АНКЕТИ
сексот психологија стрес стравот против среќата однесување нивните вашата депресија зошто луѓето жените стресот менува љубов меморија успех чекори депресијата интелигенција прави врска меморијата совети среќа предизвикува мисли влијаат живот терапија работа мажите музика соништа мозок влијае карактер емоции мозокот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ |
|
|
|
| Среда, 04 Јануари 2012 12:12 |
|
И кога сте завртени со грб, едноставно знаете ако ве гледа некој. Што се случува?
Го знаете она интересно чувство кое го имате кога некој ве гледа? Надвор од аголот на окото, дури и надвор од видното поле, едноставно знаете дека некој ве „проверува", мерка или се обидува да воспостави контакт со очите со вас. Понекогаш, оваа способност да детектирате дека некој друг ве гледа, делува речиси како Екстра Сензорна Перцепција (ЕСП), затоа што честопати е на работ на нашата свесност.
Но, далеку од тоа дека се работи за ЕСП, ваквата перцепција всушност се должи на еден систем на мозокот кој е исклучиво посветен да открива дали некој ве гледа. Овој „систем за детекција на зјапање", е особено осетлив во однос на тоа дали некој гледа директно во вас (на пример, дали гледа во вас или пак во часовникот на ѕидот преку вашето рамо). Истражувањата кои се бават со анализа на активноста на поединечни мозочни клетки откриваат дека посебни клетки испраќаат сигнали кога некој зјапа директно во вас, но – неверојатно – не и кога погледот на посматрачот е насочен само неколку степени полево или подесно од вас (во тој случај се вклучуваат други клетки).
Оваа специјализирана машинерија во мозокот ни открива колку всушност е важен вашиот поглед при комуникација со другите. Во вашиот поглед се содржани вашите чувства и намери, што сакате а што не сакате, и го насочува вниманието кон значајните за вас нешта во околината. Понатаму, директниот контакт со очите е најчестиот и можеби најмоќниот невербален сигнал кој го разменуваме со другите. Тој е средишна точка на интимноста, заплашувањето и социјалното влијание. Контактот со очите е толку исконски, што неговото значење се протега низ сите животински видови. Предаторите гледаат во пленот многу интензивно пред моментот да нападнат. Бебињата гледаат во родителите за да го добијат нивното внимание. Како што веројатно знаете, на пример кучињата и мачките со луѓето може да си изразат многу нешта само преку погледот.
Потсетете се на случај кога сте биле некаде во јавност и сте можеле да осетите дека некој ве гледа, без воопшто да погледнете во правец на тоа лице. Каква информација вашиот (периферен) визуелен систем користи за да ве направи свесни за овој факт? Првата работа која обично ја забележуваме кај другите е позицијата на главата и телото. Ако било кое од двете е насочено кон вас, особено во неприродна позиција, тоа е многу значаен показател. Еден најочигледен случај е кога нечие тело не е насочено кон вас, но нивната глава е. Во ваков случај вашата инстинктивна реакција е да обрнете позасилено внимание кон нивните очи.
Но дури и кога поставеноста на главата и телото не ни даваат многу информации, истражувањата покажуваат, дека нашиот периферен вид сеуште може да детектира нечиј поглед исклучително добро. Како го правиме ова? Еден фактор се навраќа на нашиот систем за детекција на поглед, кој нè прави поосетливи на позицијата на очите на другите отколку што сме свесни. Друг фактор може да се изведе со поставување на ова прашање: Како се човечките очи различни во нивниот изглед во споредба со очите на други животни? Што е уникатно за анатомијата на човечките очи?
Најголемата разлика е во тоа што кога гледаме во човечки очи, лесно е да се направи разлика на темниот центар (зеницата и ирисот) од остатокот на видливото очно јаболко(на склерата, белиот дел). Овие тешко се разликуваат кај другите животни бидејќи: 1) кај многу животни, зеницата и ирисот го покриваат најголемиот дел од надворешниот изглед на окото, и 2) склерата на другите животни има тенденција да биде потемна од човечката склера.
Значи, луѓето имаат најголем износ на видлива бела склера. Овој контраст помеѓу белата склера и темниот центар прави многу полесно да се каже каде гледа некој. Ние всушност користиме многу едноставно правило: темно во средината на окото = контакт со очите, темно на десната страна = гледа десно; темно на левата страна = гледа лево.
Под претпоставка дека главата е во мирување, се гледа колку е лесно е да се следи погледот на човечки очи во споредба со очите на горила, тигар, лемур, волк или був.
Да се има така лесно забележлив поглед би била слабост за многу видови, особено за предаторите. Како предатор, не би сакале другите да знаат кога ги гледате, па така потемна, помалку видлива склера е идеално да се има.
Но, преживувањето на луѓето сега зависи повеќе од соработка и координација на нашите напори со други луѓе, па комуникациските вештини добија поклучно значење за нашиот опстанок. Биолозите укажуваат на тоа дека нашите поголеми, побели склери еволуирале, бидејќи тие се многу подобри за нашата способност да комуницираме со другите - од истата причина заради која еволуирале нашите капацитети за комплексен јазик. Сепак, погледот на очите може да изрази многу работи кои говорниот јазик не може или нешто што би траело предолго за да се вербализира, како на пример непосредната опасност.
Точно е дека, со тоа што имаме вакви очи, отежнато ни е криењето на емоциите или прикрадувањето кон пленот, но гледано во целина, давањето сигнали со поглед и детекцијата на погледот се големи придобивки за нас. Тоа ЕСП чувство кое го добивате кога некој ве гледа, е вашиот мозок кој ви кажува, на ненаметлив начин, дека нешто значајно се случува.
Слични Статии: |
Болката е непријатна работа. За многумина понекогаш неиздржлива, па мораат да посегнат по лекови. Како да се з ... |
Дали сте некој кој со леснотија го препознава секој што го сретнал? Или можеби имате тешкотии, дури и со позна ... |
Следниот пат кога вашиот партнер или партнерка ќе ви кажува едно, а вам буквално ви мириса на нешто друго, зна ... |
И кога сте завртени со грб, едноставно знаете ако ве гледа некој. Што се случува? |
Јасно е дека ние луѓето уживаме во сензуални прегратки, но мозокот реагира сосема еднакво ако регистрира дру ... |
Со помош на илузијата со замена на телата, истражувачите ги открија пределите во мозокот кои се вклучени во н ... |
Светот е збунувачка мешавина од луѓе, предмети, звуци, мириси и настани и ги има премногу за да можеме да ги до ... |
Низ своите опширни истражувања за хиперсензитивните личности, Елејн Н. Арон, му дава значење на ретката ХСЛ к ... |
Бебињата не само што го живеат моментот, како што претходно се мислеше, туку и се чини дека имаат одредени инт ... |
Во првото истражување каде анализираа дали постои врска меѓу гените за вкус и однесувањето кај децата, научн ... |
Невронаучниците досега документирале илјадници случаи на синестезија – состојбата кога едно сетило предиз ... |
Бебињата не само што живеат во моментот како што претходно се мислеше, туку покажуваат и интерес за да откриј ... |
| Останати Статии | |



















