АНКЕТИ
соништа мозок стрес мисли жените интелигенција карактер менува љубов зошто сексот совети емоции среќата против влијае нивните психологија депресија стравот мажите луѓето мозокот работа вашата влијаат терапија стресот депресијата прави предизвикува успех живот врска меморијата меморија среќа однесување музика чекори
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА |
|
|
|
| Вторник, 22 Февруари 2011 01:00 |
|
Способноста за препознавање и запомнување на лица е најразвиена на 30 до 34 години – 10 години повеќе од сите останати ментални способности, велат податоците од истражувањето од списанието Cognition.
Лора Т. Гермин од Универзитетот Харвад вели: „Постојано гледаме лица и вежбаме да ги препознаваме истите. Можеби деловите на мозокот што ги користиме за препознавање на лица имаат потреба од подолг период на созревање за да ни помогнат понатаму да учиме и запомнуваме различни лица.“ Истражувачите тестирале 44 000 доброволци на возраст од 10 до 70 години со помош на Кембриџ тестот за меморија на лица. Кога стануваше збор за ментални активности како што се запомнувања на имиња, најдобри беа тие на возраст од 23 и 24 години, способноста за препознавање на лицата беше висока на возраст од 10 до 20 години, малку подобра кај тие од 20 години нагоре, а најголема беше кај луѓето на возраст од 30 до 34 години. Слични резултати покажаа и тестовите со компјутерски-генерирани детски лица. Најдобри резултати имаа тие меѓу 30 години. Способноста на препознавање на лица кај 65-годишните пак, беше блиску до таа на 16-годишниците. Лор Гермин вели: „Истражувањата за препознавање покажуваат дека тоа се развива до 20 години а потоа старее на 55 години. Нашите податоци велат дека годините измеѓу, околу 35, кои порано се сметаа дека се статични, се прилично подинамични отколку што се мислеше.“
Зошто не ги забораваме лицата? Јануари, 2010 година – една студија на истражувачите од Вандербилт Универзитетот откри дека луѓето се способни да запаметат повеќе лица отколку било какви други објекти и дека лицата остануваат во нашата краткотрајна меморија. Тие сметаат дека нашата способност за помнење на лица добро се сместила во нашата меморија. Ким Карби, истражувач од Јеил го споредува ова со пакување куфер: „Колку работи ќе спакувате во еден куфер зависи од тоа колку добро знаете да пакувате. На ист начин, мозокот има способност да “пакува” лица и има доволно место.“ Студијата се фокусира на визуелната краткотрајна меморија (visual short-term memory, VSTM), дел со ограничен капацитет кој ни помага да процесираме и да запомнуваме слики и објекти. Учесниците гледаа 5 лица на екран со различно времетраење до 4 секунди максимум. Потоа, им покажуваа една слика со лице и требаше да кажат дали тоа лице беше дел од првичната група. Истата вежба ја правеа и со часовници и автомобили.
Истражувачите открија дека кога сликите им беа покажувани само за пола секунда, мозокот полесно запомнуваше предмети отколку лица. Тие сметаат дека ова е така бидејќи треба повеќе време за да се процесира податокот за лицата бидејќи тие се посложени. Како и да е, кога имаа 4 секунди за да гледаат, побрзо ги запомнуваа лицата. Ова се случуваше ако лицата беа наместени правилно; кога ги свртеа лицата наопаку, немаше брзо процесирање. Изабел Готје, професор по психологија, вели: „Нашите податоци покажуваат дека може да запомнеме повеќе лица отколку предмети во нашата визуелна краткотрајна меморија. Сметаме дека ова се јавува како резултат на посебниот начин на кој се препознаваат лицата.“ Авторите на студијата велат дека таа сосема добро покажува како функционира визуелната краткотрајна меморија во сложени социјални ситуации. Тие истакнуваат дека визуелната краткотрајна меморија е витална за континуитетот на сфаќањето и служи како привремена меморија за прибирање информации.
Изабел Готје објаснува: „Нашата задача беше да укажеме на предноста на мозокот при запомнување лица пред предмети. Податоците покажаа дека искуството не тера да препознаваме исправени лица на различен начин (не само преку деловите, туку преку цела градба) и да прибираме повеќе лица во визуелната краткотрајна меморија.“ Ким Карби вели: „Тоа што зачудува кај овие податоци е дека најподдржаните теории предлагаат дека капацитетот на визуелната краткотрајна меморија е фиксна и не се менува со искуството. Меѓутоа, нашите податоци велат дека експертското учење влијае врз капацитетот на визуелната краткотрајна меморија.“ Авторите планираат да го направат истото истражување и со автомобили. Исто така, сакаат да направат снимки на мозокот за да ги откријат механизмите во мозокот со помош на кои лицата се процесираат побрзо отколку предметите.
Слични Статии: |












