АНКЕТИ
стравот стрес чекори емоции депресија прави луѓето музика мажите мозокот меморијата љубов мисли карактер стресот депресијата против предизвикува влијаат жените зошто соништа психологија нивните менува совети мозок среќа интелигенција успех терапија меморија сексот среќата вашата врска влијае однесување работа живот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПАРИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ БРАКОТ |
|
|
|
| Петок, 14 Октомври 2011 18:47 |
|
Едно ново социолошко истражување открива дека луѓето што немаат автомобил или други финансиски средства поретко одлучуваат да стапат во брак...
Влијанието на недостигот од лично богатство ги објаснува промените во брачниот концепт во САД, вели Даниел Шнајдер од Универзитетот Принстон. Статистиката покажува дека во изминатите неколку децении, американците почнале да стапуваат во брак во подоцнежните години. Помеѓу 1970 и 2000 година, просечната возраст на луѓето кои прв пат стапуваат во брак се покачи за 4 години, а процентот на луѓето кои се решиле дека не стапуваат во брак се зголеми од 5 на 10 проценти. „Шокантно е тоа што се зголемила сатисфакцијата во бракот врз основа на расата и образованието." - вели Шнајдер.
„Од 1980 до 2000 година, процентот на жени од бела раса кои биле во брак на 25 или 29-годишна возраст е 68 проценти, но кај жените од жолта раса падот беше поголем, паднал за 25 проценти и стигнал до 38 проценти." Слична беше разликата и кај луѓето со различен степен на образование. Оние со понизок степен на образование биле во групата што полесно стапуваат во брак. „Овие разлики се значајни затоа што социјалната наука смета дека бракот носи подобрувања кај возрасните и кај децата." - вели Шнајдер.
„Оние кои веќе се во потешка ситуација сега се' помалку стапуваат во брак, всушност се лишат од придобивките на бракот." Експерите не можат да потврдат зошто има толку големи разлики. Многу истражувања откриле дека стабилната работа и солидниот приход се важни фактори кои се решавачки кога се носи одлука за брак. Бидејќи луѓето од црната раса и оние со понизок степен на образование имаат проблеми на пазарот на трудот, полесно остануваат во брак а со тоа ја правата уште поголема разликата во процентот на бракови. Но, приходот покрива само дел од овие разлики, вели Шнајдер.
Шнајдер испитуваше дали акумулираното богатство (без разлика дали станува збор за автомобил, пари во банка или акции) игра улога во одлуката за брак. Според неговите претпоставки, ако богатството влијае врз одлуките за брак, тогаш постоечките нееднаквости во богатството помеѓу луѓето од црната и белата раса ги предизвикуваат овие разлики во брачните статистики. Користејќи ги податоците од националната лонгитудинална младинска анкета (1979 година), Шнајдер испитуваше дали поседувањето на ваквите сретства ја зголемува можноста за тие да се решат прв пат да стапат во брак во тек на една година. Откако била извршена контрола над факторите како што се приходите, вработувањето и семејната позадина, анализирањето покажало дека еден автомобил може да ја зголеми веројатноста дека еден маж ќе стапи во брак во текот на една година. Поседување финансиски сретства ја зголемува веројатноста за 1, 5 проценти. Богатството исто така ја зголемува веројатноста дека и жена би стапила во брак, но сепак веројатноста кај жените е пониска. Резултатите покажуваат дека разликата меѓу богатството кај луѓето од црна и бела раса во САД придонесува кон зголемување на разликата во бројот на бракови.
Според анализата на Шнајдер, околу 30 проценти од расната брачна разлика се објаснува со богатството, додека пак приходите, вработувањето и јавните придобивки влијаат врз 20 проценти. Ефектот на богатството ја објаснува разликата меѓу брачните статуси на луѓето кои не завршиле средно и оние со факултетско образование. „Гледано во целина, најдовме докази што го поткрепуваат аргументот дека богатството е значајна придобивка за иден брак, особено кај мажите." - вели Шнајдер. „Она што луѓето го поседуваат, а не само тоа што ќе го заработат и научат, всушност ја оформува шансата за влез во брак." Шнајдер верува дека овие податоци се добри за понатамошно социолошко испитување. „Спротивно на грижата дека вакви програми нема да направат значајна разлика во животот на богатите затоа што овие индивидуи тешко дека ќе акумулираат сретства, сметам дека и најмалото богатство може да им помогне на мажите."
Слични Статии: |












