АНКЕТИ
психологија против сексот мозокот нивните живот успех зошто влијае мажите меморијата меморија депресија однесување влијаат љубов стрес соништа емоции стравот музика чекори прави среќа совети работа среќата вашата терапија жените стресот луѓето предизвикува депресијата мозок мисли менува врска интелигенција карактер
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЗОШТО НЕКОИ ЛУЃЕ СЕ ПОАГРЕСИВНИ? |
|
|
|
| Среда, 12 Октомври 2011 16:18 |
|
Нови податоци за тоа зошто некои луѓе се поагресивни од други...
Едно истражување од Универзитетот Кембриџ покажува дека промените на нивото на серотонин во мозокот кои често се појавуваат кога некое лице не јадело долго време или е под стрес,влијаат врз пределите на мозокот што им овозможува на луѓето да ја регулираат лутината. Иако ниските нивоа на серотонин порано се поврзувале со агресивност, ова е прво истражување кое покажува како оваа супстанција помага при регулирањето на однесувањето во мозокот а исто така објаснува зошто некои луѓе се повеќе склони кон агресивност.
За целите на истражувањето, нивоата на серотонин кај здравите доброволци беа променети со тоа што се менуваше нивниот начин на исхрана. Денот кога не примаа серотонин, им беше дадена мешавина од амино киселини во кои немаше триптофан, основата на серотонинот. На денот кога се применуваше ефектот плацебо, им беше дадена мешавина но со нормална количина на триптофан. Потоа, истражувачите го скенираа мозокот на доброволците со помош на магнетна резонанца додека тие набљудуваа налутени, тажни лица и неутрални изрази. Со магнетната резонанца, тие можеа да покажат како пределите на мозокот реагираа и комуницираа меѓусебно кога доброволците гледаа тажни лица во споредба со тажни и неутрални изрази.
Истражувањето покажува дека при ниски нивоа на серотонин, се воспоставува комуникација помеѓу одредени предели на мозокот во емоционалниот лимбичен систем (структура наречена амигдала) и фронталниот предел која е послаба во споредба со комуникацијата при нормални нивоа на серотонин. Податоците покажуваат дека кога нивоата на серотонин се ниски, фронталниот кортекс има проблеми при контролата на емоционалните реакции на лутина кои се генерираат во амигдалата.
Со помош на анкета за личноста, истражувачите открија кои лица имаат природна склоност да се однесуваат агресивно. Кај овие лица, врските меѓу амигдалата и предфронталниот кортекс се уште послаби кога нивото на серотонин е ниско. Слабите врски покажуваат дека предфронталниот кортекс има проблеми при контролирање на чувствата на бес кои се генерираат во амигдалата кога нивото на серотонин е ниско. Како резултат на тоа, овие лица кои се склони кон агресија имаат недостиг на серотонин.
Доктор Моли Крокет вели: „Со децении се знае дека серотонинот игра клучна улога во агресивноста, но неодамна се откри дека постои технологија која помага при анализа на мозокот и покажува колку серотонинот помага при контролата на емоционалните импулси. Комбинирајќи ја долгата традиција во бихевиоралните истражувања со новата технологија, конечно можевме да го откриеме механизмот на влијание на серотонинот врз агресивноста."
Доктор Лука Пасамонти, коавтор на истражувањето вели: „Иако овие резултати доаѓаат од здрави доброволци, тие се сосема релевантни и за луѓето со психички пореметувања кај кои насилството е чест проблем. На пример, овие резултати можат да помогнат при објаснувањето на механизмот на мозокот кај луѓе со периодични експлозивни нарушувања (IED). Овие лица покажуваар интензивни, екстремни и неконтролирани импулси на насилство кои се јавуваат како резултат на провокација од некое лице со израз на лутина." „Се надеваме дека нашето истражување ќе ја подобри дијагнозата за оваа болест и ќе помогне при подобрувањето на медикаментите за лекување на вакви состојби."
Слични Статии: |













