АНКЕТИ
однесување живот чекори среќа емоции предизвикува соништа меморијата љубов успех депресија нивните врска против влијаат меморија интелигенција жените работа влијае мозок стравот среќата сексот прави луѓето музика мисли менува вашата стрес совети карактер психологија стресот мажите зошто мозокот депресијата терапија
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЕДИП И ЕЛЕКТРА |
|
|
|
| Среда, 09 Март 2011 01:00 |
|
Што е Едипов, а што Електрин комплекс?
Дефиницијата за Едипов комплекс гласи “Едипов комплекс е комплекс кај мажите; желба за сексуално поседување на мајката и исклучување на таткото; се смета дека е извор на пореметувања на личноста доколку не се реши.” Според грчата митологија Едип станал крал на Теба откако го убил својот татко Лај. Тој бил толку сексуално опседнат и посесивен кон неговата мајка, кралицата Јокаста, што го убил својот татко за да ја елиминира машката конкуренција. Неговата мајка во историјата е претставена како “Сфингата”, жена со човечка глава и гради и тело на мачка. Древното пророштво според кое тој ќе го убие својот татко и ќе се ожени со својата мајка се остварува. Основата на оваа древна митологија подоцна ја искористи Сигмунд Фројд додека ја спроведуваше психоанализата на машки и женски пациенти кои беа сексуално привлечени од страна на нивните родители од спротивен пол. Ова однесување тој го нарече Едипов комплекс кај мажите кои беа силно поврзано и желни за своите мајки.
Што е Едипов комплекс? Едиповиот комплекс е дел од психологијата и сексуалните тенденции на луѓето кон своите родители. Тоа е психолошка теорија, според која се верува дека овие сексуално насилни чувства се воглавно потсвесни и вообичаено не се прикажуваат активно од страна на синот. Овие симптоми започнуваат за време на либидниот период на машкото дете и фазите на развој на неговото его, кој се смета дека започнува на 3-5 годишна возраст. Тие покажуваат знаци на недостиг на доверба кога се наоѓаат во пристуство на непознати. Овие симптоми “фиксирани за мајката” се смета дека произлегуваат од основните сексуални стравови на мажите, како што е “стравот од кастрација” - страв од губење на половиот орган или машкоста. Ова значи дека детето се чувствува загрозено од сексуалниот авторитет на таткото врз мајката. Бидејќи мајката е објектот на неговата желба, синот чувствува потреба да го отстрани или физички да му наштети на таткото. Таткото го губи статусот на родител и станува непријател, машки конкурент.
Потреба за непосредна терапија Доколку не се решат или третираат навреме. проблемите на Едиповиот комплекс може да преминат во неизлечлива психичка болест, која може да се јави како потиснати тенденции кои може да доведат до тоа момчето да стане сексуален престапник. Се смета дека тенденциите за силување, злоставување или сексуално повредување на возрасните како и малолетните деца (педофилија) се во врска со Едиповиот комплекс. Иако тоа не е секогаш единствената причина, бидејќи е откриено е дека некои сексуално насилни лица биле злоставувани како деца и поради тоа ги злоставуваат другите.Психоанализата на примерите за Едиповиот комплекс прикажува висок степена на љубомора спрема таткото. Детето може да се обиде да создаде недоразбирања помеѓу родителите преку лажење или други методи. Ова го прави за да ја натера мајката да не му верува на сопругот. Детето ќе се однесува грубо и ќе му се заканува на таткото, додека кон мајката ќе покажува љубов и грижа. Понекогаш детето може да се обиде дури и физички да му наштети и да го повреди таткото.
Електра комплекс Според дефиницијата за Електра комплекс е “женски комплекс; сексуална привлечност кон таткото.” Електра комплексот е Едиповиот комплекс за девојките. Овој комплекс прави ќерката да прикажува тенденции на “завист за пенис” - при што таа е сексуално привлечена од својот татко и посакува да ја добие неговата љубов. Овие девојки покажуваат знаци на недостаток на самоконтрола кога се чувствуваат одбиени и иницираат сексуална интеракција и активност со други мажи од многу рана возраст што е и нездраво и опасно. Тие може и повремено да бидат насилни и да ги загрозат животите на другите луѓе. Во оваа фаза треба особено да се внимава на нив и често е потребно да бидат згрижени во центар за психички заболувања. Овој феномен на Електра комплексот често се однесува и на машките кои страдаат од Едиповиот комплекс. Ќерката ја гледа својата мајка како конкурент и посакува да ја елимира или физички да и наштети на секој можен начин. Овие жени се сексуално насилни, промискуитетни, имаат незаштитен секс а неретко и ги злоставуваат машките деца.
Индивидуите кои страдаат од овој комплекс често поминуваат низ депресија, бидејќи имаат тенденција често да ги поттиснуваат своите чувства многу години, а тоа им предизвикува социјална изолација. Понекогаш, овие симптоми се намалуваат или исчезнуваат сами по себе кога лицата ќе созреат и стакнат потреба за поинтензивна интеракција со други мажи и жени. Се ослободуваат од постојаната потреба за поседување на нивните родители на нездрав начин. Често се склони да бидат привлечени кон жени или мажи кои се слични или сексуално ги потсетуваат на нивните родители, така што многумина завршуваат во врска со луѓе кои имаат слични карактеристики, фацијална структура или однесување како и нивните претходни објекти на желба. Постои и непосакувана реакција кај некои бидејќи може да се појави сексуален фетишизам. Објектот на желба од родителот може да се пренесе на други луѓе или дури на неживи предмети кои некогаш му припаѓале на родителот. Исто така, ова покажува голем недостаток на самодоверба бидејќи тие стануваат асоцијални и не влегуваат во интеракција со други луѓе на здрав и балансиран начин.
Како да се справите со пациентите со Едипов комплекс Единствениот здрав начин за третирање на Едиповиот комплекс е да им се овозможи на овие деца приод до психотерапија и независност од нивниот дотичен предмет на желбата. Ова мора да се направи на таков начин што детето нема да се почувствува запоставено бидејќи е зло или болно. Врската на грижа и љубов мора да се одржи и двата родители мора да ја изразуваат својата грижа подеднакво и на контролиран начин. Ова помага за отстранување на нивната опсесивна компулсија за сексуално поседување на родителите, а помага и за зголемување на взаемното почитување и разбирање помеѓу родителите и детето. Примањето на психолошка терапија во комбинација со медикаменти помага во контролирањето на овие тенденции. Родителите и детето дискутирајќи за своите проблеми со психолози можат да изнајдат решение за проблемот. Едиповиот комплекс и Електра комплексот се психички пореметувања кои често исчезнуваат кога индивидуата сфаќа дека неговото или нејзиното однесување и чувства се косат со социјално прифатливиот морал и однесување. Тие самите се воздржуваат и се контролираат. Затоа, доколку овие индивидуи покажат знаци на отпор и сакаат да останат настрана, родителите мора да им го дозволат тоа.
Слични Статии: |














