АНКЕТИ
меморија вашата прави среќа против стравот депресија интелигенција љубов жените мозокот однесување среќата стрес мозок депресијата влијаат карактер предизвикува работа зошто луѓето соништа живот психологија совети влијае врска музика терапија мажите емоции менува мисли сексот нивните стресот меморијата успех чекори
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЛЕКОВИТИ ПРИЈАТЕЛИ |
|
|
|
| Петок, 08 Април 2011 22:47 |
|
Вистинските пријатели можат да ви го продолжат животот.
Едно истражување покажува дека добрите пријатели се одличен лек: силните социјални врски ја одржуваат меморијата со текот на годините, го намалуваат стресот и го зајакнуваат имунитетот; помагаат да ја намалиме и да ја задржиме идеалната тежина; помагаат за време на депресија. „Пријателството го продолжува животот,“ – вели Карл Латкин, професор на школата за јавно здравство. „Ако имате пријатели кои ве поддржуваат, ќе живеете подолго.“ Всушност, едно истражување покажува дека луѓето со стабилни социјални врски имаат 50% помал ризик за смрт, без разлика за кој пол станува збор, здравствена состојба или причина за смрт. Овој податок се базира на информацијата за 300 000 лица кои биле набљудувани просечно по седум и пол години. Според истражувачите, здравствените ризици кои се појавувале како резултат на ретките социјални врски се зголемувале бидејќи овие луѓе почнале да пушат по 15 цигари на ден, што е многу поопасно отколку дебелината и недоволното вежбање.
Други студии покажаа дека пријателите значително влијаат врз здравјето, дури и повеќе од членовите на семејството: едно австралиско истражување од 2005 година откри дека блиските врски со децата и останатите роднини имаат многу мал удел врз долгиот живот, додека пак, луѓето со најмногу пријатели живееле за 22% подолго од останатите. Блиските пријатели помагаат и при борбата со болестите како што се болестите на срцето и дебелината. Едно истражување во Кина покажа дека квалитетот на социјалниот живот, што ја вклучува и силната пријателска врска најмногу помогнала при борбата со ракот. „Ова е навистина интересно, бидејќи ние сметаме дека квалитетот на социјалниот живот може да се менува,“ – вели Меира Еплејн, професор на Универзитетот по медицина. Сепак, експертите за стрес велат дека не е јасно како оваа пријателска врска носи толку придобивки. „Ако имате широк круг на пријатели, дали се тоа тие пријатели кои ве носат на лекар и се грижат на време да ги испиете лековите? Која е разликата?“ – прашува Латкин. „Или пак добриот резултат од некој емотивен или психолошки процес ја зголемува добросостојбата и ја намалува депресијата? Со други зборови, дали пријателите ве штитат од лошо или ви прават добро?“
Жените навистина ги ценат своите пријателки. Меѓутоа, се чини дека и двата пола имаат големи придобивки од силните пријателски врски, вели Латкин. „Порано се мислеше дека мажите имаат поширок круг на пријатели додека пак жените имаат повеќе блиски пријателки, но...тоа не мора да значи дека работите стојат така,“ – вели тој. Едно истражување од 1993 година што беше направено врз 736 средновечни мажи од Шведска докажува дека силните социјални врски значително го намалуваат ризикот од добивање срцев удар или фатална коронарна болест. „Меѓутоа, и претераната дружба е лоша – ќе имате премногу пријатели со премногу барања од вас, што може да е многу стресно.“ – вели Латкин. Тој додава дека пријателствата со луѓе кои ви создаваат конфликти може исто така да има лошо влијание.
За оваа интернет генерација, квалитетот и цврстината на социјалните врски навистина можат да направат разлика. „Да имате 1 000 пријатели на фејсбук е толку небитно во споредба со тие вистински пријатели што ви даваат поддршка – ова значи дека ви требаат луѓе кои ќе ви помогнат и луѓе на кои можете да се потпрете.“ Слични Статии: |











