АНКЕТИ
живот луѓето мисли меморијата меморија совети жените чекори стравот вашата емоции среќата зошто против психологија мажите мозокот влијаат менува музика соништа нивните однесување терапија стресот љубов работа депресија депресијата прави врска интелигенција предизвикува сексот успех среќа мозок карактер стрес влијае
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ДРУШТВЕНА АМИГДАЛА |
|
|
|
| Вторник, 01 Март 2011 01:00 |
|
Доколку вашиот живот е исполнет со бројни пријатели и семејство, можеби ќе треба за тоа да и се заблагодарите на амигдалата.
Истражувачите открија дека мозочниот нерв со бадемаста форма е поголем кај подружељубивите луѓе. Нервот амигдала, може да биде причината зошто некои луѓе добро се справуваат со променливиот социјален живот. Истражувачите открија дека дел од мозокот наречен амигдала, чие име потекнува од грчкиот збор за бадем, е поголем кај посоцијалните луѓе отколку кај оние кои водат понедружељубив живот. Наодот, кој важи и за мажи и за жени од сите возрасти, е прв кој укажува на врската помеѓу големината на специфичен мозочен регион и бројот и комплексноста на врските на личноста. Амигдалата е мала во споредба со останатите мозочни региони, но се смета дека игра важна улога во координирањето на нашата способност за проценување на луѓето, помнење на имиња и лица и справување со опсегот на социјални познаници.
Истражувачите од јавната болница во Бостон, Масачусетс, користеа скенирање со магнетна резонанса (MRI) за да ја измерат амигдалата кај 58 луѓе на возраст од 19 до 83 години и открија дека големината на нервот кај дружељубивите може да биде 2.5 кубни сантиметри до двојно повеќе поголема отколку кај асоцијалните луѓе. Како дел од студијата, секој од волонтерите пополнуваше прашалник одредувајќи го бројот на луѓе со кои комуницираа секојдневно. Исто така, тие ја коментираа и комлексноста на секоја врска. На пример, еден пријател може истовремено да биде и шеф, што значи дека личноста мора да го прилагоди однесувањето во зависност од природата на средбата. Тимот, воден од психологот Лиза Фледмен Берет, откри дека учесниците со поголема амигдала вообичаено имаа повеќе луѓе во нивниот социјален живот и одржуваа сложени врски. Оние со најмала амигдала имаа листа од 5 до 15 луѓе како редовни контакти, додека тие со најголема амигдала броеја повеќе од 50 познаници во нивниот социјален живот. Постарите волонтери обично имаа помала амигдала и помал број на луѓе во својот социјален живот.
Пишувајќи во списанието, Nature Neuroscience, тимот на Берет предупредува дека наодот е само корелација, што значи дека не можат да кажат дали постои причинска врска помеѓу големината на амигдалата и исполнетоста на социјалниот живот на личноста. Сепак, претходните студии со примати покажуваат дека оние кои живеат во големи социјални групи имаат и поголема амигдала. “Луѓето кои имаат поголема амигдала може да поседуваат суров материјал кој е потребен за одржување на поголеми и посложени социјални мрежи,” вели Берет. “Така кажано, мозокот е орган од типот искористи-или-изгуби. Можеби кога луѓето повеќе се впуштаат во интеракција добиваат поголема амигдала. Тоа би бил мојот предлог.” “Не е дека некој со поголема амигдала може да прави работи кои некој со помала амигдала не може. Луѓето се разликуваат по тоа колку добро се сеќаваат на туѓите имиња и лица и ситуацијата во која ги запознале. Некој со поголема амигдала едноставно може да биде подобар во памтењето на тие детали,” додаде Берет. Претходните студии открија дека одредени делови од мозокот можат да се зголемуваат со цел да се справат со пообемни задачи. Во 2000 година, тим на невролози преводен од Еленор Магир од УЦЛ покажа дека кај лондонските таксисти расте дел од мозокот наречен хипокампус за да им помогне да ја запомнат менталната мапа на градот.
Снимките од МРИ скенерот на Берет не открија ниедна друга мозочна структура која варира во големина според степенот на сложеност на социјалниот живот на личноста. Овој труд се надоврзува на претходно истражување на Робин Дунбар, директор по социјална и културна антропологија на Оксфорд Универзитетот, кој откри теоретска граница на бројот на значајни врски кои личноста може да ги одржи. Се смета дека таа бројка изнесува околу 150 луѓе.
Берет не испитуваше дали гоелмината на амигдалата варираше со бројот на контакти кои личноста ги имаше на сајтовите за социјално вмрежување како Фејсбук или Твитер, бидејќи не е јасно дали за тоа е потребен истиот когнитивен напор за одржување како и при потрадиционалните врски. Групата на Берет сега ги испитува другите мозочни области за да открие кои други делови од мозокот се вклучени во социјалното однесување и како абнормалностите или повредите на мозокот може да го влошат социјалниот живот на личноста.
Слични Статии: |













