АНКЕТИ
психологија мозок меморијата стресот сексот зошто мажите терапија чекори влијае влијаат интелигенција однесување прави мисли стравот жените живот меморија успех соништа вашата стрес среќата мозокот карактер работа луѓето нивните врска депресијата среќа депресија менува совети љубов музика предизвикува против емоции
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ЗОШТО ЗА ЖЕНИТЕ ЗАБРАНЕТОТО ОВОШЈЕ Е ПОСЛАТКО |
|
|
|
| Четврток, 08 Декември 2011 20:41 |
|
Зошто за девојките попривлечни се зафатените мажи?
Ако сте машко и ако сте забележале дека токму во моментот кога ќе „фатите“ женска, почнуваат да ве облетуваат други, не сте единствен. Ако сте женско, дали сте забележале дека новото момче на другарката кој до вчера ви се „пуштал“ и сте го одбивале, сега наеднаш ви станува многу привлечен? Енигмата е зошто жените го прават тоа? Зошто забранетото овошје им е послатко? Неодамна порталот AskMen.com објави истражување во кое се објаснети некои од причините за ваквото однесување. Жените сакаат да го имаат тоа што им е забрането Слично како и Ева, која посегнала по забранетото јаболко, така и денешните жени го прават истото со мажите, па и со скоро се друго. Од чевли и чанти до редок накит и облека. Колку е нешто понедостижно, толку повеќе копнеат по него.
Жените сметаат дека зафатените мажи се сигурни Жените без задршка дискутираат со овие мажи за многу работи што зближуваат а во поинаква ситуација не би ги дискутирале. Ги споделуваат сопствените стратегии за заведување и бараат совети како да се подобрат, флертуваат без страв од последици затоа што нели, разговараат со маж кој не е на пазарот. Но, сите знаеме како завршува овој филм. Во еден момент на „просветление“ девојката станува свесна дека се заљубила во оној во кој што не смеела. И тогаш, млекото веќе се истурило.
Убедени се дека зафатените мажи немаат скриени мотиви Тие не се служат со добро познатите финти за ловење жени, како делењето комплименти и пуштање пијачки. Жените им веруваат и го спуштаат гардот затоа што се убедени дека немаат намера да ги искористат, бидејќи нели веќе имаат девојка или жена и со тоа доживеале чудесна пурификација од сите сексуални желби кон други девојки. Слушаат убави работи за зафатените мажи Објаснувањето е многу просто. Слушајќи како другарките или познаничките ги фалат своите партнери, многу жени ги ставаат розовите очила на соговорничката и не можат а да не посакаат некој таков покрај себе. По можност тоа да биде баш тој. Затоа што нели, токму тој е веќе проверена работа.
Жените сакаат сè што е популарно Или поинаку кажано, го сакаат тоа што другите го имаат. Фактот што некој маж и е миленик на некоја жена, за другата значи дека вреди да се помачи за него. А, со самото тоа што веќе е во врска, покажува дека е подготвен да се скраси, дека знае да сака и сл. Маж што е во врска, е посакуван од барем една жена, а тоа значи бил „тестиран и одобрен“ од некој со сличен интерес.
Сакаат кога некој им го крева егото Ако маж ја ризикува својата врска, само за да биде една или повеќе ноќи со друга жена, тогаш за таа другата тоа е знак дека е неверојатно привлечна, Елена од Троја не и е рамна. Една таква инјекција на самодоверба треба да го одржи егото ухрането при долга суша во љубовниот живот. Жените ги перцепираат зафатените мажи како некој кој има посакувани квалитети За подобро да се разбере ова, може да се спореди со паркинг местата пред некој познат ресторан. Оние добрите, или најблиску до влезот, обично први се зафатени и остануваат зафатени речиси до затворањето на ресторанот. Колку сте подалеку од влезот, има се повеќе слободни места а некои остануваат слободни и цела вечер. Накратко, за жените, оние мажи кои се сингл, се сингл со причина. Колку и изненадувачки наопаку да ви изгледа, оние кои се зафатени им се најпосакувани.
Жените сакаат предизвици Жена која што поседува добра комбинација на изглед, топлина и позитивни емоции може да освои сингл момче додека трепнеш. Но, освојувањето зафатен маж и тоа како е предизвик. Особено кога тој изгледа како да е задоволен од врската и не сака да ја прокоцка. Агресивните девојки ова не ги обесхрабрува. Секогаш постои можност тој да не е толку среќен колку што изгледа, што ќе рече неговата девојка да не го задоволува како што треба, и тогаш нели, стапува на сцена „спасителката“. Уживаат кога ќе зафркнат друга жена Има многу такви жени кои едноставно се злобни кон припадничките на истиот пол. Ако во основно им го тегнеле репчето, сега сакаат да им ги „тегнат“ мажите. Некои тоа го прават за да си лечат комплекси а некои го сфаќаат безмалку како спорт, чисто за да видат дали можат да го придобијат, да победат. Притоа не водејќи сметка кој се може емоционално да настрада во целата игра. Всушност, најчесто кај овие жени се случува рационализација - тој е премногу добар за да се влечка со онаква ороспија, нему му треба вистинска жена, а таа жена сум јас.
Зафатените мажи зрачат со самодоверба Погледнете наоколу. Најсамоуверениот маж не е оној кој се труди да привлече внимание по секоја цена или оној кој го части цело друштво пијачка. Оној кој се „поти“ од самодоверба е мажот кој ја ставил раката преку својата девојка која го гледа со заљубени очи и се однесува како да постои за него. Каква поголема потврда е потребна за една жена да заклучи дека тој е успешен, интелигентен и бескрајно шармантен? Ваквата самодоверба е како гравитациона романтична сила која ја повлекува секоја жена во својата орбита. Слични Статии: |













