АНКЕТИ
мозок емоции среќа депресија влијаат депресијата среќата чекори мисли совети соништа карактер меморија работа луѓето мажите психологија интелигенција терапија вашата стресот успех љубов нивните против музика прави стравот влијае врска однесување мозокот зошто предизвикува живот жените сексот менува меморијата стрес
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ИНТЕРНЕТОТ И НЕВЕРСТВОТО |
|
|
|
| Петок, 02 Септември 2011 15:37 |
|
Едно ново истражување покажува дека трендот на праќање секси пораки од типот на заводливи пораки или разголени фотографии преку интернет е основа за појавата на неверството во Америка.
Секси пораките се здрави, вели социологот Диана Колос Височки, автор на истражувањето. Всушност, вели таа, тие се дел од целата забава во бракот, но исто така укажува дека предизвикуваат неверство кое прати една позната шема. „Луѓето се сретнуваат, потоа си праќаат фотографии, потоа си праќаат разголени фотографии, и на крај се сретнуваат за да видат колку си одговараат," – вели таа. Истражувањето беше направено врз околу 5 200 корисници на интернет страните за состаноци, но тоа не кажува ништо што во целина би важело за сите Американци. Колос Височки смета дека сето тоа е ограничено затоа што вклучува луѓе кои доброволно прифатиле да бидат дел од истражувањето а веќе биле корисници на таа интернет страна.
„Секогаш кога собирате луѓе на интернет, не можете да кажете дека тие се претставници на сите луѓе," – вели Колос Височки, професор по социологија на Универзитетот во Небраска. Како и да е, таа вели дека истражувањето сепак дава основни податоци за тоа зошто луѓето одлучуваат да останат во брак но сепак да изневеруваат. Мотото на веб-страната е „Животот е краток, уживајте". Истата страна има повеќе од 6 милиони корисници. Колос Височки направи анкета за корисниците со 68 прашања. Оние кои одговорија на анкетата беа претежно богати луѓе, повеќето од нив беа во брак (64%) и имаа високо образнование. Повеќе од 6 луѓе на 10 беа мажи.
60% од жените и околу 50% од мажите потврдија дека користат секси пораки и праќаат разголени фотографии од нив преку меил или мобилен телефон. Возраста немаше никаква улога, затоа што 40% од луѓето беа околу 50 години и го правеа тоа. Сепак, овој тренд е најпопуларен меѓу младите луѓе на возраст од 19 до 24 години. Околу три четвртини од луѓето беа од двата пола и изневеруваа иако биле во сериозно врска. Повеќе од 8 на 10 жени и две третини од мажите рекоа дека се сретнуваат со други луѓе после првиот интернет контакт. Ова покажува дека тие свесно бараат афера, и не се таму за флерт. Џефри Т. Парсонс, професор по психологија на Хантер колеџот во Њујорк Сити, вели дека податоците се очекувани. „Луѓето кои користат вакви страници, свесно го прават тоа," – вели тој. „Секако, постојат и оние кои се само љубопитни и сакаат да доживеат малку возбуда од самата помисла дека "не се послушни". Но, страната привлекува луѓе кои се заинтересирани за многу повеќе од сајбер-секс."
Има и случаи каде што и партнерите знаат за целата работа. „Многу од нив ја користат страната заедно со нивните партнери и бараат нова возбуда во нивниот сексуален живот." – вели Колос Височки. Парсонс објаснува дека „постојат возрасни луѓе со врски во кои праќањето секси пораки, сајбер-сексот и реалните сексуални односи со други луѓе се дозволени." И, кој е целокупниот ефект на интернетот врз изневерувањето? Не можете да го обвините интернетот за неверството, вели Колос Височки. „Постојат луѓе кои не користат интернет и сепак изневеруваат."
Сепак, вели таа, интернетот во секој случај ја олеснува потрагата по нови партнери.
Слични Статии: |












