АНКЕТИ
соништа меморија среќата сексот мозок влијаат совети жените врска љубов прави работа стресот стрес психологија зошто мажите успех депресија емоции чекори музика интелигенција вашата живот мисли депресијата меморијата карактер однесување мозокот среќа стравот влијае терапија предизвикува менува луѓето против нивните
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| БЕБИЊА И СОЦИЈАЛНА ДОМИНАЦИЈА |
|
|
|
| Петок, 11 Февруари 2011 20:00 |
|
Бебињата помали од година дена ја разбираат социјалната доминација, а со помош на големината на возрасните предвидуваат кој ќе преовладее кога постои конфликт меѓу две индивидуи.
Водечкиот автор Лот Томсен вели дека овој труд укажува дека можеби сме родени со - или пак уште во рана возраст сме развиле - одредено разбирање за социјалната доминација и како е таа поврзана со релативната големина, корелација присутна насекаде низ човечките култури и животинското царство. Ова сознание може да им помогне на доенчињата да се соочат со тешкиот предизвик на учење на структурата на нивната социјална средина, специфичните начини за препознавање на тоа кој доминира во нивната специфична култура. “Традиционалните кралеви седат на големи, подигнати тронови и носат круни или наметки со многу детали кои им овозможуваат да изгледаат поголеми отколку што навистина се, а подредените често се поклонуваат или клекнуваат на колена за да покажат почитување кон супериорните луѓе или богови,” вели Томсен, член на Одредот за психологија на Харвард и асистент професор по психологија на Универзитетот во Копенхаген. “Многу животни, како птиците и мачките, ќе се надишат со воздух и надујат за да изгледаат физички поголеми за непријателот и ќе се испружат за да покажат покорување, како што прават кучињата. Нашиот труд укажува дека дури и со ограничена социјализација, доенчињата кај човекот може да ги разбирааат таквите случки.”
Томсен и колегите на Харвард и на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, ги проучуваа реакциите на доенчињата на возраст од 8 до 16 месеци додека гледаа видеа на интеракции помеѓу ликовите од цртаните филмови со различна големина. “Бидејќи доенчињата не може да се интервјуираат, нивните искуства и очекувања мора да бидат под влијание на нивното однесување,” вели Томсен. “Доенчињата имаат тенденција да гледаат подолго кога нешто ги изненадува. Значи можеме да ги тестираме хипотезите за нивните очекувања преку мерењето колку долго тие ги гледаат сценаријата кои ги потврдуваат или не ги потврдуваат нивните очекувања.” Истражувачите им покажаа на доенчињата видеа кои прикажуваат една голема и една мала коцка со очи и уста, како отскокнуваат по стаза во спротивна насока. Потоа, доенчињата гледаа како двете коцки се сретнуваат во средината, меѓусебно спречувајќи го своето напредување. Тогаш тие забележаа како големата или малата коцка се покорува и се тргнува настрана, понизно овозможувајќи пат за другата.
“Како што предвидовме со нашата теорија, доенчињата подолго се интересираа кога големата коцка попушташе во однос на малата,” вели Томсен. Во просек, бебињата го гледаа овој неочекуван исход 20 секунди, во споредба со 12 секунди кога помалиот лик правеше пат за поголемиот. Двете следни истражувања покажаа дека реакциите на доенчињата не беа едноставно предизвикани од очекувањето дека помалите индивидуи се склони генерално да бидат поразени, вклучувајќи ги и ситуациите кои не вклучуваат спротивставени цели. “Сфаќањето што го прави човечкиот богат концептуален репертоар возможен е едно од поголемите предизвици на когнитивната наука,” вели коавторот Сузан Кери, професор по психологија на Харвард. “Еден дел од соочувањето со овој предизвик е специфицирањето на почетната состојба: Со какви претставни извори се родени доенчињата, што им овозможува понатамошно учење? Нашата работа покажува дека очигледно доенчињата доаѓаат подготвени да ги разберат апстрактните аспекти во својот социјален свет.”
Во последните децении, научниците открија дека мозокот на доенчињата создава апстрактни претстави по интуитивна физика, психологија и математика. Исто така, покажано беше дека бебињата застапуваат одредени аспекти од социјалниот свет, како што е следењето дали другите луѓе им помагаат или ги попречуваат останатите. Овие претстави им овозможуваат на бебињата да ја разберат соработката и кооперацијата во светот. “Студиите кои ги објавуваме тука се први кои покажуваат дека доенчињата исто така ги разбираат настаните при кои поединци имаа спротивставени цели и имаат начини за предвидување на тоа кој од нив ќе доминира,” вели Кери.
Слични Статии: |












