АНКЕТИ
терапија музика мозок совети успех зошто жените стресот сексот меморијата депресија емоции мажите вашата однесување соништа предизвикува карактер влијаат менува живот среќата работа стрес луѓето нивните мозокот мисли среќа врска прави интелигенција чекори против психологија депресијата влијае меморија љубов стравот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ГРУПИТЕ ВЕ ОГЛУПУВААТ!? |
|
|
|
| Вторник, 21 Февруари 2012 11:52 |
|
Едно ново, провокативно истражување, открива дека динамиката на малите групи може да ја намали експресијата на коефициентот на интелигенција кај некои луѓе кои се подложни на такво нешто.
Во студијата, истражувачите утврдиле дека коефициентот на интелигенција е значително поврзан со социјалниот контекст. За време на истражувањето, научниците од Политехничкиот институт во Вирџинија Карилион покажаа дека ситуации, како што се дискусиите на поротата, колективните преговарачки сесии и коктел забавите, можат да ги намалат когнитивните способности.
"Може да се шегувате за тоа како присуството на разноразни состаноци ви го умртвува мозокот, но нашите наоди укажуваат на тоа дека тие може да ви делуваат навистина така", рече д-р Рид Монтеки, директор на лабораторијата за човекова невровизуелизација и компјутерската психијатриска единица, кој ја предводел студијата. Истражувачите користеле функционална магнетна резонанца (ФМРИ) да се испита како мозокот процесира информации за социјалниот статус во мали групи и како перцепциите на тој статус влијаат врз изразувањето на когнитивните капацитети.
"Почнавме со поединци кои беа групирани според нивната интелигенција", рече Монтеки. "Сепак кога ги сместивме во мали групи, ги рангиравме нивните перформанси на когнитивни задачи во однос на останатите, потоа им ги кажувавме овие рангирања, видовме драматичен пад во способноста на некои испитаници да ги решаваат проблемите. Овој социјален фидбек имаше значаен ефект. "
"Нашата студија покажа неочекувани и драматични последици дека дури и суптилни социјални сигнали во групни ситуации може да имаат влијание врз индивидуалното когнитивно функционирање", вели водечкиот автор д-р Кенет Кишида, "И, преку невровизуелизација, бевме во можност да ги документираме многу силните нервни одговори кои тие социјални знаци може да ги извлечат."
Во студијата, истражувачите администрирале стандарден тест за да го утврдат основниот коефициент на интелигенција кај студенти одбрани од два универзитети. Иако испитаниците имале сличен основен IQ скор – просечно околу 126, во споредба со националниот просек од 100 - коефициентот на интелигенција кај некои поединци бил намален или пак бил под влијание на нивниот статус во рамките на малата група чиј дел биле во истражувањето.
Истражувачите сакале да знаат како се менува мозокот кога IQ привремено ќе падне. Субјектите биле поделени во две групи врз основа на резултатите од нивното последно рангирање – од една страна оние со високи перформанси, кои постигнале резултат над медијаната, од друга оние со ниски перформанси , кои постигнале резултат точно на или под медијаната. На двајца од секоја група од пет испитаници им биле скенирани нивните мозоци со користење на ФМРИ додека ја исполнувале задачата.
"Ние не знаеме колку овие ефекти се присутни во ситуации од реалниот свет", изјави Кишида. Кишида и неговиот тим веруваат дека со оглед на потенцијално штетните ефекти на селекцијата со групен или социјален статус, идните истражувања треба да се посветат на тоа, што точно, општеството селектира при изборот во опкружувања на конкурентно учење или работа.
„Оваа студија ни покажува дека идејата коефициентот на интелигенција да го сметаме како нешто што може сигурно да се измери во изолација без да се земат во предвид интеракциите со социјалниот контекст е во основа погрешна," изјави коавторот д-р Стивен Кварц. „Уште повеќе, ова ни покажува дека идејата за поделба на социјално и когнитивно процесирање во мозокот е навистина поприлично вештачка. Двата типа имаат длабока взаемна интеракција."
"Толку многу од нашето општество е организирано околу интеракциите во мали групи," рече Кишида. "Разбирањето за тоа како нашите мозоци одговараат на динамичните социјални интеракции е важна област за идните истражувања. Ние треба да запаметиме дека социјалната динамика влијае не само врз образовните и работните средини, туку и врз националните и меѓународните политички тела, како што се Американскиот Конгрес или Обединетите Нации. " Слични Статии: |
















