АНКЕТИ
меморија однесување стрес влијае емоции врска совети мозокот интелигенција успех менува луѓето сексот љубов прави мисли работа психологија депресија нивните против среќата влијаат вашата чекори меморијата живот мозок среќа стресот терапија карактер соништа депресијата мажите жените музика стравот предизвикува зошто
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ |
|
|
|
| Понеделник, 21 Март 2011 11:39 |
|
Циклусот кај жените не само што влијае врз нивниот избор на партнер, туку влијае и на нивниот карактер.
Влезете во било кое кафуле и нема да во треба многу време за да ја забележите. Таа е жената што најубаво се смее, носи најпривлечна облека и како магнет ги влече мажите кон неа. Ако просторијата е сончев систем, таа е сонцето, и од страна се гледаат останатите жени кои седат мирно засенети од неа. Зошто оваа жена го привлекува целото внимание? Психолози, експерти и брачни советници предлагаат неколку објаснувања: Тоа е поради нејзината екстровертна природа, нејзиниот повикувачки изглед и отвореноста за дружење. Меѓутоа, еден биолог би дал друго објаснување за ова: Тоа е поради нејзиниот “вистински” период во месецот. Веројатно убавицата во кафулето е во нејзините најплодни денови, а сите останати жени се влечкаат во неплодната фаза.
Во минатото, ваквото објаснување би се сметало за интелектуална ерес. Се разбира, биолозите можат да одредат кога е периодот за парење кај шимпанзото: еднаш на секои 28 дена, половите органи на женките потекуваат и добиваат поинаква нијанса на розева боја. Се веруваше дека секој женски цицач на светот, го “рекламира” периодот на плодност. Сите, освен луѓето. Се смета дека жените го изгубиле ова чувство, меѓутоа, се чини дека тоа не е вистина, вели Рендѕ Торнхил, професор по биологија на Универзитетот во Њу Мексико. Во изминатата деценија, биолозите и психолозите откриле бројни докази дека и жените даваат знаци дека се во периодот на овулација кога јајце клетка се ослободува и е спремна за оплодување. Иако овие знаци се многу посуптилни отколку кај другите видови, тие имаат голема моќ врз перцепцијата на жената и нејзиното однесување – и реакцијата на другите кон неа. Овие месечни промени ги менуваат и чувствата на мажите спрема ваквите жени. Всушност, невидливите но силните влијанија го одредуваат однесувањето на сите нас. „Човечката овулација не е набљудувачки процес, и мажите и жените не се свесни дека се случува,“ – вели Марти Хаселтон, професор по комуникација и психологија. „Но, влијанијата на менструалниот циклус врз човечкото однесување се неверојатно моќни.“
Да го земеме примерот за женскиот избор на машки партнери. Веројатно мислиме дека жените сакаат еден тип на маж – но жените имаат различен вкус за мажите зависно од тоа дали се плодни или не. Во двата дена додека жените се во овулативната фаза – периодот кога најлесно можат да забременат – жените преферираат мускулести мажи. Тука се мисли на спортските типови на мажи со тело во форма на буквата V, квадратно лице, исправени и дебели веѓи и тенки усни,тип со длабок глас кој покажува агресивно и доминантно однесување. Додека жената е во фоликуларната или лутеалната фаза, кога генерално не може да забремени, тогаш преферира мажи со понежни црти, не толку мускулести тела, со нежни манири и повисок глас. Овие преференци се толку изразени што Торнхил и неговите колеги сметаат дека жената има две сексуалности: една кога се во овулативна фаза, а друга во остатокот од месецот. Се смета дека овие појави се резултат на конкурентските репродуктивни цели кај жените: „Жените ги сакаат најквалитетните гени за своите деца,“ – вели Торнхил, „А генетскиот квалитет кај мажите се мери преку степенот на тестостеронизација – нивото на кое машкиот хормон тестостерон извршил влијание врз неговиот мозок, лице и остаток од телото.“
Кога ќе помине фазата на овулација, жената се враќа на љубезните и стабилни мажи кои ќе и помогнат неа и на нејзиното дете. Во таа фаза, фините момци се пак на прво место. „Во оваа фаза жените бараат кај мажите волја за делење храна и заштита со неа и нејзините деца,“ – вели Торнхил. Влијанието на менструалниот циклус кај жените не е очигледно само при нивниот избор на мажи туку и при нивното однесување. Жените во овулативна фаза имаат поголем интерес за еротски материјали отколку останатите, при изборот на филмови, тие ги бираат оние со поромантични и сексуални теми. Повеќе обрнуваа внимание на изгледот, и носат поразголена облека. Во 2004 година, група истражувачи од Универзитетот во Виена дигитално ги анализирале сликите од 351 жена во ноќен бар и собрале примероци од плунката од секоја од нив. Жените кои носеле потесна облека или биле поразголени имале повисоки нивоа на естрадиол, женскиот хормон кој се повишува во овулативната фаза.
Слични Статии: |












