АНКЕТИ
работа психологија стравот музика мозокот луѓето стрес мажите чекори среќа живот менува интелигенција среќата соништа депресијата меморија емоции карактер влијае нивните прави влијаат мисли зошто терапија љубов жените успех меморијата предизвикува сексот мозок врска совети стресот депресија вашата против однесување
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ПОРНО ЗАВИСНИЦИ |
|
|
|
| Сабота, 08 Октомври 2011 15:48 |
|
За некои возрасни луѓе, порнографијата и филмовите со таква содржина можеби се само минлива љубопитност, извор на сексуална стимулација или пак сериозна зависност.
За возрасните луѓе кои се во сериозна врска, чувањето во тајност на порнографски снимки и практикувањето на сајбер-секс е уште покомплицирано, затоа што влијае и врз двата партнери а може да претставува и закана за нивната врска. Откривање на тајните на партнерот Кога луѓето се "фатени" како гледаат некоја снимка која веднаш ја исклучуваат, јасно е дека гледаат порно снимка, и најчесто на ваквото сознание емоциите се измешани, може дури да се покаже и бес, недоверба и одбивност. - некои партнери мислат „Како можеше ова да ми го направи?" - некои се плашат „Кој е тој странец?"
- некои се плашат да кажат било што па оставаат тишината да зборува. - некои го истураат цел свој бес: „Ако сакаш да ги гледаш тие глупости, значи дека не ме сакаш! Бараш секс на интернет наместо во спалната соба!" - без разлика дали ќе се бунат или нема ништо да речат, тие ја сфаќаат оваа навика како неприкладна Кога ќе се открие тајната Самото непризнавање само ја прави тајната уште покомплицирана, и не изненадува фактот дека повеќето од партнерите на почеток не сакаат да се соочат со помислата дека нивниот партнер е зависен од порнографија, дури кога тоа се случува пред нивните очи. „Зошто чепкаш во мојот компјутер?" „Знаев дека нема да ме сфатиш!" Партнерите кои и покрај овој проблем, ја ценат врската, чувствуваат вина, срам и ниска самодоверба кога ќе се открие тајната. Во секој случај, и двата партнери се наоѓаат во криза.
Што треба да направите ако се најдете во врска каде што се појавува криза затоа што сте откриле дека партнерот гледа порно снимки и практикува сајбер-секс? Се појавува проблем, а партнерите сметаат дека имаат доволно добра врска за да преминат преку проблемот и да ги откријат сопствените тајни во врска со сексот. 1. Зборувајте за да ве слушаат – слушајте додека зборуваат. - Ако вашиот партнер жали за тоа што чува порно снимки – зборувајте со него/неа, но научете и да слушате. - Наместо веднаш да почнете со осудување, бидете љубопитни. - Да мислите дека проблемот се решава со еден разговор е сосема нереално, но започнете од некаде, па продолжете, поставувајте прашања: „Дали и двајцата ја сакаме оваа врска?" „Како се чувствуваме во врската?"„Какви се нашите мислења за порнографијата и сајбер-сексот и како тие влијаат врз нашата врска?"
2. Моќта на разбирањето Информациите често помагаат во состојба на беспомошност и збунетост. Кога ќе почнете да размислувате и да разберете зошто некои луѓе сакаат порно снимки, можеби работите ќе ви се разјаснат па ќе знаете како да се однесувате со партнерот. Треба да знаете дека: Една од причините зошто порнографијата и сајбер-сексот се интересни и често предизвикуваат зависност е самото невропсихолошко влијание – ако некој гледа на тоа како стимулација – тоа се регистрира во мозокот и телото. Проблемот со тајната употреба на порно снимки за стимулација и сексуално возбудување е тоа што не е взаемно искуство – често е замена за интимната врска со партнерот преку еротски слики и ритуали. - Исто како дрогата и алкохолот, порно снимките и сајбер-сексот немаат многу голема врска со сексот и исто така не предизвикуваат олеснување од чувството на вина, осаменост, депресија и пост-трауматични синдроми. После траума, на пример, се користат за пополнување на времето за да го оттргнат вниманието од мислата за тоа дали лицето може да е реално повторно сексуално активно.
- Порно снимките се користат често од мажи повеќе отколку од жени како примарен извор на стимулација. Мажите се повеќе зависни од порно. - За некои, мастурбирањето на порно снимки претставува намалување на анксиозноста. - Жените лесно стануваат зависни од измислени врски или он-лајн поврзувања како привремено олеснување од сопствените проблеми. - Знаци кои покажуваат дека едно лице станало зависно од порнографија и сајбер-секс се следниве:
1. Загубена контрола – и покрај сите ветувања, лицето не може да се оттргне од нив. 2. Негирање на последиците – ако се донесени во прашање врската, работата и здравјето, а лицето упорно продолжува да ги користи. 3. Одземање на цело внимание – како и другите зависности, сексуалната зависност е централна кај овие лица – поради неа страдаат врските со пријателите и семејството, се трошат пари само за нешто ново.
Решение Изработка на план За да се промени нешто во животот на зависникот – мора да постои план. Партнерите треба да се согласат на поставените услови и правила пред да се појави реален проблем. Идеата за изработка на план подразбира заедничка работа за да се покаже дали партнерите можат заедно да работат за проблемот да се реши. На пример,првичниот план може да е практикување на искреност. Партнерот кој "се пали" на секс кога ќе се најде во стресна ситуација мора отворено да зборува за тоа за да се здобие со доверба од страна на другиот партнер, па дури, ако има потреба, да побара професионална помош. Професионална помош Помошта од стручно лице може да е голема поддршка во процесот на опоравување. Кога станува јасно дека партнерот страда од зависност, јасна е и потребата од професионална помош. Постојат програми само за зависникот, или пак и за двајцата партнери.
Слични Статии: |















