RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Што го поттикнува агресивното и насилно однесување кај децата?
 
 
 
 
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

ПСИХА МУАБЕТ


Последна Порака: 22 часови, 42 минути изминато
  • Oppotozek : ygfkj
  • meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист Smile))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\"
  • TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
  • Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other Smile
  • Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
  • floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other Smile
  • Gorgievska : ve molam odgovorot
  • nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
  • Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate Smile
  • guest_8667 : zdr
Види архива

Смајли?
Very HappySmileWinkSadSurprisedShockedConfusedCoolLaughingMadRazzEmbarrassedCrying or Very SadEvil or Very MadTwisted EvilRolling EyesExclamationQuestionIdeaArrowNeutralMr. GreenGeekUber Geek

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ИНТЕРКУЛТУРНА ПСИХОЛОГИЈА
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК СУДБОНОСЕН
Понеделник, 25 Јули 2011
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
КОЛКУ ТАЖНА Е ДЕПРЕСИЈАТА?
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ТОПОЛ ПИЈАЛОК ЗА ДОВЕРБА
Среда, 15 Декември 2010
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО ПАТОТ ДО СРЕЌАТА
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
МММ, ПОМФРИТ...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Слика
ЗАКОН НА ПРИВЛЕЧНОСТА
Среда, 13 Април 2011

Единствените нормални луѓе се оние кои што не сте ги запознале добро.

Алфред Адлер


СКОПЈЕ
Tue, 22 May 2012 7:29 am CEST
Mostly Cloudy
16°C
До: 21°C
Од: 7°C
Изгрев  5:06 am
Залез 7:53 pm
Ветер: 11.27 kmh
Влажност: 82 %
Видливост: 9.99 km
Притисок: 982.05 mb
Стабилен
 
Tommorow
 23 May 2012
Mostly Sunny
 
22°C / 12°C

ТАЈНА НА ЖЕНСКАТА ПРИВЛЕЧНОСТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5201 пати
Сабота, 12 Март 2011 01:00

Жените кои овулираат се сметаат за попривлечни од страна на мажите, дури и кога не се дотерани.

маж и жена на улица

Една дваесет и едногодишна девојка беше внимателно истренирана да не флертува со никој што ќе влезе во нејзината лабораторија во текот на неколку месеци. Нејзината реакција се базирала на контакт со очите и минимален разговор. Не користела шминка и парфем, косата ја носела во реп и секогаш носела фармерки и маичка.

Сите млади мажи мислеле дека е нивна колешка од државниот Универзитет во Флорида која учествувала во експеримент што главно ја опфаќал неа и мажите што работеле на сложувалка од лего коцки. Меѓутоа, вистинскиот експеримент дошол подоцна, кога секој маж ја оценувал нејзината привлечност. Претходните истражувања покажале дека жената во нејзината плодна фаза од менструалниот циклус била попривлечна, и истиот ефект се испитувал токму тука – но само кога оваа жена била оценета од маж кој не бил во врска со друга жена.

флерт

Останатите мажи, тие што биле во врска, ја оцениле како особено помалку привлечна кога била во најплодните денови, можеби затоа што тогаш тие почувствувале дека во тој период претставувала најголема закана за нивната сериозна врска. За да одбегнат опасност, веројатно си се убедувале себеси дека не била многу привлечна.

Овој експеримент е дел од новиот тренд на еволутивната психологија со која се анализира “одржувањето на врската”. Претходните истражувања покажаа како еволуцијата ни предодредила да наоѓаме партнери: како мажите и жените ги бираат партнерите поради симетријата на лицето, формата на телото, социјалниот статус и средствата.

Меѓутоа, играта на еволутивно парење не била поврзана само со барање на симетрично лице во еден бар со слободни луѓе. Природната селекција игра на картата на оние кои останале доволно заедно за да огледуваат деца: мажите и жените кои можат да ја одржат врската и ги прават среќни нивните родители. Тие имале најголеми придобивки поради тоа што останале верни или барем поради способноста да изгледаат дека се верни а притоа дискретно да изневеруваат.

маж гледа жена

Можеби некои од мажите во Флорида само се обидувале да делуваат дека се верни со што ја намалувале привлечноста на девојката, исто како што сопругот ги игнорира жените кои неговата сопруга ќе ги посочи (Манекенката од Victoria’s Secret? Бљак, па таа е костур со силикони). Меѓутоа, Џон Менер, коавтор на истражувањето, вели дека ова не е многу релевантно бидејќи мажите ги пополнувале одговорите во приватност и очекувале дека резултатите ќе бидат анализирани само од истражувачите.

„Веројатно мажите навистина сакаат да се оттргнат од било какви искушенија што ги почувствувале за жената во нејзините овулативни денови,“ – вели доктор Менер, кој работел заедно со Саул Милер, психолог од Флорида. Тие се обидувале да се убедат себеси дека таа била непривлечна. Мислам дека некои мажи дури и почнале да веруваат во тоа што го рекле. Некои можеби ја почувствувале опасноста од нивната забранета желба, меѓутиа со тоа што изговориле дека не им е атрактивна, си помогнале себеси да го задушат нагонот.

Тешко е да се поверува дека мажите можат да одредат дека жената е во нејзините плодни денови само преку седење до неа неколку минути. Научниците долго време претпоставувале дека овулацијата кај луѓето може да се сокрие.

Меѓутоа, последните истражувања забележале големи промени во однесувањето кај жените кои биле во најплодните денови. Жените што играат стомачен танц земаат поголем бакшиш (освен ако не земаат апчиња за контрацепција за да ја намалат овулацијата, а во ваков случај бакшишот е пак помал). Исто така, кај жените се покачува тонот на нивниот глас. Мажите го оценуваат нивниот мирис како попривлечен и притоа лачат повисоко ниво на тестостерон.

поглед

„Фасцинантниот податок за ова е дека се се случува несвесно,“ – вели Марти Хаселтон, психолог од Универзитетот во Калифорнија. „Овулацијата им влијае и на мажите и на жените, меѓутоа не знаеме дека таа ги прави овие основни промени во нашето однесување. По се изгледа дека и не сме толку различни од животните.“

Кога се во најплодните денови, жените имаат желба да излегуваат и да танцуваат, а и се облекуваат попривлечно (ова било забележано и од мажите и од жените). Кај некои жени се менува и нивниот однос кон родителите, покажува истражувањето на доктор Хаселтон, Кристина Ларсон и Стивен Генгстед од Универзитетот во Мексико.

„Жените во сериозна врска со мажи кои не се многу привлечни, почнуваат да се загледуваат во други мажи и да флертуваат“ – вели доктор Хаселтон. „Тие почнуваат да ги критикуваат нивните партнери и не се чувствуваат баш “како едно” со нив во оние неколку денови пред овулација. Меѓутоа, тоа не значи дека сакаат да ги напуштат партнерите.“

„Овие жени не го менуваат нивното чувство кога станува збор за врската,“ – вели доктор Хаселтон. „Тие не сакаат да ги напуштат партнерите. Сакаат само да разгледаат наоколу во другите мажи и да ги земат во предвид како можни партнери за секс.“

Ова го потврдува еволутивното објаснување за “добрите гени” на изневерувањето: краток флерт со некој згоден тип може да направи дете со подобри гени кое ќе има поголеми шанси да ги наследи гените од мајката. Меѓутоа, овој вид на неверност е ризичен за жените кој имаат партнер кој не им е привлечен подолго време и ја открил нејзината игра и ја остава сама да го одгледува детето. Па затоа, на неа и изгледа логично да го намали ризикот и да биде “неверна” само во периодот кога е плодна.

неверство

Според истата еволутивна логика, има смисла и загриженоста на партнерот за жената кога таа е во плоден период, и токму таков е случајот со врската на д-р Хаселтон и д-р Гангештад. Непривлечниот маж станал многу љубоморен и се занимавал со поинтензивно “набљудување на партнерката” за време на нејзините плодни денови – можеби затоа што почувствувале промена во нејзинниот физичкиот изглед или пак сфатиле дека жената почнала да флертува.

Најбезбеден начин за мажот и жената да останат во врска е да избегнуваат да гледаат во можните партнери, и се чини дека постојат суптилни ментални механизми за да се спречи окото да лута на сите страни, откри експериментот на доктор Манер и неговите колеги.

На мажите и жените кои биле дел од експериментот им биле нафрлани зборови како “страст” или ”бакнеж”, а потоа им биле прикажани и неколку фотографии. Мажите и жените кои не биле во врска не можеле да престанат да гледаат во фотографиите на кои имало луѓе од спротивен пол кои биле многу згодни – нивните погледи останувале на сликите иако веќе требало да се префрлат на нова слика која била прикажана на друг дел од екранот.

Лицата кои биле во врска реагирале различно. Тие побрзо го тргале погледот од фотографиите. Зборовите што ги слушале несвесно го активирале нивниот заштитниот механизам: Не ме искушувај! Ништо не гледам! Ништо не гледам!

привлечност

Ова се добри вести за фановите на верноста, меѓутоа има уште еден мал експеримент. Тука, истражувачите направиле на испитаниците да им биде тешко да ја видат јасно фотографијата со привлечните луѓе. И мажите и жените повеќе се труделе да погледнат во забранетото овошје. Потоа, покажале помала заинтересираност за сопствените партнери и поголема склоност кон неверство.

Лекцијата што ја научивме е дека премногу “набљудување на партнерот” може да го наруши “одржувањето на врската.”

„Не сакаме нашите партнери да гледаат во други луѓе бидејќи тоа може да е штетно за врската,“ – вели д-р Менер. „Но, да им забраниме да гледаат е исто така штетно, а може да има и полоши последици.“ Оставени сами на себе, свесно или не, можеби ќе успеат сами да се оттргнат и да се контролираат.

флертување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
article thumbnailПСИХАСЕКСНА СЕКСИ СЛИКИТЕ ЖЕНИТЕ ГИ ДОЖИВУВАМЕ КАКО ОБЈЕКТИ

Реклами за пиво, билборди со парфеми, постери за филмови: каде и да се свртите, телата на жени во сексуално про  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКССЕКСУАЛНА ЗАВИСНОСТ

Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку клинички третман за својата зависност од секс. Но, што знач  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКСЌОТЕКОТ ОД РАЈОТ, ВИБРАТОРОТ ОД ОРДИНАЦИЈА

Мислите дека вибраторот го измислиле во порнографската индустрија? Сте се излагале. Ова е вистинската приказ  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКСДАЛИ САКАТЕ ВАНИЛА СЕКС?

Но, што е ванила секс? Ако помисливте дека се работи за секс со употреба на шлаг пена со вкус на ванила, се изла  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКССЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТО

Дали имате вистинско, длабоко разбирање на смислата на сексот?


article thumbnailПСИХАСЕКСБИСЕКСУАЛКИТЕ ПОАГРЕСИВНИ ОД БИСЕКСУАЛЦИТЕ

Едно ново истражување покажува дека жените бисексуалки пијат повеќе алкохол отколку мажите бисексуалци. Ист  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКСПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"

Зошто мажите се толку многу фасцинирани од аналниот секс?


article thumbnailПСИХАСЕКСПРВИОТ СЕКС ГО МЕНУВА МОЗОКОТ

Губењето на невиноста навистина може да биде клучен фактор за промена во животот. Сексуалниот однос е поврза  ... 


article thumbnailПСИХАСЕКСЗОШТО ЗА ЖЕНИТЕ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ Е ПОСЛАТКО

Зошто за девојките попривлечни се зафатените мажи?


article thumbnailПСИХАСЕКСШТО НЕ ПРАВИ НАЈСРЕЌНИ?

Најновото истражување покажало што најмногу не усреќува, а што ни носи најмногу незадоволство...


article thumbnailПСИХАСЕКССЕКС ОД МАЛИ НОЗЕ ВО СИРОМАШНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Бренда Ломан, мајка и коавторка на истражувањето, вели дека кај 1 000 семејства со ниски примања, едно од четири   ... 


article thumbnailПСИХАСЕКСМОМЦИ, АКО САКАТЕ СЕКС, ПРЕСТАНЕТЕ ДА РЧИТЕ

“Смејте се и целиот све ќе се смее со вас,” рече еднаш британскиот новелист Ентони Бурџис. “Рчете и ќе спиете  ... 


Останати Статии
Psihagon Ltd.

Copyright © 2011 Psihagon Ltd. All rights reserved.