АНКЕТИ
прави против мозокот жените депресија нивните менува љубов стравот депресијата карактер среќа врска соништа меморија мисли вашата сексот влијаат меморијата совети интелигенција предизвикува мажите среќата зошто стресот влијае луѓето успех живот работа стрес чекори емоции мозок психологија музика однесување терапија
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| САРКАЗМОТ Е ЕВОЛУТИВНА ПРЕДНОСТ |
|
|
|
| Петок, 26 Ноември 2010 23:03 |
|
Луѓето се пред се социјални суштества. Тоа значи дека меѓусебно си дејствуваме позитивно и пријателски, но исто така знаеме и да манипулираме со другите на негативен начин.
Невропсихологот Кетрин Ранкин од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, неодамна откри дека сарказмот (кој е воедно и позитивно смешен и негативно непријатен) игра важна улога во човечката социјална интеракција. Па што? Дајте, кому му е гајле за тоа? Немате ли друга попаметна работа отколку да ја читате оваа колумна?
Според др. Ранкин, доколку не го сфативте саркастичниот тон на претходните реченици најверојатно ви е оштетена парахипокампалната вијуга која се наоѓа на десната страна од мозокот. Луѓето со деменција, или повреди на главата во тој регион, често ја губат способноста да препознаат сарказам, и затоа не реагираат на него на социјално прифатлив начин. Веројатно ова е патологија, што од своја страна укажува дека сарказмот е дел од човековата природа и веројатно еволутивно добра работа.
Како е можно нешто како сарказмот да биде дел од човечката социјална интеракција? Еволутивните биолози тврдат дека социјалноста ги направила луѓето успешен вид. Ние сме исклучителни во она што антрополозите и останатите го нарекуваат "социјална интелигенција". Имаме стотици и стотици врски и лесно успеваме да ги разграничиме пријателите од непријателите. Уште поважно, нашиот живот се одвива според социјални пресметки. Секоја услуга ја помниме и возвраќаме штом ќе ни се пружи прилика, некогаш и многу години подоцна. На истиот начин нашата психа ги бележи и навредите и пакосните дејства на другите луѓе. И постојано се караме за ситници и смируваме, дури и со оние кои ги сакаме. Сарказмот, тогаш е "вербален чекан" кој ги поврзува луѓето на позитивен и негативен начин. Знаеме дека смислата за хумор е важна во врските; доколку некој не ги разбира вашите шеги, тогаш е мала веројатноста да ви биде пријател. Сарказмот е едноставно темната страна на хуморот. Според таа аналогија би било исто толку вознемирувачко доколку пријателот не изреагира на вашите зајадливи забелешки.
Лесно е да се претпостави зошто сарказмот низ времето се покажал како еволутивна предност. Вратете се на момент во некое дамнешно време. Замислете двајца мажи кои бегаат низ саваната од изгладнет лав. Едниот му вели на другиот: "Се забавуваме ли?", при што другиот го гледа бледо и застанува на момент да сфати што по ѓаволите сакал неговиот пријател да каже со тоа. Тоа е крај на нивното пријателство, а воедно и крај на неговиот живот бидејќи лавот го зграпчува. Сега да се вратиме во сегашноста. Денес мрежата на односи помеѓу луѓето е поширока и посложена, и подеднакво толку битна за опстанокот. Шефот на компанијата кажува саркастична забелешка, и оние кои ќе ја "укапираат" се насмевнуваат или смеат, и со тоа добиваат поени кај него. На истиот начин, доколку тој не изрече никаков зајадлив коментар, саркастичните луѓе ќе започнат со такви забелешки зад неговиот грб, и по таа основа ќе се здружат и зближат на крајот. Како и да е, сарказмот игра улога во создавањето на нови пријателства и сојузи и прекинување на старите. Фала му на Бога за тоа, бидејќи животот без сарказам би бил прездодевен и премногу убав, ако ме прашувате мене.
Слични Статии: |











