АНКЕТИ
емоции менува прави луѓето психологија против влијаат терапија музика депресија сексот жените живот успех врска соништа карактер среќа среќата меморија чекори однесување нивните мозок мозокот мажите стрес мисли стресот влијае депресијата меморијата совети љубов вашата интелигенција работа зошто предизвикува стравот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| СТРЕСОТ ЌЕ ВЕ НАПРАВИ ЛОШ РОДИТЕЛ |
|
|
|
| Четврток, 13 Октомври 2011 20:58 |
|
Да се биде родител не е лесна работа. За родителите кои веќе долго време се под стрес, оваа задача станува уште потешка.
Едно ново истражување објаснува зошто хроничниот стрес и чувањето деца се многу лоша комбинација. Еден тим на научници од Универзитетот во Рочестер откри дека долгорочните проблеми како што се сиромаштијата и депресијата го менуваат начинот на кој телото реагира на стрес. Ваквата склоност предизвикува проблеми кај мајките кои чуваат деца. Долгорочниот стрес може да предизвика проблематично однесување кај родителите како што е негрижата, непријателскиот однос и бесчувствителноста. „Стресот влегува под кожа." - вели Мелиса Стурџ Епл, професор доктор и автор на статијата Развојот и психопатологијата. „Стресот буквално го менува начинот на кој телото на мајката реагира на нормалните барања на детето и токму овие промени можат да го направат мајчинството лошо."
Иако ефектите на стресот се документирани кај децата и се поврзуваат со појавата на болести кај возрасните, ова е едно од првите истражувања кое го разгледува начинот на кој стресот влијае врз одгледувањето на децата. Во ова истражување, научниците ги разгледуваа факторите кои предизвикуваат стрес како што се сиромаштијата и депресијата и анализираа како овие фактори на стрес влијаат врз телото. „Стресот не е присутен само во главата, туку и во телото." - вели Стурџ Епл. Ова истражување е исто така првото кое го измери психолошкиот стрес во реално време, вели Фред Рогош, коавтор на истражувањето.
Реакциите на испитаничките беа регистрирани со помош на ЕКГ монитор кој беше специјално изграден за ова истражување. Оваа направа им помогна на истражувачите да ги набљудуваат суптилните промени во ритамот на срцето на испитаничките. Способноста да се добијат реални мерења значително ја подобри релевантноста на истражувањето а отвори можност за испитување и на други методи како што е мерење на хормонот на стрес наречен кортизол. Новиот ЕКГ монитор може да стане значаен алат за мерење на стресот надвор од лабораторијата, велат авторите. На пример, може да се користи во клинички околности како монитор за мерење на биоемоционална повратна информација, со што ќе им дава податоци на терапевтите за тоа кои терапии најдобро функционираат при премостувањето на негативните чувства.
Истражувачите анализираа 153 мајки и нивните деца на возраст од 17 до 19 месеци. Оваа анализа се спроведуваше во текот на два часа. Со помош на безжичен ЕКГ монитор, се мереше реакцијата на стрес на секоја од мајките во текот на една ситуација кога нивното дете беше оставено само со странец на неколку минути. Потоа, беа направени и снимки од повторната средба на мајката и детето. Кај мајките со високи симптоми на депресија, реакцијата на стрес беше хиперактивна. Ритамот на срцето кај овие мајки беше забрзан, а уште повеќе се забрзуваше ако почувствуваа дека детето е вознемирено.
После повторната средба на мајката со детето, ритамот на срцето сеуште беше забрзан. За време на слободните активности, мајките со хиперактивни реакции на стрес беа најмногу непријателски настроени кон детето иизбувнуваа со навредувачки коментари, лутина во тонот на обраќање и грубост при физичкиот допир. Според истражувачите, ова истражување покажува дека депресијата кај мајките понекогаш е поврзана со грубо и напнато одгледување на децата. Стурџ Епл верува дека истражувањето ќе ја појасне биолошката основа за ваквото однесување - системот за реагирање на стрес кај мајките кои страдаат од депресија е постојано напнат, премногу чувствителен и не е способен да се смири. Од друга страна, испитаничките кои имаа проблеми со финансиите и живееа на места со висока стапка на криминал покажаа ниска, хипоактивна реакција на стрес.
Ритамот на нивното срце беше побавен и малку се покачи кога нивните деца беа во невоља. За време на слободните активности, нивното срце работело најбрзо. Иако им било кажано дека треба да си играат со децата, овие мајки најчесто ги игнорирале сопствените деца и не обрнувале внимание на нивните потреби за внимание. Психолозите велат дека оваа намалена реакција кон детските барања резултира од самиот факт дека тие живеат во сиромашни населби со многу криминал. Тие секојдневно се соочуваат со опасности и закани, па затоа можеби и не реагираат толку бурно на стрес, заклучува Стурџ Епл.
Слични Статии: |













