АНКЕТИ
влијае живот соништа работа вашата интелигенција мозокот успех стрес терапија мажите стресот депресија однесување меморија среќата врска мисли прави луѓето совети стравот чекори депресијата менува сексот зошто жените карактер психологија влијаат предизвикува меморијата нивните мозок емоции љубов против музика среќа
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| СРАМОТ И СОЦИЈАЛНОТО ИЗБЕГНУВАЊЕ |
|
|
|
| Понеделник, 31 Октомври 2011 14:30 |
|
Веројатно не постои потешка и поболна емоција од срамот...
Срамот вклучува потполно самоосудување. Тоа е голем напад против она Јас за кое индивидуата смета дека за општеството е потполно неприфатливо. Како резултат на неговата голема моќ, срамот предизвикува чувства на немилост и обесчествување. Личноста која чувствува срам сака да се скрие од секого. За споредба, вината не вклучува самоосудување. Наместо тоа, вината вклучува самокритикување за погрешен акт или однесување. Самокритиката е насочена кон грешка која личноста ја направила и за која се чувствува виновна и сака да се искупи. Се разбира, психолошки гледано, постои преклопување помеѓу срамот и вината кога засрамената личноста може да чувствува и вина.
Сепак, срамот е многу почеста во јавноста од вината. Личноста која чувствува срам очекува осуда од секого. Личноста која чувствува вина може да биде единствена која е свесна дека била направена грешка. Виновната личност може да чувствува губиток на самодовербата, но не до тој степен кој го доживува усрамената индивидуа. На пример, студент кој успешно мамел на испит може да чувствува вина за високата оцена со која го наградил професорот бидејќи не е заслужена. Но, никој не е свесен за измамата. Од друга страна, студент кој е фатен додека мами за време на испит, со книга во неговиот скут, пред сите колеги, може навистина да почувствува екстремен срам и непријатност. Срамот е резултат на фактот дека секој е свесен за сериозната природа на прекршокот.
Социјално избегнување Има значаен број на луѓе кои страдаат од пореметување на личноста наречено социјално избегнување. Ова пореметување понекогаш се меша со социјалната фобија. Разликата помеѓу анксиозното пореметување или социјална фобија и избегнувачкото растројство на личноста е во природата на пореметувањата на личноста. Пореметувањето на личноста е доживотен образец на однесување кој предизвикува проблеми со работата и личните врски. Фактот дека тоа е доживотен образец на однесување го прави лекување екстремно тешко.
Симптомите на растројството на избегнувана личност вклучуваат: 1. Социјална фобија со голема анксиозност кога личноста е опкружена со луѓе. 2. Екстремна срамежливост. 3. Чувства на неадекватност и осетливост на одбивање и критикување. 4. Избор на осаменост и изолација наместо ризикување за поврзаност со други луѓе. 5. Екстремна осетливост на критика и срам кога се критикувани. 6. Избегнување на критикувањето повеќе од било што. 7. Избирање на социјална изолација како начин за избегнување на критикувањето. 8. Избегнување на контакт со очи на работното место или на други места. 9. Избегнување на зборување на работно место или други места. 10. Избегнувачката личност е постојано во потрага по знаци на неодобрување од другите. Овој вид на внимателна процена од другите може да има дури и параноичен вкус, но повеќе е поврзана со надмоќната желба да се заштита себеси од исмејување и пониженост.
Срамот и неговата поврзаност со избегнувачката личност Бидејќи срамот е универзална човечка емоција откриена кај сите цивилизации и култури, постојат различни сетови на корења од кои извираат причините за срам. Во западните цивилизации, големо е нагласување на тоа да се биде посебна, автономна, неемотивна личност. Големата вредност ставена на индивидуалноста и самодоволноста во Западното општество игра значајна улога во комплицирањето на нештата за оние кои се борат со растројстото на избегнувачка личност. Компликацијата е во тоа што вредноста ставена на индивидуалноста станува рационализација или изговор за избегнувањето на социјална интеракција. За овие индивидуи, социјалната интеракција е толку болна што мора да се избегне по секоја цена. Сепак, во повеќето професии неопходно е да се однесувате на социјално прифатлив начин за да бидете успешни. Наскоро на овие индивидуи им станува јасно дека мора да се потпрат на соработката со другите луѓе на работното место, како и на други места.
Потребата за соработка со другите на работа се доживува како закана бидејќи тие се присилени да се соочат со нивните социјални стравови и долго воспоставените шеми на однесување. Всушност, социјално избегнувачките личности може да го доживеат потпирањето врз другите луѓе како понижување. Силно уверени во ставот дека е подобро "да се направи сам", сакаат да се повлечат во изолација. Тоа е вистинска загатка, од една страна, да сакате да избегнете социјални контакти бидејќи тоа буди силна анксиозност и да мора да признаете дека имате потреба од другите за успешно да функционирате од друга страна. И покрај проблемите со анксиозноста и потребата за социјално избегнување, независноста е високо вреднувана. Истовремено, природата на социјално избегнувачката личност е таква што секое критикување, дури и најлесното, се доживува како акутна болка. Всушност, критикувањето предизвикува избегнувачката личност да се чувствува понижено, а поради тоа и засрамено.
Слични Статии: |













