АНКЕТИ
нивните мисли карактер депресијата жените живот терапија работа интелигенција сексот музика чекори зошто успех влијае против стресот прави врска соништа стрес меморија мозок меморијата депресија луѓето љубов предизвикува емоции среќата мажите совети среќа стравот психологија менува влијаат однесување вашата мозокот
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| КОЈА БОЈА ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ? |
|
|
|
| Вторник, 27 Септември 2011 19:18 |
|
Постојат бои кои ги носат жените а се особено привлечни за мажите. Еве како да ги привлечите мажите – ова е една психологија на привлечноста која ќе им помогни на сите сами девојки да пронајдат љубов!
Психологијата на привлечноста не е само во книгите. Оние кои немаат партнер можат правилно да ја искористат за да привлечат маж и да започнат една исполнета љубовна врска. Која боја е најпривлечна за мажите? Црвената. Според пет психолошки експерименти поврзани со бојата, црвената воја е најпривлечна за мажите. Ова истражување покажува дека црвената боја ги прави жените позабележителни поради основните психолошки особини.
Зошто "дамата во црвено" е толку привлечна за мажите? Ова истражување беше направено од страна на двајца психолози од Универзитетот во Рочестер и беше објавено на интернет на страната на Journal of Personality and Social Psychology. Ендру Елиот, професор по психологија и Даниела Ниеста, истражувач и докторант, ги направија првите пет психолошки експерименти и заклучија дека црвената боја ја зголемува привлечноста на жените кај мажите – затоа, мажите за состанок би избрале жена облечена во црвено. „Неодамна психолозите и истражувачите почнаа системски да ја разгледуваат врската меѓу бојата и однесувањето," – вели Елиот. „Има доволно податоци за физиологијата на боите, но многу малку се знае за психологијата на боите. Многу е интересно тоа што една боја може да има толку големо влијание врз однесувањето и сето тоа да се случува потсвесно."
Влијанието на црвената боја Во сите аспекти на психолошкото истражување, жените кои носат црвена боја се означени како "значително попривлечни и сексуално посакувани" од страна на мажите отколку жените кои носат други бои. Жените кои носеле црвена боја имале поголема веројатност да бидат поканети на забава или пак на скапа вечера. Ако сте срамежлива девојка која нема партнер, еве ви го одговорот! Иако е јасен заклучокот дека црвената боја е најпривлечна за мажите, истата не ги зголемува очекувањата на мажите за интелигенцијата, љубезноста и останатите особини. Што значи, жените во црвено се попривлечни, но тоа не ги прави попаметни.
Дали мажите се свесни за оваа "психологија на привлечноста"? Елиот и Ниеста велат дека мажите не се свесни за влијанието што бојата го има врз нив за тоа како ги перцепираат жените. Овие истражувачи исто така велат дека жените се попривлечни во црвена боја поради самите социјални услови а има и длабоки биолошки корени. Претходните истражувања покажуваат дека нечовеколиките машки примати (бабуните и шимпанзата) се исто така привлечени од женките кога црвенеат. Женките зацрвенуваат кога се блиску до фазата на овулација и јасно праќаат порака која вели "дојди поблиску", а мажјаците исто така лесно ја читаат оваа порака.
„Нашето истражување дава една паралела за начинот на кој луѓето и нечовеколиките мајмуни реагираат на црвено," – заклучуваат авторите. „Со тоа, нашите податоци ги потврдуваат претпоставките кои многу жени одамна ги бранеа – мажите се однесуваат како животни кога се споменува сексот. Колку и да сакаат мажите да мислат дека реагираат промислено кога жените се во прашање, по се' изгледа дека до одреден степен, и самите мажи се примитивни животни." Сепак, иако црвената боја на жените им била најпривлечна на мажите, таа не ги прави жените попаметни или пак пољубезни. Односно, жените кои носат црвено може да се навистина привлечни – но не значи дека поради тоа тие се попаметни.
Слични Статии: |













