АНКЕТИ
емоции среќата успех прави против врска мажите менува мозокот сексот интелигенција стрес вашата нивните мозок терапија предизвикува стравот карактер зошто музика жените стресот депресија меморија психологија љубов парите среќа живот чекори децата меморијата типови работа мисли совети влијае соништа луѓето
ПСИХА МУАБЕТ
- guest_3555 : Здрависимооо
- guest_4993 : kjc sdv
-
guest_4993 : zdravo zdravo
-
guest_4993 :
))))))))))))))))))))))))))))) -
guest_289 :
- guest_4702 : zdravoo
- guest_4702 : cao
-
guest_4702 :
-
guest_733 :
-
guest_3913 :
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| СРЕДНО, АХ СРЕДНО... |
|
|
|
| Недела, 23 Јануари 2011 00:36 |
|
Средношколските пријателства имаат многу поголемо влијание врз успехот во животот отколку што досега се претпоставуваше.
Кога адолесцентите преминуваат од основно во средно училиште, промените на пријателствата можат да сигнализираат потенцијален академски успех или пак неуспех во текот на годините, велат истражувачите од Универзитетот во Орегон. Една нова студија, објавена во Journal of Early Adolescence, покажа дека момчињата и девојчињата чии другари се социјално активни на места каде што правилата се почитуваат се подобри во учењето. Другарството со деца со проблематично однесување пак, се одразува лошо на нивните оценки. Дружењето со просоцијални пријатели и избегнувањето на соученици со девијантно однесување се покажа поефективно отколку дружењето само со врсници со добри оценки. Преминувањето во средно школо е важна промена за децата бидејќи излегуваат од училниците во кои секој ден гледале само еден наставник и влегуваат во средина каде имаат различни предмети, различни професори и можности да запознаат нови пријатели. Новата студија на Мери-Хелен Вероно и Томас Џ. Дишион од Центарот за деца и семејства на Универзитетот во Орегон се фокусира само на улогата на другарството врз академскиот успех.
Податоците што тие ги открија се резултат на темелно истражување на испитувачите од центарот врз 1 278 ученици од кои 55% биле девојчиња. За целите на истражувањето, студентите требало да ги напишат имињата на нивните тројца најдобри другари. Наместо да се базираат на извештаите на учениците за однесувањето и оцените на нивните врсници, испитувачите се концентрираа директно на однесувањето и академските податоци на другарите. Изненадувачки беше фактот дека девојчињата кои имале проблеми со учењето уште од шесто одделение всушност почувствувале последици дури подоцна кога нивните другарки започнале да добиваат високи оценки, вели Вероно. „Не знаеме зошто случајот со девојчињата е ваков, ама претпоставуваме дека тие сакаат да се споредуваат со другарките и тогаш сфаќаат дека им оди лошо. Можеби ова делува на нивниот успех и верба во сопствените способности.“ Кај девојчињата што биле одлични во шесто одделение се јавува спротивното влијание. „Ова се девојчиња кои имаат другарки со добри оцени и за нив учењето е само дополнителен предизвик и мотивација, па се покажуваат и подобро од очекуваното“, вели таа.
Резултатите јасно покажуваат дека во средно училиште, “децата учат ненамерно” – вели Дишион, директор на Центарот за деца и семејства и професор по психологија. „Тоа е период на пубертет. Умот брзо се менува. Мозокот на детето е спремен да се соочи со светот за да види дали се вклопува таму, а училиштето е вистинското место за да го сфати тоа.“ Овие преодни години може да се навистина битни, вели Дишион. Во нивното претходно истражување, со колегите анализирале како ќе влијаат врските меѓу врсници од 13, 15 и 17 години врз нивниото снаоѓање со животот на 24 години. Гледано наназад, влијанијата на 13-годишна возраст биле најголеми, тој забележува. Иако учењето е од големо значење, вели тој, можеби вниманието треба повеќе да го насочиме кон променливите односи меѓу врсниците.
Во заклучокот, Дишион и Вероно им предлагаат на одговорните родители да “обрнат посебно внимание” на промените во другарствата и во школо и дома и да поттикнуваат активности во кои ќе бидат вклучени и родители со цел да се промовираат про-социјалните врски. „Родителите треба да знаат што прават нивните деца и со кого се дружат“ – вели Вероно. „Ако родителите забележат дека детето го менува кругот на пријатели, треба да се обидат да ги запознаат новите деца, да разговараат со професорите и да имаат нормална комуникација со сопственото дете кое ќе им објасни каде ќе излегува и кога ќе се врати дома.“
Слични Статии: |












