АНКЕТИ
терапија вашата меморија против прави врска работа љубов чекори мажите предизвикува карактер стравот влијаат емоции совети стресот живот соништа меморијата интелигенција луѓето мозокот сексот среќа зошто мисли музика мозок депресија депресијата менува однесување среќата жените успех стрес психологија нивните влијае
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ВАШАТА МАЈКА |
|
|
|
| Понеделник, 10 Октомври 2011 13:57 |
|
Еве неколку решенија за 3 различни проблеми што луѓето ги имаат со нивните мајки, почнувајќи од крадење пари па се' до тешкото детство поминато без љубов.
Една причина зошто се расправаме со мајките е затоа што ги сакаме. Врската помеѓу мајката и детето е силна колку пајаковата мрежа, исто толку е и комплицирана. Дали вашата мајка ве полудува? Направете нешто – немојте да стоите заглавени во мрежата на проблемите со мајка ви! Како да ги решите проблемите со вашата мајка? За ова нема едноставни одговори. Но, има неколку совети.
Додека бев дете, мајка ми не покажуваше никаква љубов кон мене, затоа не можам да и' простам „Кога зборувам со мајка ми, не можам да престанам да ја обвинувам," – вели Л. „Постојано ја потсетувам дека не беше добра мајка. И' кажувам дека никогаш не покажала љубов кон мене а истото го прави и со сестра ми која е во депресија. Тоа што мене ме нервира е дека таа одрекува се'. И веднаш се навредува. Не сакам да ја повредам. Мислам дека сум и' простила за се', но кога и да почнеме да зборуваме, се случува истата работа. Зошто не можам да престанам со тоа? Навистина ја сакам и не сакам да ја повредам." По се' изгледа дека вие сте сеуште лути и повредени иако тврдите дека сте им простиле на мајка ви но сепак го имате истото однесување кон неа. Веројатно треба да промените 2 работи: навистина да и простите и да го промените однесувањето.
Вистинското простување не значи дека ќе заборавите на минатото – значи дека сте се ослободиле од болката и горчината. Вистинското простување значи дека сте ги преминале лошите работи што ви ги направила мајка ви и затоа се ослободувате од потребата за одмазда и престанувате да се опседнувате со тоа како се однесувала со вас во минатото. Исто така, треба да направите разлика меѓу тоа како се однесувала со вас и каква е по природа. Таа е како сите луѓе, прави грешки и ќе продолжи да прави грешки. И таа е човек. Запомнете дека решавањето на овој проблем ќе ве направи посреќни и поздрави. Промената во однесувањето значи наоѓање нови начини на гледање на проблемите што мајка ви ви ги правела во минатото.
Мајка ми не ја прифаќа мојата сексуална ориентација и почнуваме се' повеќе да се расправаме „Постојано се расправаме затоа што не може да се помири со мојата сексуална ориентација," – вели Р. „Цело време и' зборувам дека не решив самиот дека сакам мажи, едноставно, чувството постоеше. Верувајте ми, да имаше начин да се справам со мојата сексуалност, ќе го направев тоа. Никој не сака живот во кој ќе биде покажуван со прст и исмеван." Прво и основно, треба да сфатите дека проблемите ќе стануваат полоши затоа што мајка ви нема да се промени. ВИЕ треба да го промените начинот на кој и' се обраќате. Таа не знае дека таа всушност ви претставува проблем. Таа сигурно нема да се промени.
Значи, обидете се да го промените начинот на пристап кон неа и да ги решите проблемите кои таа ви ги прави во животот. Запомнете дека секоја врска помеѓу мајката и детето е различна, но има совети кои важат за сите. Мајка ми е лоша и ме малтретира, но не сакам да ја пратам во дом за старци „Мајка ми е врзана за креветот но и на 80-годишна возраст сеуште ме малтретира," – вели Р. „Јас се обидувам да се грижам за неа затоа што не сакам да ја пратам во дом за старци. Сестра ми сака да ја пратиме, но јас не се осмелувам на таков чекор. Се обидов да се грижам за неа, но таа постојано е груба и лоша со мене. Почнувам дури и да се прашувам дали можеби страда од некакво лудило."
Постојат многу домови за старци, и многу од вработените таму сакаат да се грижат за постари лица. Работата е тоа што ваквите домови ги бие лош глас – а условите таму воопшто не се лоши. Посетете еден дом и зборувајте со вработените. Можеби ова е најдобриот начин да се справите со проблемите со мајка ви. Наместо да го трпите грубото и разгалено однесување на мајка ви во вашиот сопствен дом, најдете добар дом за старци. Не мора да значи дека и на мајка ви и' е најдобро покрај вас. Вака, двете страни ќе бидат задоволни.
Слични Статии: |













