнички став – при неколку порази во низа, и играчите како поединци и целиот тим обично губи дел од тешко стекнатата самодоверба. Ова може многу негативно да се одрази на следните натпревари. За да ја прекинете низата, помага да се замислите себеси како победник во следниот натпревар и што подетално да го визуелизирате тоа.
Позитивно размислување и зборување за себеси Самохрабрењето во тек на натпреварот и после него може да се покаже и клучно за тоа дали ќе дадете се од себе. Ако си повторувате негативни работи за себе, ако постојано се сомневате во своите способности, вие ќе паднете и емоционално и технички. Фокусирајте се на она врз кое имате контрола во дадениот момент. Ако топката е во ваш посед, тогаш работите пред се зависат од вас.
Не влегувајте во бесконечни споредби со другите. Концентрирајте се на она што сте вие и со кои вештини и способности вие располагате. Извадете максимум од нив. Не се преоптеретувајте премногу со грешките. Секој спортист прави грешки, без оглед дали е во врвниот спорт или во аматерските лиги. Не дозволувајте тоа да ве оттргне од вашата главна цел. На тренинзите размислувајте за идните успеси а не за тоа какви грешки досега сте направиле. Во самиот меч, концентрирајте се на овде и сега, а не на минатите натпревари кои можеби сте ги загубиле.
Секој спортист треба да води сметка за една работа, нервозата и анксиозноста е сосема природна реакција и може да биде да биде дури и добар поттик за постигнување извонредни резултати ако се искористи правилно. Канализирајте ја правилно, а не дозволувајте да ве обземе целосно и да ве блокира.
Никогаш не барајте изговори Обидот да ги оправдате своите грешки и порази секогаш е лоша идеја. Ако сте свесни дека сте направиле грешка, едноставно преминете преку неа и концентрирајте се на остатотокот од мечот. Не ги обвинувајте соиграчите или надворешните фактори кои неможете да ги контролирате, особено во текот на натпреварот. Кога сте дел од тимот, мора да споделувате се, и одговорноста и наградите. Ако веќе морате на соиграчот да му обрнете внимание за некоја негова грешка, обидете се тоа да го направите на максимално позитивен и конструктивен начин. Уште поважно, секогаш кога имате шанса да пофалите соиграч за добар потег, направете го тоа безрезервно.
Денес спортот станува и повеќе од игра, па играчите мора покрај физичката подготвеност да располагаат и со обемна психолошка подготовка за предизвиците. Позитивниот став и победничкиот менталитет се нешто што се гради и одржува и е клучна компонента од која зависи дали спортистите ќе постигнуваат врвни резултати или само просечни.
Слични Статии: |
Научниците веруваат дека ги откриле тајните на психологијата што стои зад „интелигенцијата во играта" на ел ... |
Што ја прави разликата меѓу просечни и врвни резултати ако еден спортист сигурно поседува талент? |
Дали и колкав ефект има бучната публика врз постигнувањата на спортските тимови? |
Како еден спортист може да победи во директно соочување со противникот во самиот финиш? |
Кофеинот во комбинација со јаглехидрати може да се користи за да им помогне на спортистите да имаат подобра и ... |
Дали можеме да го проценуваме идниот успех според претходните постигнувања, особено во спортот? |
Заедно со тренингот, психичката подготовка е исто толку потребна за давање на максимум во било кој спорт. Тук ... |
Има моменти кога најужасното однесување, во комбинација со најнеморалните луѓе станува иронија... |
Некои повреди се лесни за објаснување бидејќи може да се јават како резултат на форсирањето во текот на сезон ... |
Голем дел од литературата за врската помеѓу анксиозноста и перформансата доаѓа од когнитивно-бихејвиорална ... |
Според Американското здружение на психолози, спортската психологија опфаќа широк спектар на теми вклучувај ... |
Според истражувањето на Нортумбрија Универзитетот, измамата на мозокот може да доведе до 5 процентно подобру ... |
Останати Статии
| |




























