АНКЕТИ
музика среќа однесување успех живот мажите интелигенција работа стресот карактер прави сексот предизвикува врска стрес меморија луѓето стравот менува депресијата против нивните мисли меморијата среќата емоции депресија совети зошто терапија влијаат психологија чекори жените влијае соништа љубов вашата мозокот мозок
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ |
|
|
|
| Понеделник, 28 Март 2011 00:00 |
|
Мислите дека "меркањето" на вашата колешка е безопасно? Истражувачите од Универзитетот на Небраска-Линколн и Пен Стејт Универзитетот го побиваат ова.
“Постојат бројни анегдотски докази дека меркањето на девојките има негативни ефекти,” вели Сара Жервајс, асистент професор по психологија на УНЛ и водечки автор на студијата, “но, досега не биле спроведени емпириски студии кои го докажуваат тоа.” Засега, тоа произлегува од интересното истражување од Жервајс и нејзиниот тим. Студијата е далеку од типична: започнува со извадок од “Pretty Woman” на Рој Орбисон и завршува со заклучок дека да се биде “меркана” е штетно за жените. Но, нејзината тема е исто важна. Поранешните студии откирија дека, во просек, жените доживуваат суптилни форми на сексуална објективизација еднаш или двапати во седмицата, која според истражувачите може да водат до преокупација со телото и неспособност за потполно уживање во активностите. Во студијата на Жервајс, објавена во Psychology of Women Quartelrly, група на дипломци од Пен Стејт - 67 жени и 83 мажи - се собраа за нешто што сметаа дека ќе биде истражување за тимската работа. Како што се испостави, тие беа дел од првата студија која истражуваше како “објективизирачкиот поглед” (понежен јазик за “меркање”) влијаеше врз машката и женската когниција Се беше поставено како интервју. Помошник во истражувањето интервјуираше дипломец од спротивен пол. Доколку интервјуираниот беше член на контролната група, помошникот во истражувањето одржуваше нормален контакт со очите за време на разговорот. Сепак, за тестовната група интервјуерот го “меркаше” интервјуираниот неколку пати (со еден “целосен поглед” и неколку кратки погледи во неговите или нејзините гради). За ова да изгледа научно, а не перверзно, “зјапачите” поминаа 30-часовна обука за да го добијат вистинскиот поглед и тајминг правилно. По интервјуто, на учесниците им беа дадени 10 минути да завршат низа на математички проблеми.
Набљудуваните жени има лоша перформанса на тестот Резултатите? Во просек, жените кои не беа измеркани имаа 6 точни одговори на 12 прашања, додека оние кои беа во просек имаа нешто од пет точни одговори. Разликата од едно прашање е статистчки значајна, што ги доведе истражувачите до заклучок дека тоа што беа објективизирани им попречи во концентрацијата на набљудуваните жени. Иако минатите студии покажаа дека мажите се се повеќе самосвесни за нивните гради, тоа што беа измеркани наизглед немаше ефект на мажите бидејќи резултатите од контролната и тестовната група беа повеќе или помалку исти. Според студијата, можеби виновно е нешто што се нарекува “стереотипна закана”, барем делумно, за послабата изведба на објективизираните жени. Бидејќи за жените постои стереотип дека се лоши во математика, жените во студијата можеби беа поанксиозни околу потврдувањето на тој стереотип и, контрапродуктивно, губеа концентрација и го потврдуваа. Не е изненадувачки сознанието дека да се биде набљудуван ја нарушува концентрацијата, вели Томи-Ан Робертс, професор по психологија на Колорадо колеџот кој ја истражува објективизацијата. Студијата на Робертс од 1997 година откри дека женската само-објективизација влијае негативно врз математичките скорови. Во неговата студија, жените беа или замолени да облечат костим за капење или џемпер во импровизирана соблекувална. Потоа, беа замолени да пополнат математички тест, меѓу останатите задачи. Жните кои пробаа костим беа полоши на тестот по математика. Истражувачите заклучија дека облекувањето на костимот за капење им овозможи на жените да мислат за себе како објект, што ги црпеше психичките ресурси и доведе до полоша перформанса на тестот.
Робертс откри дека студијата на Жервајс особено интересна, но не бидејќи беа полоши на математичкиот тест“. Она од што бев вистина фасциниран беше второто откритие, според кое жените кои добија објективизирачки поглед” сакаа повеќе меѓусебно да дејствуваат (со објективизирачот), вели Робертс. “Во нашата земја, сексизмот има тенденција да биде многу суптилен, добронамерен и комплиментарен, но доколку нечиј коментар за вашето тело е таканаречено комплиментарен, а вие саката да ја продолжите интеракцијата со таа личност бидејќи ви даде комплимент, можеби се изложувате себеси на поотворени форми на сексизам.” Студијата овозможи неколку можни објаснувања зошто објективизираните учесници изјавија желба да поминат повеќе време со нивниот интервјуер: Можеби се работи за уживање во ласкањето. Или, според истражувачите, можеби го интерпретираа објективизирачкиот поглед како знак за привлечност и сакаат да го возвратат. Или, можеби најконтраинтуитивно, жените можеби сакаа да поминат повеќе време со личноста која ги објективизираше за да им покажат дека не се само секс објекти. Суптилната објективизација е сеуште проблематична Без оглед на женската мотивација, Жервајс вели дека студијата покажува дека суптилната објективизација може да биде проблем. “Не сметам дека се работи за нешто свесно од луѓето кои го прават тоа или пак се објективизирани,” вели Жервајс. “Но, сметам дека е на некој начин повознемирувачки. Ако можете да го идентификувате, ќе биде многу полесно да се борите против него.” Баш суптилноста на објективизирачкиот поглед ги води жените во образовни институции каде се вклучени и мажи и жени, за кои ваквиот поглед не е невообичаен, запрашувајќи се - дали може навистина да влијае врз мојата работни или училишни перформанса?
“Веројатно никогаш не сум помислила за тоа негативно,” вели Емили Јукер, 21 годишна студентка на УНЛ. “Но, претпоставувам дека можам да сфатам како тоа (меркањето) може да биде збунувачки во некои ситуации, особено на училиште. Доколку сте привлечени од таа личност, може да размислувате за други работи кои не се поврзани со тестот.” “Сметам дека ако сте меркани ќе загубите малку од концентрацијата,” вели Микел Госард, 21 годишна студентка на УНЛ. “Но, не мислам дека треба да бидете толку опседнати со тоа, така што ќе имате лоши резултати на тестот по математика, барем се надевам дека тоа не се случува.” Додека за сознанието дека жените сакаат да поминат повеќе време со лицата кои ги објективизираа, Јукер вели, “Доколку ве привлекуваат, има смисла фактот дека сакате да поминете повеќе време со нив, ни има и жени кои сакаат само да уживаат во ласкањето и ќе го направат тоа само поради таа причина.” Таа додаде дека само во ретки околности би можела да замисли жена која би барала некој кој ја проверува за да докаже дека таа е повеќе од само секс објект. Госард се согласува. “Можеби потсвесно е да се докаже нешто, не знам, но навистина сметам дека тоа е затоа што сум поласкана или привлечена,” вели таа. “Доколку девојка на колеџ ви вели дека не сака кога ја забележуваат, веројатно ве лаже.”
Слични Статии: |












