АНКЕТИ
соништа карактер депресијата меморијата однесување живот успех депресија луѓето среќа мисли среќата вашата врска жените терапија музика љубов предизвикува нивните прави стресот влијаат зошто интелигенција стравот влијае чекори против мозок мозокот совети менува мажите стрес емоции психологија меморија работа сексот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПСИХОЛОГИЈА НА ДОПИРОТ |
|
|
|
| Понеделник, 26 Декември 2011 15:27 |
|
Едно ново истражување открива дека допирот на рамото го зголемува одговорот на мозокот на емоционална стимулација. Убедувачките ефекти на допирањето се откриени. Научниот магазин Социјална Невронаука, објави истражување во кое се испитувани психолошките ефекти од допирањето во социјални ситуации. Експерименталниот труд на Анет Шример и нејзините колеги е ставен во рамки на невронауката и е многу понапреден од другите истражувања на слична тема во минатото.
Ефектите од допирањето во социјалниот живот Претходните истражувања во врска со допирањето покажале дека ако непознат допре некого тогаш тој е понаклонет да му направи услуга. На пр., доколку келнерот во ресторанот ги допре луѓето кои вечераат тогаш тие се понаклонети да му остават поголем бакшиш во споредба со оние гости кои не ги допрел. Уште еден пример, овојпат за библиотекарите. Доколку библиотекарот го допрел оној кој дошол да се зачлени, на прашањето за љубезноста на библиотекарот подоцна, новиот член давал повисоки оценки отколку оние нови членови кои не биле допрени (Џерет, 2011). Психологијата на допирот е интересна приказна за убедувањето во секојдневниот социјален живот.
Експерименти со ЕЕГ Електроенцефалограф или ЕЕГ, бил искористен од Шример и колегите во психолошката лабораторија за да ја прикаже новата невронаука на допирот. ЕЕГ е аналитички метод за бележење на електричната активност на мозокот, честопати наречена мозочни бранови. На женските учесници во истражувањето за допирот им биле покажани неутрални или негативни визуелни дразби во Шимеровата лабораторија, а за тоа време, ЕЕГ-то ја мерело површинската мозочна активност на нивните мозоци.целта на експериментот била да истражи како допирот влијае врз одговорот на мозокот на неутралните и негативните сликовни дразби. Имало три експериментални ситуации, допир на рамото од женска пријателка, допир преку манжетна за притисок која била управувана од женската пријателка и допир преку манжетната кога била управувана од компјутер. Имало и контролна група на женски испитаници кои не добивале никаков допир. Сложениот дизајн им дозволил на Шимер и колегите да проценат дали имало врска кој гој врши допирањето, близината на допирот или дали самиот допир имал влијание врз мозочните бранови кај жените. Невронаука на допирот Во Шимеровата лабораторија за невронаука, експерименталните резултати покажале дека допирот од пријателката го засилил одговорот на мозокот на емоционалните слики. ЕЕГ–то покажало поголемо ППК (последна позитивна компонента) на мозочните бранови кај учесничките кои биле допирани од човек. Без оглед на тоа дали биле допирани од човек или од манжетната, поголемо ППК било забележано кај испитаничките во споредба со оние од контролната група кои не добивале никаков допир.
Според психолозите ППК е показател за електричната активност на мозокот кој е поврзан со процеси на правење ментални процени. Шример и колегите тврдат дека повисоката забележана вредност за ППК за емоционалните слики во споредба со неутралните е поврзана со допирот, без разлика на контекстот на допирот.
Ова истражување е почеток на потврдата дека психолошките ефекти од допирот не се резултат на нашето божемно давање значење на допирот, туку поддршка на погледите дека психологијата на допирот има реален ефект, базиран на дојдовното сензуално влијание на допирот. Шример и групата на психолози сметаат дека нивното истражување е во врска со претходните бихејвиорални истражувања кои покажале дека допрената личност е поалтруистична личност. Ваквиот алтруизам може да се пренесе и на пријателите, семејството или непознатите кои се мотивирани од допирот.
Слични Статии: |













