АНКЕТИ
мозокот мисли живот меморијата мозок работа соништа интелигенција вашата депресијата нивните менува успех стресот влијае стравот среќа луѓето сексот совети депресија емоции љубов карактер врска стрес музика мажите чекори психологија зошто предизвикува среќата жените против однесување прави терапија меморија влијаат
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЗНАЕШ ЛИ ШТО СЛУШНАВ? |
|
|
|
| Петок, 17 Декември 2010 01:08 |
|
Верувале или не, луѓето повеќе им веруваат на озборувањата, дури и кога тие се контрадикторни на она што го гледаат со свои очи, тврди нова студија.
Изминатите истражувања открија дека озборувањето – оние сочни трачеви кои ги споделуваме за некоја трета личност – има разни намени, а тука спаѓа зајакнувањето на социјалните врски, ширењето на социјалните норми и помагањето на другите да избегнат ризични партнери. Информациите од типот "рекла-казала" можат да бидат најверодостоен извор на информации за ситуации со кои немате никакво искуство. Но кога ќе слушнете трач кој е неспоив со личност или инцидент кој ви е познат, најпаметно би ви било да му ја покажете вратата на озборувачот, бидејќи сепак вие ја знаете вистината, зар не?
Нова студија објавена на Интернет во "Proceedings of the National Academy of Sciences", открива дека поединците понекогаш толку многу веруваат во озборувањата што ги прифаќаат како вистинити дури и кога нивните сознанија и искуства им укажуваат на спротивното. "Озборувањето има силен манипулативен потенцијал кој би можел да биде употребен од измамниците за да ја изменат репутацијата на останатите или да ја сменат сопствената," пишува главниот автор Ралф Сомерфелд од Макс-Планк Институтот за Еволутивна Биологија. "Ова укажува дека луѓето се навикнати да ги базираат своите решенија врз основа на озборување, гласини или други говорни информации."
Игра на озборувањето
Сомерфелд и неговите колеги испитуваа како озборувањето пренесува информации и како влијае врз однесувањето на друга личност. Во студијата 126 студенти по биологија играа компјутерска игра во која секој студент беше во пар со друг студент (по пат на компјутер) и требаше да реши дали да даде извесен дел од почетната сума на пари на својот партнер. Со тоа што давателот ќе дадеше 1.25 евра, примателот добиваше 2 евра, и на тој начин беше многу подобро да бидете примателот. Претпоставката беше дека во понатамошните рунди на великодушните даватели ќе им биде возвратено со иста мерка. По првата низа рунди, студентите ги променија партнерите и добија известување за тоа колку пати нивниот парнер дал или не дал пари. Поголема беше веројатноста дека студентите ќе дадат пари на кооперативни партнери кои и претходно им давале пари на останатите.
Потоа, тие мораат да напишат мал трач за другите играчи со кои беа во виртуелна интеракција. Сомерфелд забележа некои вакви примери: "Тој е дарежлив играч" или "Тој е циција, внимавај." Не е изненадувачки: Играчите кои прочитаа позитивен коментар за другата личност, без воопшто да го видат извештајот за дарежливоста, беа склони да бидат подарежливи кон таа личност и да и дадат пари. Спротивното се случи кај негативното озборување, кое ги поттикна играчите да си ги чуваат парите.
Златно озборување
Во наредниот сет рунди стана поинтересно: Играчите добија информации за дарежливоста на партнерот (колку и дали воопшто бил великодушен) но воедно им беа предочени и озборувањата. Без било какви додатни информации базирани на трачарење, студентите беа кооперативни 62% од времето. Тој број се зголеми на 75% кога освен извештајот за патнерот слушнале и позитивен трач. Дури и во случаите каде извештајот на патрнерот покажуваше дека тој ниеднаш не дал пари, позитивното озборување ја однесе победата и другиот играч му даде пари на скржавецот. Почуден исход е дека негативното озборување ја намали кооперативноста на 50%, без оглед на извештаите за парнерот.
"Доколку луѓето би се однесувале рационално, тие би ги базирале своите одлуки на исклучиво врз она што навистина го гледаат затоа што знаат точно како овие луѓе се однесувале порано," изјави Сомерфелд за "LiveScience". "Но тие беа под влијание на озборувањата." Убедливоста на озборувањето се покажа и во случај кога со информациите се поткопуваше угледот и на самиот озборувач. На пример, учесниците реагираа на озборувањето дури и кога трачот го опишува вистинскиот извор како "гаден скржавец" или некој друг сличен некооперативен опис. Научниците сугерираат дека додатните информации можат да бидат оптоварувачки за учесниците, или можеби луѓето не го поврзуваат кооперативното однесување со чесно озборување.
Слични Статии: |












