АНКЕТИ
среќа депресијата меморија однесување совети чекори живот емоции мозок влијае мажите интелигенција стрес успех љубов луѓето психологија терапија предизвикува музика карактер против влијаат стравот жените зошто менува сексот депресија работа мисли соништа мозокот врска среќата вашата меморијата нивните стресот прави
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ |
|
|
|
| Вторник, 28 Декември 2010 22:52 |
|
Имињата кои луѓето одбираат да им ги дадат на своите деца откриваат богатство од социјални информации - сега повеќе од кога и да било.
Новите анализи од статистиката на имињата откриваат дека значењето на бебешкото име, односно она што тоа име им го кажува на другите за преференциите на родителите и нив самите, значително се зголемило во последните 25 години со зголемувањето на бројот на разновидни бебешки имиња. “Се наоѓаме на половина од револуцијата на имиња” - вели Лаура Вотенберг, автор на популарната книга “Волшебник за бебешки имиња” (Three Rivers Press, 2005) и креатор на веб страната BabyNameWizard.com. “Родителите обрнуваат многу големо значење на уникатноста.” Во неодамнешен блог пост, Вотенберг објасни како овој тренд ги промени значењето и намената на името. Стремеж за единственост во масата Како што истакнува Вотенберг, во 1950-те, 25-те најчести машки имиња и 50-те најчести женски имиња се среќаваа кај половина од новородените деца. Сепак, денес тие имиња се даваат на помал и помал број бебиња. Всушност, потребно е да се вклучат најпопуларните 134 машки имиња и најпопуларните 320 женски имиња за да се покрие половината од сите родени бебиња - секоја година. “Доколку имате 10 можности да погодите нечие име денес речиси немате никаква шанса да го погодите,” вели Вотенберг за LiveScience. “Но, пред 100 години, доколку ги познававте 10-те најпопуларни имиња и погодувавте според нив, ќе имавте многу добра шанса” за точен одговор. Но, овие промени во трендот на именување доведоа до социјални импликации.
“Колку е поразличен стилот на именување, толку повеќе ќе “читаме” значење во нечие име”, изјави Вотенберг. Таа ги анализираше статистиките на имињата на бебињата од Американската администрација за социјална заштита за да пресмета мерка наречена Шенон ентропија од полето на информационата теорија. Оваа мерка се користи за да се опише информацијата содржана во пораката - во овој случај, колку може да се открие од изборот на името. Концептот на ентропија е поврзан со безредието и хаосот во еден систем (вториот закон за термодинамика тврди дека затворен систем секогаш ќе се движи кон повисока ентропија). Шенон ентропијата покажува колку нередот или несигурноста се поврзани со одредена варијабла и колку информации содржи една порака. Колку поразлично и понесигурно е полето на можните пораки, толку повеќе информација ќе содржи пораката. Вотенберг пресмета дека ентропијата на имињата низ времето рапидно расте. Таа откри дека мерката на информација која ја пренесуваат во последниве 25 години се зголемила колку за целиот претходен век. (Мерката не зависи од бројот на новороденчиња). Тоа значи дека средбата со бебе кое се вика Мери денес ќе ви каже многу повеќе отколку средбата со бебе со исто исто име пред 50 години. Истото важи и за било кое друго име.
Социологија на имињата Имињата откриваат многу, бидејќи често го отелотворуваат родителските вредности и вкусови, како и соништата и амбициите за нивното дете. “Социолозите ги сакаат имињата,” вели Вотенберг. “Тие практично се единствениот случај на избор со широко модерни шаблони, врз кој нема комерцијално влијание. Нема компанија која би потршила милиони за да ве убеди дека Брејден е совршено име за вашиот син” (Истражувањата покажале дека филмовите, познатите личности и други културни трендови имаат влијание врз популарноста на одредени имиња). За да се разбере како значењето кое се открива низ имињата еволуирало, Вотенберг предлага да се замисли компанија со одреден код на облекување која бара од сите вработени да носат сив или син костум на работа секој ден. Кога ќе видите маж во син костум во таква средина, тоа нема да ве доведе до некоја позначителна информација за неговите преференции или карактер. Споредете го тоа со компанија во која нема код на облекување. Тука изборот на облеката им е препуштен на вработените, и истата варира во голема мера. Токму поради тоа во ваква средина можете да дознаете многу информации за одредена личност врз основа на она што го носи. Истото важи и за имињата. Во ера кога постојат безброј алтернативи, секој избор носи повеќе тежина.
Жан Твенџ, професор по психологија на Државниот Универзитет во Сан Диего, ја окфалификува работата на Вотенберг како - “интересна анализа” и додаде, “мене ми изгледа солидно”. Твенџ, автор на книгата “Епидемија на нарцизмот” (Free press, April 2009), изјави дека промената кон уникатни имиња е дел од поширока социјална промена кон индивидуализам во многу аспекти од животот. “Сега е повообичаено луѓето да речат, ‘сакам моето дете да се истакне,’” вели Твенџ. “Именувањето на детето некогаш беше полесна одлука. Сега мора да балансирате и да пронајдете име кое не е многу популарно и не е многу чудно.” Фактот дека секој кој среќава дете сега ќе може да се здобие со повеќе информации само врз основа на неговото или нејзиното име уште повеќе ги вжештува дебатите. Тоа значи дека идните родители кои се опседнати со изборот како да го наречат нивното малечко, треба значително да му се посветат на изборот на вистинското име. Или како што вели Вотенберг, “Тие не се опседнати, туку само се обидуваат да се прилагодат на новата реалност. Можам да го докажам тоа.”
Семе на револуцијата Како имињата еволуирале за да ја фаворизираат единственоста пред популарноста? Секако и Интернетот е дел од тоа. Социјалните мрежи и лесната комуникација со луѓе надвор од локалната сфера на поединецот влијаат значително при изборот на името. И со зголемувањето на онлајн корисничките имиња, често базирани врз реални имиња на лица, доаѓа до дополнителен поттик да се одбере уникатно име. “Идејата за името како единствено обележје кое ве дели од останатите - тоа е нова идеја,” тврди Вотенберг. “Имињата никогаш не мораа да бидат единствени. Но, денес нашето име е често првиот, некогаш единствен начин на кој луѓето не запознаваат.” Порано беше доволно да имаш име кое е единствено во соседството, но сега многу родители се загрижени ако истото име го имаат повеќе од неколку луѓе во светот. Сепак, Твенџ истакнал дека трендот кон динстинктивните имиња почнал пред експанзијата на Интернетот.
Статистиките покажуваат дека диверзификацијата на бебешките имиња започнала во 1960-те, во исто време кога Американците почнаа да ставаат повеќе акцент на индивидуалноста, а помалку на колективноста и вклопувањето. Исто така, појавата на статистиката на имиња несомнено ги моделира трендовите на именување. Администрацијата за социјална заштита неодамна ги стави на располагање податоците за детските имиња. Пред тоа, луѓето имаа анегдотски причини да мислат дека даденото име беше популарно или ретко, но не можеа сосема да бидат сигурни во тоа. Сега секоја година најпопуларните имиња во државата се рангираат и објавуваат. “Имаше огромен ефект,” рекла Вотенберг за податоците. “Има еден вид обратна компетитивност, бидејќи никој не сака да биде број еден.” Колку и да се стремат луѓето кон единственост, на крајот на краиштата се само социјални животни кои сакаат да се вклопат во средината. “Сите ние сакаме да бидеме различни од другите, но нашите вкусови се сеуште какви што секогаш биле,” изјави Вотенберг. “Па, резултатот е тоа што сега - имаме илјадници ситни варијации на една тема, односно исто име. Добивате Марко, Дарко, Жарко или Тања, Сања, Ања.”
Слични Статии: |














