АНКЕТИ
карактер меморија мажите терапија луѓето менува меморијата психологија успех среќата интелигенција стрес однесување врска против соништа прави влијаат музика работа среќа депресија чекори предизвикува вашата сексот зошто стресот совети емоции мисли депресијата љубов мозок нивните стравот жените мозокот живот влијае
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ВЕ МОЛИМЕ ЗА ВИНИМАНИЕ!!! |
|
|
|
| Недела, 11 Септември 2011 14:56 |
|
Светот е збунувачка мешавина од луѓе, предмети, звуци, мириси и настани и ги има премногу за да можеме да ги доживееме сите. Затоа, најчесто нашето внимание е одвлечено од нешто неочекувано, како што е удирање на врата, или пак ние самите намерно се фокусираме на нешто што во моментот ни е битно, како на пример да го најдеме сопственото дете во огромна група на насмеани деца во школскиот двор. Исто така, знаеме дека луѓето обрнуваат внимание на работи кои се гледаат како награда, на пример, бараме храна кога сме гладни, или бараме вода кога сме жедни.
И што се случува кога работите што ги гледаме како награда не ни се битни? Дали тие се сеуште доволно моќни да ни го привлечат вниманието кога толку многу работи се наоѓаат во конкуренција со нив? Според еден тим на невронаучници од Џонс Хопкинс, одговорот е "да", особено кога станува збор за парите. Тимот кој бил под водство на Стивен Јантис откри дека на испитаниците кои правеле тест за визуелно пребарување им било одвлечено вниманието од мали суми на пари кои се појавувале од време на време. Резултатите покажуваат како мозокот реагира на стимул кој може да придонесе кон развојот на поефективни терапии за лечење од дрога и дебелина, вели Јантис, професор на школата за уметност и наука Кригер.
„Знаеме дека има луѓе кои користат дрога но не се зависници, но исто така знаеме дека постои врска помеѓу еуфоријата што ја предизвикуваат дрогите и како тоа чувство влијае врз мозокот и му прави тешко да ја потисне желбата повторно да го искуси тоа чувство," – објаснува тој. „Еден аспект на ова сценарио е како предметите кои се поврзани со награда автоматски го привлекуваат нашето внимание исто како што понуда за евтина пијачка може да го привлече вниманието на алкохоличар кој се лечи. Ако се разберат психолошките и мозочните механизми на самиот предмет и причината зошто некои луѓе се повеќе склони кон нив може да доведе до откривање на нови терапии."
Во истражувањето, луѓето прво бараа црвени и зелени кругови на една слика со кругови во секакви бои. Едната боја (на пример, црвената) носеше награда од 10 центи, а другата (можеби зелената) носеше вредност од еден цент. После еден час, испитаниците почнаа да бараат специфични форми (на пример, да бараат круг помеѓу ромбоиди) и бојата веќе не беше релевантна и не носеше никаква награда. Сепак, повремено, се појавувале црвени или зелени бои. Кога се појавувале, реакциите на испитаниците биле побавни.
Според Јантис, ова докажува дека огромен број на луѓе во истражувањето биле оттргнати од црвените и зелените предмети, иако им било кажано дека треба да ги игнорираат затоа што веќе преминале на друга вежба. „Ни беше јасно дека црвената и зелената боја им станаа значајни на испитаниците, затоа што во нивните мозоци, боите беа поврзани со награда," – вели Јантис.
Исто така, испитаниците правеа тест за мерење на нивната импулсивност. „Една мерка за добра когнитивна контрола е колку долго едно лице може да ја држи информацијата во краткотрајната меморија, и откривме дека оние кои биле помалку импулсивни помалку паѓале на оттргнување на вниманието од оние работи кои немале вредност но биле поврзани со награди." – вели Јантис. „Исто така, откривме дека оттргнувањето на вниманието предизвикано од предметите поврзани со награда останува неколку недели после првото откривање." Тимот моментално испитува како се осознава вредноста и како научената вредност престанува да се појавува во мозокот, вели Јантис. „Сметаме дека ваквиот вид на привлекување на вниманието игра улога во неколку клинички синдроми меѓу кои е и зависноста од дрога."
Слични Статии: |
Болката е непријатна работа. За многумина понекогаш неиздржлива, па мораат да посегнат по лекови. Како да се з ... |
Дали сте некој кој со леснотија го препознава секој што го сретнал? Или можеби имате тешкотии, дури и со позна ... |
Следниот пат кога вашиот партнер или партнерка ќе ви кажува едно, а вам буквално ви мириса на нешто друго, зна ... |
И кога сте завртени со грб, едноставно знаете ако ве гледа некој. Што се случува? |
Јасно е дека ние луѓето уживаме во сензуални прегратки, но мозокот реагира сосема еднакво ако регистрира дру ... |
Со помош на илузијата со замена на телата, истражувачите ги открија пределите во мозокот кои се вклучени во н ... |
Светот е збунувачка мешавина од луѓе, предмети, звуци, мириси и настани и ги има премногу за да можеме да ги до ... |
Низ своите опширни истражувања за хиперсензитивните личности, Елејн Н. Арон, му дава значење на ретката ХСЛ к ... |
Бебињата не само што го живеат моментот, како што претходно се мислеше, туку и се чини дека имаат одредени инт ... |
Во првото истражување каде анализираа дали постои врска меѓу гените за вкус и однесувањето кај децата, научн ... |
Невронаучниците досега документирале илјадници случаи на синестезија – состојбата кога едно сетило предиз ... |
Бебињата не само што живеат во моментот како што претходно се мислеше, туку покажуваат и интерес за да откриј ... |
| Останати Статии | |













