АНКЕТИ
совети депресијата против нивните меморијата чекори прави сексот врска психологија љубов меморија зошто успех среќа соништа мозок карактер стрес терапија работа музика менува вашата мозокот влијае емоции депресија луѓето среќата мажите мисли жените живот стравот однесување предизвикува стресот интелигенција влијаат
ПСИХА МУАБЕТ
- Oppotozek : ygfkj
-
meksiteks : Полонский !!! согласен что я Олег Михайлович Миронов Москвич 1959гр тупой хомячек, сука и аферист
))фильмы весна 2007 Норман olmira59 - пиздоболка! суд Умный Крайний, Тупой Миронов Игнатий:личное Лига Чемпионов реклама Чубайс Мамы Левичев кино самолет Стас Кучер магазины \"Океан\" - TarBaildNal : ОДНОКЛАССНИКИ ЗНАКОМСТВА
-
Addedyinhadi : Lofty bye, genial alternative other
- Viaccuta : You made some good points there. I did a search on the topic and hardly found any specific details on other sites, but then great to be here, seriously, thanks. ordre Viagra [url=«link» viagra online[/url] in US.
-
floobAssers : Honourable bye, sweet alternative other
- Gorgievska : ve molam odgovorot
- nate.85@hotm : * Загатката: „Еден затвореник се обидува да избега од една кула. Наоѓа јаже во неговата ќелија кое е не е доволно за да стигне безбедно до земјата. Го поделил јажето на пола, ги врзал двата дела и избегал. Како успеал да го направи тоа?“
-
Stoxiawaist : Obedient bye, genial soul mate
- guest_8667 : zdr
СЛУЧАЕН ИЗБОР
| ДАЛИ САКАТЕ ВАНИЛА СЕКС? |
|
|
|
| Среда, 18 Јануари 2012 18:47 |
|
Но, што е ванила секс? Ако помисливте дека се работи за секс со употреба на шлаг пена со вкус на ванила, се излажавте.
Терминот ванила во сексуална конотација означува сексуални односи кои се најконвенционални и социјално прифатливи по својата форма. Во основа се работи за гушкање, бакнување, создавање на емоционална врска и се разбира, мисионерската поза.
Ванила сексот е можеби и најпопуларната форма на сексуален однос, најмногу можеби и заради тоа што совршено се совпаѓа со социјално прифатливите сексуални практики. Едноставно, така треба да биде. Иако во психопатолошката дефиниција за сексот, дозволени се сите практики што две возрасни единки при чиста свест се сложуваат да ги прават, сепак, многу луѓе сметаат дека ванила сексот е единствен тип на „нормален" секс а се друго е патологија. Притоа кај многумина знае да се појави и она незгодно чувство на вина или валканост ако не се вклопувате во „ванила" идејата.
Но, од друга страна, со пенетрација на сексуалните слободи на денешното време и атакот на порнографијата, некои луѓе го имаат пак спротивното чувство на вина, дека ако сакаат ванила секс, не се доволно сексуални и возбудливи. Ако целите да бидете лошо момче или лоша девојка на пример, тогаш ванила поимот сигурно ќе ви дојде како нешто во негативна конотација.
Ајде да бидеме попрецизни околу тоа што е ванила сексот, односно што сакаат оние кои им е омилен. Сакаат чисто тело и чиста долна облека. Не сакаат да бидат валкани во ниедна форма за време на сексот. Избегнуваат употреба на сексуални мириси, сексуални помагала и играчки, перверзни фантазии и игри, плескање, удирање или пак пирсинг. Се разбира, за различни култури и самата дефиниција на ванила сексот е во нијанса различна.
Зошто баш ванила? Така слатко име. Според едни, тоа е заради екстрактот на ванила кој е најпознат како подлога за вкусот на највообичаениот сладолед. Други пак го сметаат како секс на белата раса, кои наводно се – помалку авантуристички настроени, помалку перверзни, промискуитетни, не се толку храбри во експериментирање и не ги познаваат доволно сексуалните практики на другите култури и раси. Но, за второво одамна си постои називот бамби секс.
Ванила сексот за многумина е синоним за водење љубов. Се што е поинакво е можеби валкано, недозволено и тоа е само имање секс или животински израз на нагонот, а не и водење љубов во вистинска смисла на зборот. Впрочем, и кога на холивудските филмови се сака да ни се прикаже некоја романтична љубов преку сексуални сцени, се одбира ванила секс.
Треба да се има на ум дека ванила сексот дефинитивно не е нешто кое буквално секој го сака, напротив. Во денешно време сексуалноста добива на диверзитет и слобода, па многу работи кои во минатото биле недозволени и се третирани како девијантни денес сосема слободно се практикуваат. За многумина ванила сексот е едноставно здодевен, па сакаат да пробаат нешто друго.
Но, каде е границата помеѓу нешто поинакво и самиот секс. Дали на пример, садомазо игрите се сексуални игри или се работи за нешто друго? Воајеризмот и егзибиционизмот? Сексот со сексуални играчки? Уринирањето врз партнер? Групен секс?
Во зависност од личните сексуални искуства некои луѓе едноставно и никогаш не ги научиле основите на ванила сексот, па затоа и го гледаат со потценување и зборуваат со погрдни зборови за него. Оние кои го обожуваат знаат дека може да биде исклучително страсен и експлозивен, и најмалку од се здодевен. Ванила сексот во овој контекст всушност значи секс ослободен од сите пропратни (можеби непотребни) работи. Дури и оние на кои не им е омилен, одвреме навреме сакаат да се навраќаат на стариот добар – ванила секс. Слични Статии: |

















