|
Форензичката психологија всушност не е ‘гранка’ на психологијата во иста смисла како што е бихејвиоризмот или когнитивната психологија. Така е бидејќи не постои “форензичка” теорија во психологијата, нити пак некакви перспективи кои се единствени за оваа етикета. Тогаш, што е таа?

Форензичката психологија во суштина е само примена на психологијата во кривичниот правосуден систем. Бидејќи психологијата директно се справува со разбирањето и предвидувањето на човечкото однесување, тоа е природна област на интерес за криминолозите и оние чија работа е да делат правда. Преку консултирањето со психолозите, судиите и поротата се добива надеж дека ќе се стекне подобро разбирање за тоа зошто обвинетите се однесувале на одреден начин. Во принцип, форензичкиот психолог се повикува за да сведочи на судењето како “сведок-експерт”. Како таков, тој или таа мора да ја превземат одговорноста за преведување на неговата или нејзината клиничка обука во форма кој е прикладна за ширење низ судницата. Генерално, целта не е толку терапевтска колку што е објаснувачка. Постојат неколку специфични задачи кои треба да ги изведува форензичкиот психолог.

Процена на компетентноста Најголемата одговорност на форензичкиот психолог несомнено е процената на компетентност. Во американскиот правен систем, на индивидуата може да и се суди само ако е “компетентна” за тоа. Ова значи дека личноста мора да биде доволно физички и психички здрава за да ги разбере обвиненијата против неа и ефективно да учествува во својата одбрана. На пример, доколку ментално ретардиран човек убива некого во несреќа, може да не му се суди доколку форензичкиот психолог потврди дека му недостасува интелектуален капацитет за да ја разбере природата на неговите дела. Постојат неколку видови на одлуки кои се вклучени во процената на компетентноста. Обично, процената на компетентноста се доведува во прашање само при судења за убиство кога смртната казна е возможна. Бидејќи повеќето луѓе чувствуваат дека би било слично на убиство да се погуби обвинетиот кој не ги разбира тие злочини, форензичкиот психолог мора да се погрижи за ефективно да утврди дека обвинетиот е навистина способен за такви дела. Во случајот кога обвинетиот не е способен, тогаш работата на форензичкиот психолог е да ја објави оваа информација во судницата.

Симулирање Се разбира, постојат одредени ризици поврзани со компетентноста за судење. Најголем е “симулирањето” или лажирањето на некомпетентност. Лесно е да се верува дека обвинетиот кој се соочува со смртна казна може да се обиде лажно да се покаже себеси како некомпетентен за судење со цел да ја избегне таа судбина. Форензичките психолози се особени обучени за да ги откријат таквите итрини и може да се забележи и понатамошно обесхрабрување во вид на сурови казни доколку индивидуата биде откриена за симулирање. Во многу случаи, ова водело до дополнителни обвиненија за попречување на правдата, па дури и посурови казна откако ќе се открие дека е виновен. Процена на ризикот Друга одговорност која ја има форензичкиот психолог е да му помогне на судијата во препорачувањето на соодветна казна доколку обвинетиот е прогласен за виновен. На пример, во случај каде индивидуата извршила насилен грабеж, но психологот нема причина да се соменава дека индивидуата ќе го повтори тоа (надежта за ‘рехабилитација’ е голема), тогаш соодветна може да биде мала казна. За споредба, доколку некој го повторува делото и психологот смета дека има ризик да го повтори делото и после ослободувањето, тогаш може да се одреди и поголема казна. Форензичкиот психолог мора да помогне при одредување на истите. Еден од најголемите фактори додаваат тежина во оваа одлука е “психичката историја” на обвинетиот. На пример, во случајот на кражба, доколку е првиот престап на личноста и таа нема соодветно минато на антисоцијално однесување од овој вид, тогаш ризикот за повторување може да се процени како низок. Од друга страна, доколку поединецот има долга историја на кражби, ризикот за повторување може да биде висок. Важно да се биде прецизен бидејќи можно е казната целосно да се укини докот се процени дека минатото на индивидуата не било земено во предвид.

Соодветно казнување Овој процес имаше големо влијание врз разбирањето на абнормалната психологија низ годините. На пример, благодарение на форензичките студии, сега знаеме дека индивидуите кои извршуваат насилство врз животните како деца, често имаа тенденција да бидат насилни према луѓето како возрасни. Исто така, знаеме дека луѓето кои се вклучени во силување или други сексуални злосторства имаат повисока тенденција за повторување. Бидејќи ги знаеме овие работи, вербата е дека можеме праведно да ги осудиме луѓето. Млад престапник кој сеуште има добра шанса да живее како продуктивен член на општеството има мала веројатност да добие доживотна казна без можност за условно, без разлика на тежината на кривичното дело. Исто така, првото убиство на личноста со долго минато на злоставување на животни и антисоцијално однесување може да добијат построги казни отколку некој кој имаа беспрекорно криминално досие се до вечерта кога извршиле злочин од страст.

Ризикот од предрасуда Улогата на форензичкиот психолог може да биде тешка. Постои голема одговорност вклучена во одредувањето на иднината на друг поединец, особено кога личноста поседува моќ да ја испрати индивидуата во доживотен затвор, па дури и на смртна казна. Поради тоа, се работи за професија која поминува низ многу испитувања и критики. На пример, многумина веруваат дека психолозите кои работат претежно како форензички психолози, природно ќе развијат искривена перспектива за човештвото бидејќи речиси сите клиенти кои ги гледаат исполнуваат криминално однесување од некој вид. Грижата е поради тоа што овие психолози се претставени со ненормална селекција на клиенти, иттие развиваат ненормален поглед на светот кој може да доведе до избрзани и пристрасни чувства во врска со обвинетите криминалци. Јасно е дека влогот е голем и дека е важно да се биде прецизен кога се носат одлуки од видот за кој се повикуваат форензичките психолози. Третирањето на дисциплината со здрав степен на скептицизам и контрола е од витално значење за обезбедување на фер резултати за сите.
|