АНКЕТИ
среќата вашата работа прави психологија против меморијата соништа врска однесување сексот мозокот депресија терапија мозок стравот љубов предизвикува карактер влијаат успех зошто меморија чекори жените живот влијае нивните среќа мажите менува совети стрес музика депресијата емоции мисли стресот интелигенција луѓето
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ДАЛИ РЕЛИГИОЗНИТЕ ЛУЃЕ СЕ ПСИХОЛОШКИ ПОПРИЛАГОДЕНИ? |
|
|
|
| Сабота, 21 Јануари 2012 13:55 |
|
Дали живееме во свет во кој е подобро да си верник или неверник?
Психолошките истражувања во минатото покажале дека религиозните луѓе се чувствуваат добро со себеси, имаат тенденција кон повисока социјална самопочит и се подобро психолошки прилагодени отколку неверниците. Но, една нова студија објавена во списанието Psychological Science, весник на Асоцијацијата за Психолошка Наука, дошла до сознание дека ова е точно само за оние земји во кои религијата високо се вреднува. Истражувачите ги добиле своите податоци за истражување од eDarling, сајт за запознавање популарен во некои земји во Европа. Тие употребуваат долги прашалници за да ги спојат клиентите на потенцијален состанок. Во прашањата вклучени се и такви кои се интересираат за тоа колку ви се битни религиозните верувања како и прашања за социјалната самопочит и колкава е психолошката прилагоденост на луѓето.
Предводени од Јохен Гебауер од Хамболт Универзитетот во Берлин, неколку истражувачи употребиле одговори на точно 187 957 луѓе за својата анализа.
Слично на другите истражувања, истражувачите пронашле дека религиозните луѓе имале поголема социјална самопочит и биле поприлагодени психолошки. Но, тезата на истражувачите била дека ова се случува поради тоа што религиозните луѓе подобро се снаоѓаат во исполнување на своите општествени вредности во религиозни општества, кое за возврат им носи поголемо самопочитување и подобра психолошка прилагоденост.
Луѓето чии податоци биле испитувани во студијата биле од 11 земји, почнувајќи од Шведска, можеби најнерелигиозната земја на светот, до исклучително католички ориентираната Полска. Она што направиле истражувачите било искористување на податоците на поединците за да ги групираат по земји и потоа ја споредувале религиозноста на земјите една со друга.
Во просек, верниците ги добивале своите психолошки бенефити од религијата ако живееле во земја која високо ја вреднува религиозноста. Во земји каде повеќето луѓе не се религиозни, религиозните луѓе немале повисока самопочит.
„Сметаме дека човек се гордее со својата религиозност само ако живее во општествен систем кој ја вреднува религиозноста" вели Гебауер. „Па така на пример, многу религиозен човек кој живее во Полска и има висока самопочит, во Шведска не би ја имал."
Во оваа студија, истражувачите направиле споредба помеѓу различните земји, но едно друго истражување нашло сличен ефект во рамки на иста земја, помеѓу студенти на религиозни и нерелигиозни универзитети. „Истото може да важи и кога ќе се споредуваат различните држави во САД или пак различните градови," претпоставува Гебауер, „веројатно истото може да се преслика и во Германија, ако ја споредите Баварија, каде многу од луѓето се религиозни, со Берлин каде малкумина се религиозни."
Слични Статии: |















