АНКЕТИ
стресот соништа против меморија мисли карактер совети луѓето интелигенција предизвикува врска мозок живот среќа прави љубов влијаат жените успех психологија работа однесување терапија чекори депресија менува емоции вашата мажите нивните меморијата среќата музика стравот влијае сексот депресијата мозокот зошто стрес
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КАКОВ БИЛ СЕКСОТ ПРЕД ТРИ ВЕКА? |
|
|
|
| Петок, 03 Декември 2010 22:32 |
|
Сексот во XVIII век не се разликувал многу од денешниот. Сексуални скандали постоеле и тогаш, а еротската литература се сметала за социјална активност.
Во својата тригодишната докторска дисертација Џени Скип од Универзитетот Лидс го има проучено, евидентирано и категоризирано секој познат еротски текст објавен во Велика Британија во XVIII век: "Сакав да знам колку од нив беа објавени, да ги проучам разните видови на сексуално однесување и да дознаам кој што направил – и кому." Ова се покажа како исклучително богато подрачје за истражување: "Повеќето луѓе имаат слушнато за Фани Хил, но постои огромно количество на еротска литература објавена во XVIII век." И покрај тоа што сите поранешни наоди укажуваа дека овој вид на литература се конзумирал скришум – дома, и зад затворени врати – работата на Скип укажува дека се случувало сосема спротивното. "Тие книги биле читани јавно – насекаде, од Лондонските пивници во сиромашните предградија па се до богатите кафани, кои не биле баш собиралиште за друштвениот крем на начин на кој понекогаш замислуваме," обаснува таа. "Некои текстови дури биле читани од цела група на мажи, кои ги анализирале со прашања и одговори . Притоа, едниот поставувал прашања, а останатите одговарале на нив." Многу од овие дела се понижувачки за женскиот пол. Тие се подредени, куртизани, проститутки, преносители на венерични болести и мајки на деформирани деца. "Кога мажите пишувале вакви текстови, или ги читале, тоа им давало за право да го потенцираат својот авторитет врз жените," додава Скип. Сепак некои текстови ги прикажуваат жените на поинаков начин. Во нив се дискутира природата на женската сексуалност или се опишуваат блудните аристократки.
Една група која е предоминантна во овој вид литература се Либертинците – чиј хедонистички и боемски стил на живеење бил отелотворување на покорувањето и доминацијата врз женскиот пол. Ваквиот вид на литературата ги охрабруваше мажите во нивната доминација, пренесувајќи ги репресивните ставови на Либертинците во сите класни структури на општеството. Анализата на Скип покажа дека голем број од овие дела биле ефтини и широко достапни. Иако голем број на луѓе од посиромашните слоеви биле сметани за неписмени бидејќи не знаеле да се потпишат, тие можеле да читаат: "Многу повеќе луѓе знаеле да читаат отколку да пишуваат," изјави таа. "Во Лондон, на пример, веруваме дека 70% од мажите можеле да читаат." Делата варираат од книги па се до еднострани памфлети. "Цената и содржината на овој материјал укажува дека тој бил достапен на трговците, квалификуваните и полуквалификувани луѓе, па дури и на обичните работници," тврди Скип. Достапноста овозможила сексуалните ставови пропагирани во нив да продрат се до најниските општествени слоеви.
Др. Сајмон Бароуз од Историското Училиште на Универзитетот, и еден од менторите на Скип, ја опиша студијата како "пионерско дело." Тој изјави: "Џени покажа дека еротските текстови се нешто многу повеќе од сексуална фантазија. Тие можат да ни пружат оригинален увид во културните ставови, сексуалните норми и социјалните обичаи." Скип го оишува литературниот квалитет на еротската литература од XVIII век (кој не може да се најде денес во модерната литература или порнографијата). "Таа многу се разликува од денешната еротика," вели Скип. "Похумористична е, постручно напишана и повеќе се осврнува на политичките и животни околности на времето." Нејзините метафори ги отсликуваат страстите на таа ера: "Во време кога воената моќ била поистоветувана со машкоста, воениот поход често се користи како метафора за секс – во фрази како "го извлече оружјето", "ја нападна тврдината" и "испука од топот"." До 1770-тите, транскриптите од судењата за прељуба ја заскокоткаа имагинацијата на луѓето. За да разводот биде успешен, мажот морал прво да го тужи противникот за "упад врз неговата сопственост", пред да поднесе молба до Парламентот за поништување на бракот. "Постои нешто навистина воајерско во овие судења," изјави Скип. "Често слугите би пружале докази а газдите на крчмите би сведочеле како љубовниците заедно изнајмиле соба."
"Заинтересираноста за овој вид материјал покажува дека читателите биле заинтересирани за трачеви од високото општество а воедно биле фасцинирани од "валканите алишта" и растурањето на браковите - исто како што денешните читатели ги прелистуваат таблоидите барајќи некој сочен скандал." "Создавањето на еротика беше често стимулирано преку интригите од животот на познатите јавни личности – аристократијата, политичарите, писателите, драмските писатели и актерките, а повремено и монархијата. Сопругите и љубовниците беа славени и исмејувани во еротските текстови. Скип вели: "Читателите од XVIII век биле исто така фасцинирани со јавните личности како што сме ние денес – особено кога истите имале многу скриени тајни!"
Слични Статии: |












