АНКЕТИ
среќата депресијата меморијата луѓето вашата љубов менува интелигенција депресија чекори предизвикува меморија однесување мозокот мисли зошто успех карактер мажите против психологија сексот среќа прави соништа терапија работа музика жените мозок емоции влијае стравот врска живот совети стрес нивните влијаат стресот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЗОШТО НАВРЕДУВАТЕ? |
|
|
|
| Четврток, 10 Март 2011 22:33 |
|
Кога се чувствувате лошо, што правите? Па секако, ги навредувате другите за да се чувствувате подобро.
Паднавте на испит? Или можеби “зафркнавте” некој проект на работа? Шансите да им се “нафрлите” на другите што се различни од вас се поголеми од тие да пробате да се вратите во форма, вели едно ново истражување. „Ова е една од основните причини зошто луѓето создаваат стереотипи и предрасуди. Едноставно, тоа прави да се чувствуваме подобро.“ – вели Џефри Шерман од Универзитетот во Калифорнија. „Кога се чувствуваме лошо во своја кожа, ги омаловажуваме другите луѓе, и со тоа си го подобруваме мислењето за себеси.“
Психолозите сметаат дека има две причини зошто луѓето кои се чувстуваат лошо во сопствената кожа имаат повеќе предрасуди отколку самоуверените луѓе. Шерман вели: ниското мислење за себеси или ги зголемува негативните проценки за другите или помалку ги потиснува ваквите проценки. Меѓутоа, нема универзален консензус ни за едното ни за другото – „Луѓето ги користат истите податоци за да создадат целосно различни аргументи ‘зошто’ прават нешто,“ – па затоа, Шерман и неговиот соработник Томас Ален почнале да ја анализираат причината зошто се однесуваат лошо кон другите, врз основа на личен пример. Нивниот заклучок е: недостатокот на самодоверба ги зголемува негативните предрасуди.
Скриени предрасуди Истражувачите направија неколку испитувања за да го скршат егото на некои од испитаниците и да видат дали тие ќе покажат знаци на расни предрасуди. На 57 испитаници им бил даден тест со 12 тешки прашања кои барале креативно размислување. Никој не одговорил точно на повеќе од две прашања. На околу половина од испитаниците им биле дадени лоши резултати и им било кажано дека просечниот број на точни одговори бил 9, само за да направат да се чувствуваат лошо. На другите им било кажано дека резултатите ќе ги добијат подоцна. Потоа, сите испитаници направија тест за вицовите за расните предрасуди. Тие гледаа во компјутерски монитор на кој се појавуваа позитивни и негативни зборови како и слики од црни и бели луѓе. Прво, стиснуваа на копчето “Е” на тастатурата кога се појавувале црни луѓе или негативни зборови, а потоа стиснуваа на копчето “I” кога имало бели луѓе или позитивни зборови.
Потоа испитаниците се прегрупираа и пак стиснуваа едно копче за црни луѓе или позитивни зборови, а друго за бели луѓе или негативни зборови. Целта на овие тестови беше да се докаже дали ако учесниците имале негативни асоцијации за црните луѓе, потешко би го решеле вториот тест, и ако имале негативни асоцијации со белите луѓе, дали за нив првиот тест би бил потежок. Ова би требало да биде точно особено за луѓето кои имаат лошо мислење за себе. И, како што се очекуваше, тие кои сметаа дека се покажале лошо на тестот, покажале дека имале несомнено повеќе предрасуди.
Зошто ги навредуваме другите? Истражувачите ги примениле овие резултати врз компјутерски модел кој вклучувал четири процеси што можат да се извршуваат додека да се стигне до крајниот резултат, т.е. до нивото кога во нашиот мозок се активираат предрасудите и да се открие дали можат да се надминат истите. Податоците откриваат дека луѓето со лошо мислење за себе полесно ги изнесувале предрасудите не затоа што веќе не можеле да ги сокријат туку затоа што тие чувства се активирале до многу висок степен. „Разликата е суптилна ама сепак е значајна,“ – вели Шерман. „Ако проблемот на луѓето е што тешко ги контролираат предрасудите, тоа лесно ќе се реши преку тренинг на самоконтрола,“ – вели тој. „Меѓутоа, вистинскиот проблем е дека нашиот мозок се стреми кон многу поголеми размери на негативно изнесување кон други групи.“ „Обидот да се размислува поинаку за луѓето може да го реши овој проблем. Ако се чувствувате лошо во сопствената кожа и почнувате да размислувате лошо за другите, потсетете се: „Ова што моментално го чувствувам е само последица од моите лоши резултати на тестот или нешто слично.“
Слични Статии: |













